Македонија
Одлична можност за заработка на цената на златото со бесплатни 50 евра
FXLider, специјално на сите читатели на порталот ’Мак Факс’, им подарува 50 ЕВРА наменети за тргување сo цената на златотo na светската берза, единствена берза на која може да се заработи и кога цената на златото расте и кога паѓа.
Превземете 50 ЕВРА за тргување овде.
Златото има две основни улоги, од една страна е роба односно добро (кое се користи во електроника, правење на накит …) но исто така е и чувар на вредноста, посебно во периодите на голема несигурност и политички конфликти. Поради оваа причина цената на златото достигна рекордно висока цена во 2011. година во текот на финансиската криза кога повеќето од светските банки ја девалвираа својата национална валута како би го убрзале подобрувањето на својата економија. После 2011 година па до денес цената на златото падна за 41.5%.
Најдиректно влијание на падот на цената на златото има јакнеење на доларот затоа што цената на златото е изразена во американската валута. Доколку доларот порасне цената на златото паѓа. Главна причина за растот на вредноста на доларот е заздравувањето на економијата во САД која што со себе донесе и се почести шпекулации за зголемевање на каматни стапки. Доколку ФЕД одлучи да го одложи зголемувањето на каматните стапки и со тоа за сега остава уште простор за понатамошно економско заздравување, цената на златото би можело повторно да порасне.
На падот на цената на златото имаат влијание низа политички добри вести кои што се случија пред скоро време. Постигнат е договор помеѓу Грција и нејзините кредитори, и со тоа е спречен излезот на овие земји од монетарната унија како и историски договор помеѓу Иран и западните сили во врска со нуклеараната програма. Ситуацијата со емигрантите од Сирија, Ирак и Либија се повеќе и повеќе се комплицира, така да и покрај силниот опаѓачки тренд на цената, можни се повремени скокови на цената на златото.
Последните неколку недели цената на златото се обидува да оствари раст и да ја искористи голема нестабилност на глобалниот финансиски пазар. Меѓутоа јакнеењето на доларот до кое дојде по девалвацијата на кинескиот јуан во голема мера го спречи заздравувањето на цената на овој благороден метал.
За инвеститорите во злато Кина е од посебно значење, затоа што Кина покрај Индија е најголем купувач на злато во светот. Планот на Кина е да од јуанот направи резервна валута, а да би го постигнала тоа мора да ги зголеми своите резерви на злато на приближно ниво од она кое го имаат западните централните банки и на тој начин да постигне кредибилитет во очи на меѓународната заедница. Процентот на злато во девизни резерви во САД е 74%, Германија 68%, додека во Кина е 2%. крај
FXLider има соработка со Fortrade Limited – компанија која е авторизирана и регулирана во UK од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под лиценца со број 609970..
Предупредување од ризик и одрекнување од одговорност
Договорите за разликата во цената (CFD) ги претставуваат производите кои се потпираат на финансискиот левериџ и носат високо ниво на ризик за Вашиот капитал затоа што цените можат брзо да постанат неповолни за Вас. Загубите можат да ги надминат Вашите депозити и од Вас би можело да се бара да извршите дополнителни плаќања. Овие производи можеби нема да бидат соодветни за сите клиенти и заради тоа морате да бидете сигурни да сте ги разбрале ризиците, а и да побарате независен совет. Овој материјал не претставува понуда, барање ни трансакција во поглед на било кој финансиски инструмент. FXLider не прифаќа никаква одговорност за било каква употреба на овие коментари ниту за последиците кои од тоа можат да проистекнат. Не се дава никакво уверување ниту гаранција за точноста или потполноста на овие податоци. Како резултат на тоа, секое лице кое ќе постапи спрема нив, тоа го прави потполно на сопствен ризик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

