Македонија
Нови 8.700 вработувања со владиниот Оперативниот план за 2016-та
Околу 8.700 лица се очекува да се вработат со новиот Оперативен план за вработување за 2016 година, изјави во неделата премиерот Никола Груевски, прецизирајќи дека со оваа владина мерка ќе бидат опфатени вкупно 13.500, од кои покрај спомената бројка која кои се очекува да се вработат, другите ќе минат обуки.
Груевски наведе дека очекува веќе околу 15-ти јануари да биде објавен и конкурсот за првата програма од Оперативниот план за вработување.„За оваа цел ќе бидат инвестирани 11,5 милиони евра кои се предвидени во Буџетот и се изгласани во Собранието. Ова ќе биде уште еден придонес кон намалување на невработеноста, односно зголемување на вработеноста. На многумина кои во моментов немаат вработување, преку серијата мерки кои се влезени во Оперативниот план, а кои ги има околу дваесет, ќе им биде овозможено вработување“, рече за новинарите премиерот Никола Груевски по промоцијата на новите дела од едицијата на „Ѕвезди на светската книжевност“ во Порта Македонија.Во врска со проектите во текот на следната година, Груевски истакна дека е предвидено ново зголемување на пензиите за 5 отсто, со што од доаѓањето на неговата Влада во 2006 година, најниската пензија е зголемена за 94 отсто, а просечната за 79 отсто.Оценувајќи дека тоа претставува огромно зголемување за пензиите, премиерот рече дека новото петпроцентно зголемување на пензиите ќе биде со септемвриската пензија.„Со зголемувањата на пензиите, на пример пензионер кој во 2006 година земал најниска пензија, односно 4.300 денари, веќе во октомври годинава со најновото зголемување ќе зема 8.400 денари пензија, што е без малку двојно“, појасни Груевски порачувајќи дека неговата влада се трудиме секоја година да растат пензиите. „Тоа е и наше ветување што сме го дале и тоа ветување го реализираме“, истакна Груевски./крај/мф/aп
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

