Македонија
Отворен контакт центар на Агенцијата за катастар
Агенцијата за катастар на недвижностиво петокот ја информираше јавноста дека доби современ Контакт центар кој е ставен во служба на граѓаните, професионалните корисници и вработените на Агенцијата.
Контакт Центарот е достапен на бесплатната инфо линија 0800 80 800 на која може да се пријават сите забелешка или поплака за некоректен однос на вработените, мито и корупција, добивање информација за статусот на конкретен предмет како и други информации поврзани со работата на катастарот.
Во контакт центарот има посебна Инфо-линијата за професионални корисници на електронскиот шалтер, како и посебна Инфо-линија за странски инвестиции и домашни бизнис компании.
Контакт центарот работи секој работен ден од 08.30-16.30 часот а информациите може да се добијат на македонски, албански или англиски јазик. Клиентите може да постават прашање, да остават коментари и сугестии и преку електронската пошта [email protected].
Една од придобивките од формирањето на Контакт центарот е и можноста преку директните јавувања на бесплатната телефонска линија да се следи и задоволството на Клиентите од работата на катастарот, но и можноста апликациски да се креираат и следат анкети со цел да се добијат подетални информации од поширок круг на корисници за задоволството од добиените услуги од катастарот, се вели во соопшението.
Истовремено Агенцијата за катастар најави дека преку Контакт центарот ја започнува првата анкета која е насловена “Вашето мислење за нас- До подобра услуга за вас“
Во текот на викендот преку дневните весници, а од понеделник и во следните 30 дена на шалтерите во сите одделенија на катастарот, граѓаните ќе добијат прашалник со 4 прашања и тоа: 1. Дали сте го посетиле катастарот, 2. За која услуга имавте потреба да дојдете во Катастарот, 3.Колку сте задоволни од услугата во катастарот и 4. Дали имате предлози/сугестии со кои сметате дека би се подобрило работењето во Катастарот.
Целта на овој прашалник е да ја прашаме пошироката јавност за задоволството од добиените услуги од катастарот но истовремено и да замолиме за прелози, сугестии и идеи со цел да го подобриме работењето на катастарот односно да ги подобриме услугите кои ги даваме за нашите корисници, стои во сооптението.
Пополнетиот прашалник кој е анонимен ќе може да се остави веднаш на самиот шалтер, да се испрати по пошта или преку е-маил до Катастарот или анонимно преку бесплатната телефонска линија на Контакт центарот 0800 80 800 да се соопштат одговорите на прашањата.
Доставените прашалници ќе бидат примени и обработени од страна на Вработените во Контакт центарот и добиените резултати ќе бидат внимателно анализирани а понатаму и преточени во идни проекти кои ќе го подигнат нивото на услугите на катастарот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

