Македонија
Нема угинато добиток во поплавите
Поплавите кои зафатија одредени земјоделски региони во Македонија не предизвикаа директно укинување на добитокот, нема ниту оштетување на некоја фарма, само е поплавен мал дел на сточна храна.
Ова во понеделеникот го истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Поповски, додавајќи дека е укажано полавената сточна храна да не се користи.
„Поплавите немаат направено големи штети кои се во апсект на работењето на Агенцијата, но направени се земјоделските штети кои се во надлежност на ресорното министерство“, рече Поповски.
Тој информираше дека АХВ испратила барања до сите општини каде имае поплави за да добие информации за степенот и обемот на поплавување кои се во доменот на работењето на АХВ.
„Притоа од секаде добивме негативен одговор дека има некави последици од поплавите. Покрај ова формиравме свои тимови кои излегоа на терен за да ја констатираат фактичката состојба“, рече Поповски. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
По 27 пат, даночните службеници го одбележаа „Свети Матеј“ – Денот на даночните работници
По повод „Св. Матеј“ – Денот на даночните работници директорката на УЈП Елена Петрова се обрати пред вработените и им го честита празникот на даночниците, а традиционално ги додели и признанијата за долгогодишна непрекината 10, 20, 30 и 40 годишна работа во Управата за јавни приходи.
Пред вработените директорката појасни дека посебна е честа да се доделат јубилејните и наградите за вработените во Управата за јавни приходи, кои со својата посветеност, труд и професионализам ја негуваат и надоградуваат основата на работењето на УЈП.
„Нашиот патоказ води НАПРЕД со препознавање на сите предизвици и користење на сите можности, а резултатите ќе овозможат секој од нас и сите заедно како УЈП да бидеме вреднувани а јавноста да ја зајакне довербата во нас. Ние веќе ги упативме пораките во јавноста, пораката дека ќе работиме за повеќе даночни приходи и побогато општество, пораката до младите луѓе – „Данок плати – во иднина да ти се врати“. Во создавањето трансформативни промени на УЈП, човечкиот потенцијал и силната администрација се главните фактори кои можат да обезбедат здрава средина и кондиција за резултати и успех. Секој од Вас даночните службеници треба да даде мал придонес за големи резултати, за што ќе создадеме средина која го поддржува Вашиот професионален развој.
Одбележувањето на Денот на даночните службеници оваа година внатрешно оди со мотото „Нашиот тим – карактер и идентитет“. Ова не се само зборови, туку суштина на она што го создаваме секој ден. Тимскиот дух е темел за резултати бидејќи само преку заедничка работа, меѓусебна поддршка и следење на визијата на УЈП можеме да постигнеме успех. Ние сме тим кој е посветен на континуиран развој и напредок и заедно ги градиме сите основи на силна и ефективна даночна администрација. Кога се посветуваме на нашите задачи и ги споделуваме нашите знаења, создаваме силен тим кој е способен да ги надмине сите предизвици и да ја води организацијата напред. Денес одбележете го празничниот ден во духот на заедништвото и припадноста на локалниот тим, со колегите во Вашата дирекција.“
Раководен тим на УЈП и директорката одржаа и работна средба со вработените кои се пензионирале во тек на минатата година и им додели Благодарници за траен печат во сите аспекти на работењето во УЈП. Директорката Петрова, во име на сите вработени, им се заблагодари за нивната посветеност, труд и за сè што вложиле во развојот на Управата за јавни приходи.
„Иако сега се во пензија и уживаат во заслужениот одмор нивното влијание продолжува да живее во нас, бидејќи не само што создале основа за успех, туку и ги пренеле своите знаења и вредности на колегите, на новите генерации, даночни службеници.“ – појасни Петрова.
Како и секоја година, по повод Денот на даночните работници, празникот „Св. Матеј“, даночните работници од целата земја учествуваа во крводарителската акцијата „Капка крв, спасува живот“ на која вработените даруваа крв. Во соработка со Синдикалната организација на Управата за јавни приходи – Солидарност и Црвениот крст, крводарителската кампања се одржа денес во Скопје, а претходно и во повеќе градови низ државата. Оваа хуманитарна активност ја покажува посветеноста на даночните работници на заедницата и нивната поддршка за најранливите. Дарувањето крв е уште една потврда за општествената одговорност на УЈП и нивната бескрајна грижа за доброто на сите. Овој хуманизам продолжува да биде инспирација за сите кои имаат потреба од помош и поддршка.
Во рамки на активностите по повод „Св. Матеј“ Плакета за посебен придонес за унапредување на процесите на УЈП, беше доделена на Министерство за финансии на САД-Канцеларија за техничка помош (ОТА), а на вработените во Регионалната дирекција Битола, им беше доделена Плакета за посебен придонес во извршување на работните задачи. Пофалница беше доделена и на работната група која изминатиот период работеше на Проектот за електронско уверение со состојба на остварен приход, додека на 38 вработени им беа доделени Пофалници за организациски унапредувања, успех во поединечни подрачја, на работа во вршењето на работни задачи и подобрување на угледот на службата.
Во текот на целата недела се одржаа низа активности како и Панел дискусии на тема „Повеќе даночни приходи за побогато општество – перцепции и перспективи“, во Скопје и Битола, а беше реализирана и традиционалната хуманитарна акција на која од лични средства, вработените во УЈП обезбедија донација во вредност од 123.000 денари за основното училиште со ресурсен центар „Св. Климент Охридски“ во Ново Село.
Исто така беше доделена и наградата за најкреативно видео на Конкурсот „Данок плати – во иднина да ти се врати“ на кој пристигнаа 22 видеа од исто толку средни училишта во државата. Наградата за најкреативно видео ја добија учениците Тамара Китаноска, Александра Ташкоска и Леонид Темелкоски од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ Прилеп под менторство на класниот раководител и наставник во училиштето Александар Костадиноски.
Оваа година УЈП, по 27 пат го одбележа Денот на даночните работници „Св. Матеј“ и 77 години од воспоставување на даночниот систем.
Економија
„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики
Платформата „Фустани со џебови“ на Халкбанк АД Скопје, со која се дава поддршка на женското претприемништво, е избрана за една од најдобрите општествено одговорни практики од страна на Американската стопанска комора (AmCham) во рамките на проектот Partnership 4 Giving. Плаформата на Халкбанк е еден од петте проекти, кои добија посебно признание од комората за квалитетна и успешна општествно одговорна практика.
Халкбанк АД Скопје веќе една ипол година гради успешна приказна за поддршка на женското претприемништво, промовирајќи ја истовремено својата заложба за рамноправност и финансиска слобода на жените. Преку креираниот „Пакет за жени“ што е дизајниран да одговори на различните потреби на микро, малите и средните претпријатија каде сопственици или менаџери се жени, банката веќе им овозможи успешен бизнис на голем број клиентки во земјата.
Преку платформата, Халкбанк реализира и низа настани, кампањи и поддршки. Почнувајќи од хуманитарните акции поврзани со продажба на „Фустаните со џебови“, преку пласирање на кампањи за финансирање на женските бизниси, па се до организирање и давање поддршка на низата настани наменети за вмрежување и овозможување на меѓусебна поддршка на жените, Халкбанк заедно со својот партнер Мастеркард, ја подигнаа на повисоко ниво свеста и перцепцијата за финансиската моќ и слободата на жените во земјата.
Проектот Partnership 4 Giving, кој AmCham го имплементира во рамките на USAID програмата, има за цел покренување колективна акција која ќе обезбеди позитивен ефект и ќе развие одржливи перспективи за корпоративна филантропија промовирајќи ги позитивните приказни на компаниите кои служат како пример за бизнис заедницата на полето на корпоративна одговорност.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.