Македонија
Означувањето на храната ќе биде согласно европските стандарди
Прехранбените производи ќе мора на амбалажата да имаат потполни и соодветни информации, во спротивно нема да може да се продаваат на македонскиот пазар.
Ова е предвидено со европската лигислатива, која за производите кои се пласираат на македонскиот пазар ќе стапи на сила во јуни годинава.
За македонските производи кои се извесуваат на европскиот пазар, оваа одредба стапи на сила на 13 декември 2014 година.
Согласно овие стандради, секој прехранбен производ кој што ќе се најде на рафтовите во домашните продавници, меѓу другото, ќе мора да содржи информации за алергенсите, односно дали употребата на производот може да потикне одредени алергии. Покрај ова производот неизбежно ќе мора да има информации за нутритивниот аспект, како и за потеклото.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски информираше дека Агенцијата преку работилници и посебен водич ги едуцира операторите со храна за новите прописи.
„За оваа цел како Агенција излеговме во пресрет на нашите оператори со храна кои го пласират производот на домашниот пазар со цел сите информации кои им се потребни во однос на измените на законот да ги добијат и да можат навремено да ги применат за да можат нормално да ги пласираат своите производи и да не заостануваат во однос на конкуренцијата“, рече Поповски на прес конференција во Стопанската комора на Македонија.
Според него, со воведувањето на овие измени се уредуваат и правата на потрошувачите.
„Со новите измени се регулираат сите оние барања кои треба да ги имаат прехранбените производи во поглед на означувањето со храна. Нема да можат да стават информации кои не се соодветни или не се целисходни. Со овие информации им се овозможува на потрошувачите сами да го изберат производот кој го посакуват“, рече Поповски.
Тој информираше дека оние производи кои нема да ги применат новите прописи ќе бидат повлечени од македонскиот пазар, а предвидени се и парични казни до 5.000 евра за правното лице.
Поповски рече дека нема информации за евентуални проблеми кај македонските извозници на храна на европскиот пазар, за кои веќе стапија на сила овие одредби и изрази уверување дека сите опеартори со храна на домашниот пазар ќе имаат доволно време да се прилагодат до јуни. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

