Македонија
Одземени 10 тони нелегално произведен тутун во Могила и Кукуречани
Десет тони нелегално произведен тутун е одземен е во петокот од вкупно 24 производители во Могила и Кукуречани кои не ја почитуваа забраната за производство што им ја изрече Државниот инспекторат за земјоделство.
Ова на пресконференција во петокот поплдне го истакна директорот на Инспекторатот Румен Стаменов.
Тој рече дека е фрапиран од опозициската СДСМ која ја злоупотребува акцијата на Инспекторатот и зборува за некаков „пат на тутунот“.
„Ваквите акции, заради својот карактер никогаш не биле најавувани јавно, но се спроведуваат во континуитет. Така беше и со овој конкретен случај, но и со многу други исти или слични претходно.Државниот инспекторат го прашува СДСМ дали во иднина сака да им ја најавува секоја акција која е во тек за да може да го информира своето членство и луѓето блиски до нив“, потенцира Стаменов.
Државниот инспекторат за земјоделство со акцијата почна на почетокот на месецот откако на 25 август годинава ЈП Стрежево побара документација за површини тутун кои се наводнуваат. По направената идентификација на површините, од 5-ти сепември започнаа и контролите на терен.
„Од 5 до 15 септември во атарот на селата Могила и Кукуречани извршивме неколку контроли. Констатирано е дека има нелегално производство на широколисен тутун на околу 60 хектари за кој не се склучени договори со откупни претрпијатија. Нелегално производство беше пронајдено кај 24 физички лица, на кои согласно Законот за тутун им е изречена казна во висина од 600 евра и им се издадени решенија за забрана на производство и пласман на овој тип на тутун“,рече Стаменов.
Инспекторите на 17 септември повторно извршиле контрола и констатирале дека од 24-те лица, 12 не се придржувале на решенијата за забрана за производство и пласман, поради што им ќе им биде изречена казна од 1.500 евра.
„Законите важат еднакво за сите и никој нема да биде поштеден доколку не ги почитува. Таква е определбата на оваа Влада, рече Стаменов. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

