Македонија
Наградени најуспешните проекти од програмата за самовработување
Во изминатите години со помош на грант за самовработување што го доделува државата се отворени над 7.600 мали бизниси, седумдесет отсто од нив се уште се активни, а најдобрите беа наградени во четврток.
Во изминатите години со помош на грант за самовработување што го доделува државата се отворени над 7.600 мали бизниси, седумдесет отсто од нив се уште се активни, а најдобрите беа наградени во четврток.
Најбрзорастечка микро компанија е „Стара Фурна“ од Прилеп, чиј основач е Влатко Апостоловски, најуспешна жена претприемач Живка Костадиновска основач на „Аронија здрава храна“, најмлад претприемач е Панче Георгиовски основач на компанијата „Брајт Бокс“ и најуспешна компанија регистрирана како занаетчиска е „Студио фешн“ од Струмица, чиј основач е Дана Мицева. Наградени се и 13 најиновативни бизнис планови од програмата за самовработување во 2015 година.„На ваков начин оддаваме признание на претприемништвото и да неколкуте најуспешни примери во Македонија на компании кои преку програмата за самовработување имаат искористено средства и во изминатите години имаат постигнато голем успех. Тоа е програма преку која во изминатите осум години Владата има доделено над 25 милиони евра на индивидуалци кои се самовработуваат. Тие добиваат по три илјади евра за опрема, а оние кои ќе се одлучат да вработат уште едно лице добиваат дополнителни 92 илјади денари“, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.Во изминатите години, рече, има многу успешни примери на компании кои преку оваа програма започнале со еден вработен за денеска да имат 30 до 40 вработени.Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов рече дека изминатите години над 7.600, како што потенцира, храбри и енергични луѓе, мажи и жени, млади и повозрасни, добиле шанса да ја реализираат сопствената бизнис идеја.„Ќе продолжиме да ја реализираме мерката и да го стимулираме формирањето мали компании кои ќе ја развиваат македонската економија. За следната година планираме за грантови за самовработување за отворање на 920 бизниси или за околу 1.000 вработувања. Средствата кои ќе бидат издвоени се во износ од 207 милиони денари“, рече Спасов.Постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон истакна дека оваа програма е многу успешна приказна преку која со формирањето на над 7.600 мали бизниси се покажало дека таа е најдобар лек за невработеноста.„Формирањето мали сопствени бизниси е најдобар начин да се вработат лица кои долго не можеле да најдат работа на пазарот на труд било да се тоа млади лица, жени, лица со хендикеп. Многу земји бараат добар начин за креирање работни места и пристојна работа. Ние мислиме дека овде во Македонија имаме еден од најдобрите примери да го споделиме со нив“, рече Винтон.Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски потенцира дека секој што има добра и разработена идеја ќе има можност да биде успешен претпремач и голем бизнисмен.„Мерено со 2013 години, 70 проценти од компаниите постојат. Дополнителни 15 проценти се вработени на други работни места, а ги затвориле компаниите, тоа значи 85-постотна вработливост на програмата“, рече Поповски./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави
Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава Србија, објасни премиерот Христијан Мицкоски на прашања поставени на панелот во Давос кои се однесуваа на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, како и тоа што прави Македонија да привлече странски директни инвестиции наспроти Хрватска и Словенија.
„Во однос на вештачката интелигенција ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци, ви е потребно одржливо би рекол, снабдување со електрична енергија. Значи некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци, за да имаат добри, би рекол одлични перформанси на вештачката интелигенција. Во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција, а сега почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе мојата земја со Србија.
Што значи ова? Ќе го зголемуваме капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно. Досега трошиме половина милијарди кубни метри годишно, што значи дека илјадници и илјадници мегавати инсталиран капацитет електрани на гас да снабдуваат нови центри за податоци со електрична енергија. Ова е еден столб на еден пример и целиот институционален ризик го прифаќаме како Влада. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме на инвеститорите како поттик“, рече Мицкоски во Давос.
Во моментов се развиваат три важни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентралите во вредност од 2 милијарди евра. Овие проекти, информираше премиерот, не се важни само за Македонија туку и за регионот.
„Сега развиваме три големи проект во однос на производство на електрична енергија од хидроцентрали. Зборуваме за проекти од 2 милијарди евра. Тие проекти се многу важни за нас, не само за производство на електрична енергија, туку тие три проекти се и стратешки важни за нас. Но не само за нас, туку и за регионот во целост.
Зборуваме за три големи брани кои ќе создадат три големи резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има потреба од тие резерви со вода за пиење, со чиста вода за пиење. И двата проекта се дел од каскада што се потпира на една голема река, наречена Црна Река. Низводно од таа каскада имаме најдоброто земјоделско земјиште во Европа, а тој регионот е познат како Тиквешки регион.
Практично сме фокусирани на енергијата, а во исто време имаме и други приоритети. Но веројатно сакате повеќе да зборувате за вештачката интелигенција. Исто сакате да се зборувате за електричната енергија и сите оние проекти кои се поврзани некако со тие две многу важни прашања, не само во мојата земја туку и овде во Давос. Многу пати слушаме од политичарите како зборуваат за вештачката интелигенција. Се прашувам дали сите тие можат да ја разберат суштината на вештачката интелигенција или ја користат вештачката интелигенција како популарен збор, како два популарни збора. Го завршив мојот докторат пред 16,17 години и користев алгоритам на фази логика за контрола на манипулативни роботи. Значи, практично тоа беше почетокот на вештачката интелигенција“, подвлече премиерот на панел дискусијата во Давос.
Економија
(Видео) Мицкоски од Давос: „Бошков Мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ ги привлекоа инвеститорите
Премиерот Христијан Мицкоски од Давос соопшти дека имал уште еден успешен ден со бројни билатерални средби и настапи, во рамки на престојот на Светски економски форум.
„Уште еден успешен ден со многу билатерални средби“, изјави Мицкоски, посочувајќи дека денот започнал со средба со Борјана Кришто, по што следеле средби со мултинационални компании кои, како што рече, имаат значајна улога во глобалниот бизнис.
Мицкоски информираше дека имал и успешен панел на кој повторно се разговарало за клучните теми на овогодишниот самит во Давос – вештачката интелигенција, дата-центрите и потребата од зголемено производство на електрична енергија.
„Разговаравме со луѓе кои навистина значат во светот на вештачката интелигенција, фирми кои се водечки во управувањето со дата-центри, но и за предизвиците поврзани со потребата од зголемување на производството на електрична енергија“, изјави премиерот.
Тој додаде дека пред соговорниците ги презентирал и проектите кои за Владата се значајни, а кои опфаќаат производство на електрична енергија, подобрување на преносните капацитети и интерконекторите за електрична енергија и гас.
Мицкоски соопшти дека за прв пат на панелот ги презентирал и клучните проекти кои Владата планира да ги објави во периодот што следи – Бошков Мост, Чебрен и Галиште.
Според него, проектите привлекле големо внимание кај инвеститорите, кои по завршувањето на панелот му пристапиле за размена на контакти и биле поканети да ја посетат земјата. „Убеден сум дека овие проекти ќе бидат успешни, ќе додадат вредност во економијата на Македонија и во квалитетот на живот на македонските граѓани“, изјави Мицкоски.
Тој најави дека престојот во Давос продолжува со уште еден панел и презентација на инвестициските можности на Македонија пред нова група инвеститори, а враќањето во Скопје е планирано за утре.
Економија
НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf

