Македонија
Парното повтинува 0,19 отсто, корисниците ќе се грејат еден час гратис
Цената на топлинската енергија за корисниците приклучени на мрежата на Балкан енерџи груп (БЕГ) од 1 август се намалува за 0,19 отсто, објави во петокот Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на топлинската енергија за корисниците приклучени на мрежата на Балкан енерџи груп (БЕГ) од 1 август се намалува за 0,19 отсто, објави во петокот Регулаторната комисија за енергетика.
Покрај ова, донесена е одлука во новата грејна сезона, која започнува од 15 октомври 2015 година, радијаторите да бидат топли до 22 часот, наместо до 21 часот, како што беше пракса во претходната година. Тоа значи дека БЕГ ќе испорачува топлинска енергија од 06 до 22 часот.
Сметките за корисниците кои се исклучени од системот, а имаат законска обврска да ги плаќаат само фиксните трошоци, се намалуваат за 0,75 отсто
Образовните институции (детските градинки, училиштата) кои ги користат услугите на БЕГ, ќе плаќаат за 14,45 отсто помалку.
Цената на парното греење за корисниците на ЕЛЕМ енергетика, кој е снабдувач во скопските населби Автокоманда, Гази Баба и Хиподром, во просек ќе имаат за 0,86 отсто пониски сметки, со тоа што услугите за корисниците кои плаќаат топлинска енергија по грејач се намалуваат за четири отсто, додека за еден отсто поскапуваат услугите за корисниците кои плаќаат по метар квадратен.
Цената на топлинската енергија за потрошувачите приклучени на снабдувачот Скопје Север, односно жителите на Чаир и Бутел, сотанува непроменети.
Првиот човек на РКЕ, Димитар Петров појасни дека намалувањето на топлинската енергија се должи на намалената цена на горивата, поточна на природниот гас.
Петров информираше дека во претстојната сезона се изменува начинот со кој снабдувачите ќе имаат обврска порано да ја започнат сезоната, или пак, да ја продолжат. Тој прецизираше дека мерило за оваа обврска во иднина ќе биде доколку средната температура која ќе ја достави УХМР за еден ден е под 12 степени, а не како што беше до сега три дена последователно температурата да биде под 12 степени. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Среќата не се чека, почнуваат Lucky Days во Нептун!
Ви треба клима уред, компјутер, правосмукалка? Истражувате…
Старите слушалки губат контакт… Истражувате…
Машината за алишта веќе не пере како порано… Истражувате…
Имате 1000 прашања и дилеми, не знаете кој уред е најдобар за вас, не сакате да згрешите во изборот, ниту да се покаете дека сте купиле нешто што не вреди за парите…
Толку многу информации на располагање, но се уште не може да донесете одлука?
Од 14.10.2024 почнуваат Lucky Days во Нептун, со огромни попусти, неверојатни заштеди и супер поволности за плаќање до дури 60 рати. Од ХХ.ХХ најголемиот бренд за производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење од над 15 врвни брендови ги отвора своите најдобри понуди и иновативни решенија за домот по извонредно ниски цени.
Lucky Days е периодот кога треба да зачекорите онаму каде што живее техниката, бидејќи никој никогаш до сега не ги победил најдобрите цени во овие „среќни денови“ што се реализираат само неколку пати во годината.
Дополнително, од почетокот на 2024 година, Нептун направи и огромни инвестиции во развој, реновирање и прилагодување на десетина продавници со цел да го подобри квалитетот и корисничкото искуство. Таа стратегија продолжува и во 2025, со цел Нептун секогаш да го понуди најдоброто на своите купувачи.
Затоа, облекувајте патиките за спринт и доаѓајте, бидејќи почнуваат Lucky Days во Нептун! Единствената и уникатна кампања на пазарот која е повеќе од само продажна атракција, затоа што освен најдобрите понуди, огромни попусти, намалување до 55%, можност за плаќање до 60 рати, ќе бидете пречекани и од врвен, способен, едуциран и искусен тим, што ќе ви понуди одлична навигација низ портфолиото на производи, ќе ви овозможи споредба на карактеристики, функционалност и демонстрација на посакуваниот уред.
