Македонија
Објавен оглас за одобрување возни редови за превоз на патници

Министерството за транспорт и врски во среда (01.10) објави оглас за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.
Аплицирањето се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството, www.liniskiprevoz.gov.mk, а рокот истекува в четврток (02.10) во 09 часот.
Право да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани превозници-правни лица кои имаат лиценца за вршење на меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници.
„Електронскиот начин на аплицирање и одобрување возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии гo прават целиот процес максимално транспарентен, затоа што ја елиминира вклученоста на човечкиот фактор, исклучувајќи можноста за коруптивно дејствување во работењето и истовремено ја олеснува процедурата за аплицирање заштедувајќи време и непотребни трошоци и за превозниците и за администрацијата“, велат од Министерството за транспорт и врски.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Дурмиши во Катар: Потребен е билатерален договор за посредување, со кој ќе се регулира регрутирањето на работниците

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, престојува во работна посета на државата Катар, каде оствари средба со шеикот Али бин Саид бин Сумаик Ал-Мари, министер за труд и други претставници на оваа земја.
Дурмиши на средбата истакна дека двете земји имаат голем потенцијал за унапредување на билатералната соработка во сите нивоа, како и за продлабочување на соработката во сите полиња, конкретно во полето на инвестициите, бидејќи Северна Македонија има клима и доволен капацитет за да ги пречека странските инвеститори.
Дурмиши информираше дека Северна Македонија и Државата Катар имаат договор за регулирање на вработувањето на работниците кој е во сила од март 2012 година, со кој се дефинираат односите меѓу двете земји за вработување на работници, постигнувајќи голем напредок меѓу Северна Македонија и Катар во областа на работните односи.
Со измените на законот за регулирање на организацијата на органите на државната управа, Министерството за економија и труд, од јуни ќе ги преземе работните односи, вработувањето, животниот стандард и заштитата на работниците и тоа дополнително ќе го олесни процесот не само на инвестиции, туку и на економска размена меѓу двете земји. Во наш интерес е да се воспостави меморандум за соработка кој ќе ги регулира областите на соработка меѓу двете земји, истакна Дурмиши.
За време на престојот во Катар, министерот Дурмиши го потенцираше и фактот дека нашата земја ја следи состојбата со нашите работници кои работат во Катар во одредени сектори, на пр. во угостителството, градежништвото, здравството итн. Во таа насока, потребно е да се склучи билатерален договор за посредување, со кој ќе се регулира регрутирањето на работниците, издавањето на работни визи и престојот во поедноставена постапка, времетраењето на работниот ангажман на работниците, нивните права и обврски, обврските на работодавачите, обврските на националните агенции за вработување на двете земји итн.
„За нас како Mинистерство за економија и труд, под чии надлежности се условите за работа на странските инвеститори, од големо значење е да работиме на подобрување на бизнис климата, се со цел да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст. Се надевам дека после оваа наша прва средба ќе работиме заеднички во иднина уште повеќе да ги подобриме односите помеѓу нашите две пријателски земји. Работиме со висок интензитет за да донесеме што повеќе инвеститори од Катар, што значително би ја подобрило економијата и животниот стандард на граѓаните“ изјави министерот Дурмиши.
Економија
(Видео) Илиевски: Заканите од трговците за отпуштања се последица на слабото лидерство на Мицкоски

Заканите од трговците за отпуштање на 5000 работници се директна последица на неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да води економска политика која ќе ги заштити граѓаните, но и ќе обезбеди стабилност за работниците и компаниите. Така е кога Мицкоски наместо да биде лидер, глуми набљудувач во државата која ја води, изјави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски.
„СДСМ, додека беше на власт, успеваше да донесе мерки кои ја контролираа ценовната криза без да дозволи отпуштања. Зошто? Затоа што се боревме за интересите на граѓаните, но и за стабилноста на пазарот“, рече Илиевски.
Тој апелираше до власта да ги прифати пакет мерките кои ги презентираа. Мерките се однесуваат на намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто; намалување на ДДВ за основни прехранбени производи; замрзнување на цените на основните производи; фиксирање на маржите за основните производи; итна примена на Законот за нефер трговски практики; намалување на цената на „зелениот картон“ за автомобили и зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите.
Економија
Англиска компанија бара партнери за соработка од Македонија

Сојузот на стопанските комори на Македонија го споделува барањето на компанијата „Марион трејдинг“, со седиште во Обединетото Кралство, која е специјализирана за дистрибуција на источноевропски прехранбени производи.
Моментно бараат сигурен деловен партнер за набавка на производи од ферментирана зелка.
Нивниот годишен обем на набавки за овие производи е приближно 1.000 тони и сакаат да воспостават долгорочно партнерство со доверлив доставувач, велат од Стопанската комора.
Сите заинтересирани компании за соработка може да се пријават најдоцна до 20.2.2025 година до 14 часот на следниот имејл: [email protected]