Македонија
Нови рокови за увоз на автомобили
Во текот на јули и август биле правени процени на остварување на целите од владината мерката за увоз на автомобили, при што е заклучено дека е постигнат социјалниот карактер на мерката и позитивно е унапреден и обновен возниот парк во земјата во однос на оној пред воведување на мерката, па оттаму и поради дополнително унапредување на животната средина, Владата одлучи да се скратат роковите за можност за увоз на автомобили кои беа важечки претходно, а со кои се овозможуваше увоз на половни автомобили со стандард на моторите ЕУРО 2 и ЕУРО 3, соопшти во неделата на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Со новите одлуки и измената на правилникот во Министерството за економија кој ја регулира оваа дејност и кој е стапен во сила, како што посочи Ѓорѓиев,се воспостави можност увозот на автомобилите со ЕУРО 2 стандард да може да се врши наместо до февруари 2016 година кој беше стар рок, најдоцна до 31-ви декември 2014 година кој е нов рок, и во кој би се завршиле оние постапки за увоз на ваков вид автомобили кои се веќе започнати.
Возилата со ЕУРО 3 стандард на моторот, пак, ќе може да се увезуваат најдоцна до 30-ти јуни 2015 година, а од 1-ви јули 2015 година увозот на автомобили ќе биде можен само доколку истите ја исполнуваат минималната норма ЕУРО 4 стандард на моторот.
Според владиниот портпарол, целта е на овој начин и со оваа динамика постепено но и во побрз рок, да дојде до повторна обнова на возниот парк на повисоко ниво, како што тоа се случи кога во минатото со претходните одлуки се изврши трансформација и замена на возилата кои беа без стандард, или со ЕУРО 0 или ЕУРО 1 стандард на моторите, со понови возила со ЕУРО 2 И ЕУРО 3 стандард на моторите.
Владата, рече Ѓорѓиев, исто така, донела мерка којашто се однесува и на повластениот увоз кој важеше во неколку наврати и за автобусите и минибусите и таа исто како и кај автомобилите, е забележани се позитивни ефекти. Притоа прецизираше дека процентот на автобуси без ЕУРО стандард паднал од околу 45 отсто на околу 15 проценти, процентот на автобуси со ЕУРО 0 стандард паднал на 5,5 отсто, кај автобусите со ЕУРО 1 стандард изнесува 6,5, а процентот на автобуси со ЕУРО 2 стандард пораснал од претходните околу 20 на сегашни околу 55 отсот, односно пораснал од 77 на 274 возила. Процентот, пак, на автобуси со ЕУРО 3 стандард изнесува 13 отсто, односно бројот на возила пораснал за околу 20, кај автобуси со ЕУРО 4 стандард изнесува 3 отсто а процентот автобуси ЕУРО 5 стандард е 1 отсто.
„На последната седница Владата зазема политички став дека е потребно да се овозможи увоз на автобуси и минибуси кои имаат стандард ЕУРО 3, во рок на траење не подолг од една година од денот на носење на нормативната измена. Поентата на ваквиот став е да се овозможи реобнова на возниот парк како со претходните мерки, кога автобусите и минибусите без ЕУРО стандард, или со стандард ЕУРО 0 се заменуваа со автобуси и минибуси со стандард ЕУРО 2, сега со евентуалните нови измени кои се многу веројатни автобусите и минибусите кои сега имаат стандард ЕУРО 1 и ЕУРО 2 да се заменуваат со автобуси и минибуси со ЕУРО 3 стандард. Во периодот од следниве десетина дена Министерот за економија ќе направи финална консултација со засегнатите странки и со институциите, како и финална проценка за измена на правилникот кој ја уредува оваа дејност, со која евентуална измена која е доста извесна, би се предвиделе модалитетите, начините на овозможениот увоз, како и конкретниот рок на траење на ваквата можност“, рече Ѓорѓиев.
Изрази задоволство дека показателите укажале дека владината мерка за овозможување повластен увоз на автомобили од странство од страна на граѓаните била .во голема мера искористена и квалитативно е обновен нивниот приватен возен парк, со далеку поеколошки мотори, а тоа, како што посочи Ѓорѓиев, придонесува за намалување на загадувањето, како и за поголема безбедност во сообраќајот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