Никој не прави поголем продажен спектакл од Нептун со своите Lucky Days! Ајде во НЕПТУН!
(ПР)
Економија
Народната банка одржа обука за царинските работници за препознавање фалсификувани пари
Преку постојано зајакнување на капацитетите на институциите, Народната банка го јакне системот за справување со фалсификуваните пари. Имајќи предвид дека јавните службеници, вршејќи ја својата должност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите, нивното обучување за воочување сомнителни примероци, за нивно отстранување и за доставување до Народната банка е суштинско во борбата против фалсификатите. Оттаму, во Народната банка, во рамките на соработката со Царинската управа, обучувачи од Дирекцијата за трезорско работење одржаа обука за царинските работници за препознавање сомнителни пари и за справување со нив.
Како препорака од твининг-проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, Народната банка започна да организира обуки за претставници од институциите вклучени во системот за справување со фалсификување пари, односно од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Јавното обвинителство и од Финансиската полиција. Исто така, редовно се организираат задолжителни обуки за запознавање со заштитните елементи на домашните и на странските валути за вработените во банките и центрите за готовина. Само минатата година низ обуките поминаа повеќе од 200 професионалци.
Народната банка инаку е единствената овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите денари и странски валути. Во изминатиот период, засилено се врши и размена на податоци со националните и меѓународните институции за спроведување техничка анализа и откривање фалсификувани пари.
Економија
Претседавачот на ЕБА: Комбинацијата на мерки на Народната банка и останатите централни банки вродија со плод
Комбинацијата од монетарното затегнување и макропрудентните мерки, која Народната банка, како и останатите централни банки ја применија, е неопходна како одговор на инфлациските притисоци со кои во последно време се соочуваме, посочи во интервју за “Независен”, Хозе Мануел Кампа, претседавач на Европскиот банкарски одбор-ЕБА.
Претседавачот Кампа истакнува дека централните банки ширум светот, вклучително и во ЕУ, го усвоија овој двоен пристап за да обезбедат финансиска стабилност. “Преку покачувањето на каматните стапки, централните банки директно се соочуваат со инфлацијата, додека макропрудентните мерки, како што е зголемувањето на капиталните побарувања или стрес-тестирањето, им помагаат на банките да останат отпорни во соочувањето со економските шокови”, вели Кампа и нагласува дека треба да се постави рамнотежа помеѓу одржувањето на ценовната стабилност и гаранциите дека банкарскиот сектор може соодветно да ги поддржи нашите економии. “Макропрудентните мерки се гаранција дека банките имаат доволно капитал да ги апсорбираат загубите од нефункционалните кредити и да го одржат кредитниот тек, кој што е клучен за економското закрепнување”, вели Кампа.
Претседавачот на ЕБА истакнува дека воведените мерки вродија со плод бидејќи видовме пад на инфлацијата под таргетот од 2% во ЕУ. “Иако ова е позитивен знак, сепак мора да останеме внимателни. ЕБА продолжува тесно да соработува со централните банки и државните органи за да го процени влијанието на овие мерки и да се осигура дека банкарскиот сектор останува истовремено отпорен и способен да ја поддржи пошироката економија”, посочува Кампа.
Европскиот банкарски одбор (ЕБА – European banking authority), е независен орган на ЕУ чија улога е заштита на интегритетот и робусноста на банкарскиот сектор на ЕУ за поддршка на финансиската стабилност во ЕУ. Претседавачот на ЕБА, Хозе Мануел Кампа, беше учесник на Десеттата меѓународна конференција на Народната банка, која како централна тема ја имаше работата на централните банки во сегашниот предизвикувачки амбиент.