Македонија
Министерство за финансии во нов објект
Новиот објект на Министерството за финансии “Палата 23 октомври“ ќе биде официјално пуштен во употреба во пеоко вечер од страна на ресорниот Зоран Ставрески.
Станува збор зградата која своевремено започна да ја гради поранешна Југобанка и кој со гоцини беше напуштен. Објектот е целосно реновиран во барокен изглед.
Со доградбата на овој објект е надминат проблемот што се јавуваше поради користењето различни локации во кои беше сместено Министерството за финансии, што го отежнуваше нормалното и ефикасно функционирање.Ваквиот потфат трајно го реши деценискиот проблем од недостиг на просторни услови за работа, а државата со неговата изградба заштеди значителни средства за закупнина на објектите во кои функционираше Министерството, се вели во соопштението.
Распространет на 14.000 метри квадратни распоредени на 11 нивоа, ова е енергетски најефикасниот јавен објект во Македонија и еден од најсовремените во регионот. Вградени се најсовремени материјали за изолација, независен систем на затоплување и ладење со клима комори и стакло со високосоларен коефициент на трансмисија.
Зградата спаѓа во групата СМАРТ згради – насочена кон заштеда на енергија и заштита на околината. Во неа е сместен и современ прес-центар, како и конференциска сала каде ќе се одржуваат конференции, состаноци и дебати меѓу стручни лица за соодветни намени. Изградена е и најсовремена компјутерска систем сала, направена по најстроги стандарди, која ќе овозможи непречено и стабилно функционирање на целокупниот компјутерски систем на оваа институција, а пред сè на Трезорот и Буџетот како витални сектори на Министерството за финансии и на платниот промет во државата./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Битиќи и Деспотовски: Kреираме развој со поддршка на инвестиции на домашни и странски компании
Можностите за инвестиции и поддршка од државата особено за домашните компании, идни мерки како и презентација на примери на македонски компании кои со поддршката од државата градат успешни приказни беше во фокусот на денешната панел дискусија посветена на економијата и инвестициите. Настанот го организираа заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, а на панелот учествува и стопанственици и поранешниот премиер Димитар Ковачевски. Заменик-премиерот Битиќи нагласи дека за првпат домашните компании имаат поголема финансиска поддршка споредено со странските инвеститори, како и дека поддршката во последниве шест години е порасната за речиси 13 пати.
„Со гордост можам да кажам дека нашите напори во поддршка на домашните компании преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции покажуваат конкретни резултати. Прво што направивме е изедначување на условите за финансиска поддршка на домашните со странските компании. Од нула поддржани компании во 2016 година до 919 денес, нашата заложба за економски развој и иновации станува реалност. За шест години, Владата ги има поддржано со околу 100 милиони евра за нивните инвестиции кои се над 500 милиони евра”.
Овој панел на кој учествуваа и стопанственици и експерти, стави акцент на синергијата меѓу Владата и приватниот сектор за стимулирање на економскиот раст. Учесниците имаа ретка шанса не само да се запознаат со најновите трендови во инвестициите, туку и активно да учествуваат во креирањето на стратегија за иднината на македонската економија.
Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски посочи дека само во ТИРЗ во последниве три години се постигнати договори во вредност од една милијарда евра што е еднакво на нивото на инвестиции во ТИРЗ од 2006 до 2020 година.
„Покажавме дека знаеме и дека можеме. Од револуционерни до стратешки инвестиции, одново и одново докажавме дека не само што ја разбираме играта, туку и одлично ја играме постојано, не само на полувреме. Почнавме да играме и во европска и светска лига, со Јагео, Гересхајмер и други, а имаме и многу домашни успешни приказни“.
Сања Лазаревска сопственичка на компанијата Фор Лејди и Филип Арсов, ко-сопственик на Синапс Авиејшн ги споделија своите успеси и предизвици, давајќи увид во реалното влијание на владините политики врз домашните компании. И двајцата посочија дека програмите за поддршка на домашните компании им помогнале во реализација на плановите и развој на компаниите.
Поранешниот премиер Ковачевски истакна дека – „економската стабилност и поддршката на инвестициите секогаш беа на врвот на нашите приоритети, и денес можеме да ги видиме плодовите од тие напори“.
„Владата која ја предводев вложи значителни ресурси во приватниот сектор, што овозможи раст на инвестициите и зголемување на платите, дури и во време на големи предизвици. Поставивме таргет за 500 вера просечна плата, денеска е 650 евра или 290 евра повеќе од времето пред 2017 година. Нашата евроатлантска ориентација донесе највисоко ниво странски директни инвестиции од 754 милиони евра затоа што инвеститорите сакаат стабилен и безбеден амбиент за вложувања. Можностите за развој на компаниите ќе се зголемат уште повеќе со членството на Северна Македонија во ЕУ и затоа е важно да се продолжи европскиот пат. Овој пат носи подобар животен стандард за граѓаните, подобра работа за компаниите, дополнителни фондови за развој на нашата економија. Има уште многу што да се сработи“.
На оваа панел дискусија стопанствениците дадоа свои предлози за идни мерки кои им се потребни на домашните компании, како и конкретните чекори што треба да се преземат за да се осигура одржлива економска иднина за земјата.
Економија
Ангеловска-Бежоска: Зголемувањето на учеството на жените во работната сила може да придонесе за повисок економскиот раст
Зголемувањето на учеството на жените во работната сила ќе овозможи повисок економски раст, којшто целосно ќе ги надомести загубите предизвикани од пандемијата. ММФ проценува дека кај брзорастечките и економиите во развој, БДП може да се зголеми за околу 8% во наредниот период од 5 години, доколку се зголеми стапката на учество на жените во работната сила за 5,9 п.п. Намалувањето на јазот помеѓу учеството на мажите и жените во работната сила е една од значајните реформи коишто носителите на политиките може да ги преземат за зголемување на економскиот раст, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“, во организација на иницијативата Жени во органите на управување Јадран (Women on Board Adria − WOBA).
Гувернерката истакнува дека јазот помеѓу учеството на мажите и жените во работната сила е еднакво широк, како пред триесетина години, така и денеска, како глобално (47% од работоспособното женско население, наспроти 72% мажи), така и кај нас (учеството на жените во работната сила е само околу 43%, а на мажите околу 62%). „Тој се објаснува со несоодветните законски решенија, нееднаквиот пристап до средства, вклучително и финансиски, до услуги (здравствени, образовни услуги, згрижување деца), општествените норми, дискриминаторските ставови и други пречки поради кои жените не можат да го изразат целосно својот економски потенцијал. Доколку се продолжи со постојните политики, не би можело да се очекува поголемо подобрување“, посочи Ангеловска-Бежоска.
Гувернерката истакна дека еден од важните аспекти во однос на родовата еднаквост е зајакнувањето на напорите за застапување за женското претприемаштво. Се оценува дека со зголемувањето на економското учество на жените, особено во микро, малите и средните претпријатија, може да дојде до поттикнување инклузивен раст, имајќи предвид дека овие претпријатија придонесуваат за 74% од вработеноста и 68% во додадената вредност во домашната економија. Таа најави дека наскоро Народната банка ќе склучи меморандум за соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), којшто предвидува спроведување пилот-проект насочен кон поддршка на женското претприемаштво и финансиската вклученост на жените претприемачи. „Со оваа активност, го прошируваме нашето дејствување, покрај веќе воспоставените активности во доменот на финансиската едукација, со кои се унапредува познавањето на сѐ посложените финансиски услуги, во време кога дигиталната трансформација го менува пејзажот на достапните финансиски продукти“, вели гувернерката.
Говорејќи на панел-дискусијата „Жени во управни одбори − силни одбори, силно стопанство, силно општество“, гувернерката посочи и дека Народната банка е добар пример во меѓународни рамки за еднаквата родова застапеност, што се потврдува и со податокот дека две години по ред, од страна на британскиот форум ОМФИФ, Народната банка е рангирана на првото место во светот, помеѓу централните банки, според застапеноста на жените на раководните позиции. „Она што го правиме е всушност, обезбедување подеднаква можност за сите врз основа на образованието, вештините, способноста да се работи во тим, да се биде иновативен, проактивен, креативен“, порача Ангеловска-Бежоска.
На панел-дискусијата на која говореше гувернерката, учествуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашање, Бојан Маричиќ и претседателката на Надзорниот одбор на „Прокредит банка“, Јованка Јолеска-Поповска и директорот на производство на „Џонсон Мети“, Боријан Борозанов.
Економија
Денеска почнува Глобалната недела на парите 2024: „Заштитете ги вашите пари, обезбедете ја вашата иднина“
Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, од денеска до 24 март, дванаесетта година по ред, ја одбележуваат Глобалната недела на парите. Глобалната недела на парите традиционално се одбележува преку предавања и објавување едукативни материјали од областа на финансиите.
Темата на која е посветена годинешната Глобална недела на парите е: „Заштитете ги вашите пари, обезбедете ја вашата иднина“ (Protect your money, secure your future), којашто се однесува на безбедното управување со парите и јакнењето на свеста за потенцијалните ризици во финансискиот сектор и заштитата на личните финансии. Таквите ризици вклучуваат финансиски измами, вклучително и сомнителни пораки (фишинг), измами при купување преку интернет, како и ризици поврзани со приватноста на податоците, како што е кражбата на идентитетот. Најчесто младите се жртви на финансиски измами, поради нивниот постојан допир со технологиите и пониската информираност за можните опасности при користењето на современата технологија и современите начини на плаќања за обезбедување нови финансиски производи и услуги. Оттаму, темата на овогодишната Глобална недела на парите ги поттикнува младите луѓе да гледаат подолгорочно и да бидат претпазливи при носењето финансиски одлуки и користењето на современите технологии.
Во рамките на одбележувањето на Глобалната недела на парите, Народната банка ќе организира повеќе предавања за учениците од основните и средните училишта. Народната банка организациски го поддржува и националниот натпревар на Европскиот квиз на парите 2024 година, којшто ќе се одржи за време на Глобалната недела на парите.
Во меѓународни рамки, Глобалната недела на парите се одбележува од 2012 година, со единствен прекин во 2020 година поради пандемијата, во организација на Организацијата за економската соработка и развој (ОЕЦД). Оваа глобална иницијатива, којашто досега се одбележува во повеќе од 176 земји во светот и со која се опфатени 60 милиони деца и млади, ја подигнува свеста кај младите за финансиската едукација и нивните знаења за парите, штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Повеќе информации за Глобалната недела на парите се достапни на врската: www.globalmoneyweek.org