Контакт

Македонија

Нови 20.000 вработувања со „Борбата за работни места продолжува“

Објавено пред

Со вотрата фаза од проекот „Македонија вработува“, што ќе почне кон крајов на месецов или почетокот на другиот, Владата очекува нови 15 до 20 илјади нови вработувања.

dobivaj vesti na viber

Проектот под мотото „Борбата за работни места продолжува“, ќе биде овозможен со измени на законите за вработување и осигурување во случај на невработеност, за пензиско и инвалидско осигурување и за здравствено осигурување, кои биле усвоени на денешната владина седница.Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на прес­конференција вo Владата рече дека со спроведувањето на проектот во текот на една година и очекуваните 15 до 20 илјади работни места значително ќе се придонесе за дополнително намалување на невработеноста, развој на домашните компании и генерално за економски прогрес на државата.Според Пешевски, „Македонија вработува“ се покажал како најуспешен проект за намалување на невработеноста. За една година од неговото спроведување во над десет илјади компании се вработени 19 илјади лица од различни категории кои подолг временски период бараа работа. Таа бројка, нагласи Пешевски, одговара со отворање на 12 компании со по 1.600 нови работни места, по една во секој месец од спроведувањето на проектот.„За време на спроведувањето на проектот од првиот квартал лани до првиот квартал годинава невработеноста е намалена за 2,8 проценти, а токму проектот „Македонија вработува“ е главниот двигател на намалување на невработеноста и отворање нови работни места“, рече Пешевски.Со предложените законски измени, што наскоро треба да ги разгледа Економско социјалниот совет и Собранието на РМ, се предвидува ослободување од плаќање придонеси и давачки за работодавачите кои ќе вработат лица поделени во пет категории.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прославата на 26-годишнината од партијата,  објави дека со „Македонија вработува 2“ предвидено е да се опфатат пет категории лица и тоа невработени млади до 35 години, услов е тој да биде невработен најмалку 3 месеци,  а работодавачот три години ќе биде ослободен од давачки кон државата и треба да го задржи лицето уште една година на работа. Со новиот прект акцент с естава и на лицата невработени кои се во поодминати години.Во втората категорија влегуваат невработени на возраст од 35 до 50 години. Потребно е тие да немаат повеќе од 5 годишно работно искуство. За нив работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси 5 години а должни се шестата да плаќаат давачки и да ги задржат на работа. Третата категоија се однесува на лица над 50 години, кои три месеци се без работа. За нив фирмите нема да плаќаат придонеси 5 години.Четвртата категорија се невработени лица над 58 години, категорија на лица која многу тешко наоѓа работа на пазарот на труд, за нивното вработување работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси до остварување на правото на старосна пензија на вработениот. Невработено лице треба да е на возраст над 58 години и кое во последните две години пред вработувањето согласно со мерката немало засновано работен однос.Петтата категорија, невработени лица со социјален ризик(лица со инвалидност, родители на деца со пречки во развојот, самохрани родители,родител во  еднородителски семејства каде што се развеле родителите и децата останале со еден од родителите, родители на три и повеќе деца, како и поранешни професионални војници) и други категории, при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси во времетраење од 5 години, односно 60 месеци.Потребно е лицата три месеци пред вработување со мерката да немале заснован работен однос./крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Економија

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:

dobivaj vesti na viber

„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

Прикажи повеќе...

Економија

Македонија2025 објави повик за компании: Аплицирајте за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници

Објавено пред

Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи.

dobivaj vesti na viber

Битов – Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво.

Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега, преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија, и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании, согласно нивните барања и потреби.

Македонија2025 целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија. Компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).

Кој може да се пријави?

Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови:

· Минимум една година од постоење на компанијата;

· Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;

· Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;

· Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;

· Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот);

· Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.

По можност да работат во следните дејности: туризам и угостителство, финансии, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн.

*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.

Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација ќе ги најдете ТУКА.

За искуствата, и придобивките на компаниите кои учествувале во програмата погледнете ТУКА.

Краен рок за пријавување: 15.03.2026 год.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Објавено пред

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава Србија, објасни премиерот Христијан Мицкоски на прашања поставени на панелот во Давос кои се однесуваа на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, како и тоа што прави Македонија да привлече странски директни инвестиции наспроти Хрватска и Словенија.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на вештачката интелигенција ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци, ви е потребно одржливо би рекол, снабдување со електрична енергија. Значи некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци, за да имаат добри, би рекол одлични перформанси на вештачката интелигенција. Во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција, а сега почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе мојата земја со Србија.

