Македонија
Нова директна линија од охридскиот аеродром: ТАВ Македонија го дочекува првиот лет од Лондон
Новите летови меѓу охридскиот „Свети Апостол Павле“ и лондонскиот аеродром „Лутон“ ќе почнат од средата вечер, а авиокомпанијата „Визер“ ќе лета на релацијата Охрид – Лондон двапати неделно во текот на летната сезона
Новите летови меѓу охридскиот „Свети Апостол Павле“ и лондонскиот аеродром „Лутон“ ќе почнат од средата вечер, а авиокомпанијата „Визер“ ќе лета на релацијата Охрид – Лондон двапати неделно во текот на летната сезона
Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, чиј оператор е „ТАВ Македонија’’, во среда ќе го пречека првиот првиот лет од Лондон, со авиокомпанијата „Визер“. Слетувајќи рано вечерта на 10-ти јуни, авионот кој ќе дојде од лондонскиот аеродром „Лутон“ во Охрид, ќе донесе 133 патници.
„ТАВ Македонија“ ќе го прослави првиот лет на ,,Визер’’ од Лондон на охридскиот аеродром со традиционалната церемонија за добредојде што ја приредува за секоја новоотворена дестинација – воден мост околу воздухопловот, девојки облечени во народни носии, закуска со погача и сол за патниците, како и торта за новата рута.
„Ние во ТАВ Македонија сме многу среќни што новата авиолинија меѓу Лондон и Охрид ќе овозможи многу туристи од Англија да престојуваат на Охридското и на Преспанското Езеро. Но, оваа линија ќе биде атрактивна и за македонските граѓани, како и за патниците од соседните земји, бидејќи ќе биде добра можност за воспоставување бизнис врски и други релации со Велика Британија“, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.
Со првиот лет ќе биде означено отворањето на новата редовна директна линија Лондон – Охрид – Лондон во текот на летната сезона. „Визер“ ќе оперира на оваа релација двапати неделно, секоја среда и секоја недела, пристигнувајќи на охридскиот аеродром во 18 часот и 15 минути и полетувајќи за лондонски „Лутон“ во 18 часот и 45 минути. Во моментов, овие летови се закажани до 13-ти септември.
Оваа нова рута е една од двете новонајавени авиолинии од охридскиот аеродром ова лето. Втората е Охрид – Базел, која ќе биде воведена од 1-ви јули, исто така, од страна на „Визер“. Воздухопловите на оваа авиокомпанија ќе летаат до швајцарскиот град секоја среда и секоја недела, до 21-ви октомври.
Како резултат на овие нови авиолинии, но и како резултат на чартер-летовите од Холандија, Австрија, Швајцарија и Белгија, кои носат организирани групи на туристи во Охрид во текот на летната сезона, во „ТАВ Македонија“ очекуваат пораст на авиосообраќајот на „Св. Апостол Павле“ во текот на летото.
Минатата 2014 година операторот на двата македонски аеродроми „ТАВ Македонија“ опслужи речиси 1,3 милиони патници и притоа забележа пораст од 20 отсто на годишно ниво, на двата аеродроми – скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

