Македонија
Објавен јавен повик за директор на ФЗОМ
Владата, во сабота, објави јавен повик за директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, преку кој ги повикува сите заинтересирани до 15 март 2015 година да пополнат електронска апликација, која може да се најде на веб страницата http://vlada.mk/konkursi/apliciraj/fzom.
Владата, во сабота, објави јавен повик за директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, преку кој ги повикува сите заинтересирани до 15 март 2015 година да пополнат електронска апликација, која може да се најде на веб страницата http://vlada.mk/konkursi/apliciraj/fzom.
„Јавниот повик е објавен денес и ќе трае до 15 март, во него меѓу другите се содржани и условите и критериумите во поглед на искуството и определени вештини што треба да ги исполнуваат кандидатите, а се резултат на законските измени направени пред една година и стапуваат на сила на 12 март оваа година, изјави за МИА владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Во огласот е наведено дека кандидатите треба силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа и да се подготвени за целосна посветеност, силен ангажман и предизвици во периодот на спроведување на значајни структурни реформи во земјата и остварување на политиките на Владата на Република Македонија.
Заинтересираните кандидати треба да се државјани на Република Македонија, да имаат стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – високо образование од областа на менаџментот, економските науки, финансиите, бизнис администрацијата, менаџмент со јавното здравство, медицинските науки или правните науки, да имаат минимум пет години работно искуство од областа на финансиите или менаџментот или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување и дополнителна специјализација или посетена обука од областа ќе се смета за предност.
Во огласот се бара и активно познавање на англискиот јазик на ниво на ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ – најмалку Б2 ниво, ФЦЕ, БУЛАТС – најмалку 60 бода, АПТИС – најмалку ниво Б2, (обезбедувањето на сертификат за познавање на странски јазик не е задолжително во процесот на селекција), на кандидатите да не им е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, да имаат одлични компјутерски вештини, одлична способност за градење меѓучовечки и професионални односи, одлични организациски и аналитички вештини, способност за објективно разгледување и развивање на нови решенија за одредени прашања, посветеност на работата и способност за работа во услови на притисок и стрес, како и справување со повеќе задачи одеднаш, како и мотивација за успех и волја за развивање на сопствените потенцијали.
Владата напоменува дека сите пријавени кандидати имаат еднакви шанси да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет, без разлика на полова, верска, партиска и национална припадност, имотна состојба и други лични околности.
„Ќе бидат ангажирани само најспособните и најсоодветните кандидати за позицијата за која се аплицира. Секој обид за лично лобирање и ургенција од страна на кандидатите ќе се смета како слабост и неверување во сопствените капацитети и ќе влијае негативно во формирањето на финалната оценка за кандидатот“, стои во огласот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

