Контакт

Македонија

Наумов до Ставрески: Да не дозволиме цената да ја плаќаат идните генерации

Објавено пред

Во интерес на граѓаните, а со цел да објасни зошто се спротивставува на аукциите на државни хартии од вредност со евизна клаузула, за шпекулативните пореметувања на девизниот пазар за кои смета дека не се потребни антиифлаторни мерки, дополнителниот заменик-миинистер за финансии, Кире Наумов, со отворено писмо му се обрати на министерот за финансии, Зоран Ставрески.

dobivaj vesti na viber

„Во изминатиот период главен камен на сопнување во комуникацијата и проблем за соработката помеѓу Вас, како министер за финансии и мене, како дополнителен заменик-министер за финансии, во интерес на граѓаните, согласно Договорот од 2јуни/15 јули, а подоцна преточен во последните измени на Законот за Влада, се задолжувањата на домашниот пазар на капитал.Почнувајќи од несогласувањата околу тоа дали задолжувањата во изборна година се финансиско прашање поврзано со организација на изборите, па се до постапката пред Управниот суд на Македонија за законитоста на одлуката на стариот состав на Државната изборна комисија. За жал, поради состојбите во македонското судство се уште нема правна разрешница по ова прашање, а како стојат работите сигурен сум дека ни во догледен период нема да има правосилна одлука“, вели Наумов во писмото.Смета дека, оваа состојба ги доведе клиентите на домашниот пазар на капитал во ситуација  на правна несигурност и неизвесност. „Најмалку што сакам е да изнесувам претпоставки, но сигурен сум дека домашните финансиски институции многу сериозно во носењето на своите одлуки ги анализираат сите можни ситуации, вклучително и можноста Управниот суд да ја поништи одлуката на Државната изборна комисија за задолжувањата на домашниот пазар, а со тоа да биде ставена под знак прашалник законитоста на сите задолжувања од почетокот на годината. Цврсто сум убеден дека оваа ситуација можеше поинаку да се разреши. Односно на истиот начин како што беше издадена и Четвртата еврообврзница. Исклучиво во интерес на граѓаните, со обезбедена согласност помеѓу нас двајца како по однос на сумата, така и по однос на рочноста и каматата“, додава Наумов.Појаснува дека не ги оспорува аукциите на државни хартии од вредност, како законски и вообичаен инструмент за финансирање на временската разлика помеѓу приходите и расходите во Буџетот. “„Но, истовремено не можам да се согласам преку овој инструмент да се овозможува реализација на дефицитот на буџетската сметка со забрзана динамика, односно повторно да бидеме сведоци на „истурање на средства“ во предизборниот период, како во минатите изборни циклуси“, вели Наумов.Смета дека доколку ги усогласувале  висината на задолжувањата, рочноста и каматата, немало да постои правна несигурност помеѓу клиентите на домашниот пазар на капитал и немало да постои никаков простор за сомнеж за можни потреси на стабилноста на домашната валута.„Дополнително, граѓаните и идните генерации ќе беа заштитени од нови непотребни задолжувања. Повторувам дека економските параметри во моментот не покажуваат никаква основа за девалвација на денарот. Но и Вие многу добро знаете дека во економијата се многу битни довербата и очекувањата. Затоа, доколку заеднички ја договоравме наредната аукција на државни хартии од вредност немаше да се согласам да бидат објавени аукции со девизна клаузула по ниедна цена. Ќе Ви предложев усогласено да објавиме зошто и во наредните две или три аукции нема да има проспекти со девизна клаузула. Тоа според мене е единствениот исправен пристап за да ги отфрлиме сите шпекулации во изминатите две недели и повторно да ја вратиме довербата на македонските граѓани во стабилноста  на македонската валута. Така се брани економската стабилност“, вели Наумов.Според него, одлуката на гувернерот на НБРМ да ја зголеми каматата на благајничките записи, односно да  пристапи со антиинфлаторни мерки за сузбивање на пореметувањата на девизниот пазар кои се само од шпекулативна природа  е долевање масло на огнот. “Во комбинација со објавените проспекти за наредната аукција на државни записи кои се со девизна клаузула ценам дека довербата кон домашната валута дополнително се нарушува“, се вели во писмото.Додава дека шпекулативните пореметувања на девизниот пазар на кои сме сведоци изминатите две недели не се со интензитет и од размери за да се пристапи кон антиинфлаторни мерки, ниту пак се причина за објавување на аукции на државни записи со девизна клаузула.„Непочитувањето на обврските од Договорот од 2јуни/15 јули, го направи невозможно одржувањето на фер и кредибилни избори на 5.јуни, а со тоа разрешувањето на политичките состојби ќе се пролонгира се додека сите услови за нивно одржување не бидат исполнети. Сметам дека економската иднина на граѓаните не смее да биде загрозена по ниедна цена. Затоа очекувам дека и со дела, а не само на зборови ќе ставите крај на купувањето чоколади, кога се нема за леб. Да не дозволиме цената да ја плаќаат идните генерации“, завршува Наумов./крај/со/бб

Економија

Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“

Објавено пред

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.

„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“

Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:

„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.

На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.

„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.

Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.

„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ9 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија9 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија10 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија11 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија11 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион12 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија13 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија13 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет13 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет13 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа14 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет14 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет14 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа14 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион24 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...