Што значи ова? Ќе го зголемуваме капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно. Досега трошиме половина милијарди кубни метри годишно, што значи дека илјадници и илјадници мегавати инсталиран капацитет електрани на гас да снабдуваат нови центри за податоци со електрична енергија. Ова е еден столб на еден пример и целиот институционален ризик го прифаќаме како Влада. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме на инвеститорите како поттик“, рече Мицкоски во Давос.

Во моментов се развиваат три важни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентралите во вредност од 2 милијарди евра. Овие проекти, информираше премиерот, не се важни само за Македонија туку и за регионот.

„Сега развиваме три големи проект во однос на производство на електрична енергија од хидроцентрали. Зборуваме за проекти од 2 милијарди евра. Тие проекти се многу важни за нас, не само за производство на електрична енергија, туку тие три проекти се и стратешки важни за нас. Но не само за нас, туку и за регионот во целост.

Зборуваме за три големи брани кои ќе создадат три големи резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има потреба од тие резерви со вода за пиење, со чиста вода за пиење. И двата проекта се дел од каскада што се потпира на една голема река, наречена Црна Река. Низводно од таа каскада имаме најдоброто земјоделско земјиште во Европа, а тој регионот е познат како Тиквешки регион.

Практично сме фокусирани на енергијата, а во исто време имаме и други приоритети. Но веројатно сакате повеќе да зборувате за вештачката интелигенција. Исто сакате да се зборувате за електричната енергија и сите оние проекти кои се поврзани некако со тие две многу важни прашања, не само во мојата земја туку и овде во Давос. Многу пати слушаме од политичарите како зборуваат за вештачката интелигенција. Се прашувам дали сите тие можат да ја разберат суштината на вештачката интелигенција или ја користат вештачката интелигенција како популарен збор, како два популарни збора. Го завршив мојот докторат пред 16,17 години и користев алгоритам на фази логика за контрола на манипулативни роботи. Значи, практично тоа беше почетокот на вештачката интелигенција“, подвлече премиерот на панел дискусијата во Давос.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец

Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити...

Македонија5 часа

Ако не се реши проблемот со превозниците, ќе трпи цела Европа, порача Николоски од Загреб

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски порача дека доколку не се изнајде решение за проблемот со превозниците...

Македонија9 часа

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на Државната изборна комисија

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за правда во Владата на СДСМ, Бојан Маричиќ, е избран за нов претседател на...

Топ9 часа

Запленети 150 килограми марихуана, ја транспортирале со шлеп возило од Струга до Свети Николе

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично...

Македонија11 часа

По ревизорскиот извештај, Обвинителството отвори предмет за Општина Охрид

Јавното обвинителство отвори предмет по извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој утврди дека се граделе...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче: Имам информација дека следи ново задолжување од 300 милиони евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на одговор на новинарско прашање информираше дека следува ново задолжување од 300 милиони евра, a...

Македонија11 часа

Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда“

Левица го осуди настапот на премиерот Мицкоски, со кој легитимните синдикални барања за зголемување на минималната плата ги оцени како...

Македонија11 часа

По срамниот настап во Собранието, Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за членка на комисијата за заштита од дискриминација

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиниот настап во...

Македонија12 часа

Независниот полициски синдикат против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест

Згрозени сме од мешањето на политиката и поддршката која опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат...

Македонија13 часа

Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како Мицкоски, велат од СДСМ

„ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве...

Македонија13 часа

„Обвинителството да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Сведоштвото на Жан Митрев јасно покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и...

Свет14 часа

Фицо шокиран од Трамп: „Тој е опасен и полудел“

Словачкиот премиер Роберт Фицо им рече на лидерите на Европската унија на самитот минатата недела дека неговата средба со Доналд...

Свет14 часа

(Видео) Трамп: Уште една прекрасна армада прекрасно плови кон Иран токму сега

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „уште една“ американска воена флота е на пат кон Иран. „Патем, уште една прекрасна...

Свет15 часа

(Видео) Санти мраз во Њујорк, има мртви, температурите под нулата: Бура ги опустошува САД

Санти мраз и делумно замрзнатите делови од реката Хадсон беа пријавени по силната зимска снежна бура во вторник, 27 јануари,...

Свет15 часа

(Видео) Американска конгресменка нападната со непозната течност во Минеаполис

Американската конгресменка, Илхан Омар, беше нападната со непозната течност за време на јавна трибина во Минеаполис во вторник. Полицијата соопшти...

Европа15 часа

Русија бара територијални отстапки од Украина, Зеленски сака средба со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен директно да преговара со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, за чувствителни прашања како дел...

Европа15 часа

Колку Руси и Украинци загинаа во војната? Анализа откри застрашувачки бројки

Бројот на руски и украински војници убиени, ранети и исчезнати во речиси четиригодишната војна би можел да достигне два милиони...

Македонија16 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат...

Македонија16 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик....

Македонија1 ден

МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации

Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија....