Македонија
По електронски пат поднесени 42.000 годишни сметки
Директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, и претседателот на Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Република Македонија, Драган Митковски, заедно со тимови од двете институции, денес во просториите на Комората одржаа работна средба заради анализирање на можностите за понатамошно унапредување на соработката помеѓу двете институции.
Директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, и претседателот на Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Република Македонија, Драган Митковски, заедно со тимови од двете институции, денес во просториите на Комората одржаа работна средба заради анализирање на можностите за понатамошно унапредување на соработката помеѓу двете институции.
Поповски и Митковски ја поздравија досегашната одлична соработка, како и отвореноста на Централниот регистар за сугестиите и барањата на сметководителите како професионална заедница. На средбата се резимираше овогодинешниот процес на доставување на годишните сметки за правните субјекти, при што се потенцираше едноставноста и стабилноста на системот за електронско поднесување во Регистарот за годишни сметки. Митковски истакна дека неколкуте надградби на системот со кои значително се зголеми неговата функционалност беа токму резултат на забелешките упатени од страна на сметководителите во досегашната комуникација директно со врвното раководство на Централниот регистар. Како резултат на тоа, во 2016 година по електронски пат беа поднесени над 42.000 годишни сметки, што е за околу 40 отсто повеќе во однос на 2015 година.Двете страни изразија задоволство и од функционирањето на регистрационите агенти, кои претставуваат овластени подносители во Трговскиот регистар во постапки за упис на основање на трговски друштва и трговци поединци. Досега има околу 500 регистрациони агенти – сметководствени бироа со овластување за поднесување во Трговскиот регистар, дисперзирани ширум Република Македонија, и поднесувањето на пријави за упис преку системот за е-регистрација од страна на регистрационите агенти се одвива беспрекорно.
Поповски и Митковски се заложија за продолжување на тесната соработка, во насока на олеснување на условите за водење бизнис и подобрување на бизнис-климата во Република Македонија, во постојан дослух со професионалните заедници кои се корисници на услугите на Централниот регистар./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Кузманоска: Домашните капитални инвестиции во 2026 година ќе бидат мотор за економскиот раст на земјата
Биљана Кузманоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година порача дека Предлог-буџетот за 2026 година носи ред, мерливи резултати и стабилен економски раст, со силен фокус на инфраструктурата и инвестиции кои треба да отворат нови работни места.
,,Буџетот за 2026 година не е само финансиска рамка, тој е одраз на новиот начин на работа, на новата политика што ја ветивме, политика на одговорност, ред и чесност“, рече Кузманоска и додаде:
,,Воведуваме јасни прагови за реализација, и тоа не на хартија туку со мерливи рокови. До крајот на првиот квартал, 15% до вториот 40% до третиот 65% и најмалку 70% до 15 ноември“.
Кузманоска посочи дека фокусот на Предлог-буџетот за 2026 година е и инфраструктурата.
,,Фокусот е на инфраструктурата што ја поврзува Македонија. Патишта, железници, училишта, болници, локални проекти. Со овој буџет имаме реален раст и стабилност. Буџетот е поставен на реални и внимателни проекции. Раст на економијата од 3,8% проекти, инфлација стабилна на 2,5%, и дефицит кој е намален н 3,5% од БДП“, истакна Кузманоска.
Таа дополни дека во 2025 година Македонија имаше рекордни странски инвестиции, што според неа, покажува стабилност, а истакна и дека во 2026 година се очекува инвестициите заедно со домашните капитални вложувања да бидат мотор на економскиот раст и да отворат нови работни места.
,,Минатата година го достигна највисокото ниво на странски директни инвестиции во својата историја, над 1 милијарда евра. Тоа не се бројки, туку доказ дека инвеститорите гледаат стабилност, предвидливост и волја за работа. Во 2026 година, заедно со домашните капитални вложувања очекуваме инвестициите да бидат мотор што ќе го движи економскиот раст и ќе отвора многу нови работни места“, кажа Кузманоска.
Економија
Илиевска: Предлог-буџетот за 2026 година е развоен, стабилен и насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните
На денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска каде истакна дека Предлог-буџетот е развоен, стабилен и директно насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.
„Предлог-буџет за 2026 година со рекорден износ од 6,7 милијарди евра и она што е особено важно, а граѓаните треба да го знаат е дека во овој буџет се обезбедуваат повеќе средства за повисоки плати, пензии, за нови училишта, нови спортски сали, игралишта, нови градинки, нови болници, за нови патишта, за развивање на инфраструктурата, за развивање на дигитализацијата, и најважно од се за реализација на капитални инвестиции кои се особено важни, бидејќи тоа се зрели проекти кои се веќе и во реализација, конкретно оние проекти во општините кои токму државата ги финансира, а се однесуваат и се наменети за граѓаните“, вели Илиевска.
Илиевска дополни дека со буџетот се проектира раст на просечната нето-плата од 6,5%, зголемување на бројот на вработени за 1,6% и намалување на невработеноста на 10%. Проектираниот економски раст од 3,8%, според неа, е показател за стабилен и забрзан развој на економијата.
„Со овој Предлог-буџет се очекува просечната нето-плата да порасне на 6,5%, а бројот на вработени да се зголеми за 1,6% што невработеноста би се намалила на 10%. Проектираниот раст на економијата за 3,8% е многу важен и покажува дека се нуди континуиран раст и се дава сигнал дека економијата продолжува да се развива со забрзано темпо“, истакна Илиевска.
Илиевска посочи дека граѓаните ќе ги уживаат бенефитите со новиот буџет кој е конципиран во контекст на економскиот раст, финансиската стабилност и реализација на стратешки приоритети на Владата.
„Во буџетот за 2026 година се планирани 52,6 милијарди денари за плати, или зголемување од 3,6 милијарди денари, односно 7,5% во однос на ребалансот. Тоа значи повисоки плати за работниците, за наставниците и професорите, за здравствените работници, за полициските службеници, едноставно за сите луѓе коишто творат и создаваат во Македонија“, заклучи Илиевска.
Економија
Ангелова: Буџетот за 2026 обезбедува зголемени средства за социјална заштита, како и за раст и редовна исплата на пензиите
На денешната седница за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, која се осврна на делот кој се однесува на социјалната заштита и поддршката на граѓаните, истакнувајќи дека цврсто стои зад буџетската рамка, затоа што обезбедува зголемени средства за социјална заштита и поддршка на ранливите категории.
„Предлог Буџетот за 2026 година обезбедува зголемени средства за социјална заштита, и поддршка на ранливите категории – децата, лицата со попреченост, самохраните родители, старите лица и сите кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост. Со Буџетот се обезбедува редовна исплата на платите и пензиите, како и континуирана социјална заштита. Средствата за социјална заштита се проектирани на 206,3 милијарди денари, што е раст од 6,7 проценти. Платите изнесуваат 52,6 милијарди денари, или 7 проценти повеќе во однос на оваа година, во кое е опфатено зголемување на платите со порастот на минималната плата“, вели Ангелова.
Пратеничката Ангелова посочи дека ќе продолжи растот на пензиите и во наредниот период но и дека ќе се продолжи со мерки кои обезбедуваат одговорно управување со јавните финансии, постепено намалување на расходите и одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг како и засилена фискална дисциплина и транспарентност.
„Во пензискиот систем се вклучени сите зголемувања реализирани во износ од 5.000 денари во септември 2024 и март 2025 година, како и последното зголемување од 1.000 денари. Растот на пензиите ќе продолжи и во наредниот период, со цел поддршка на стандардот на пензионерите. Со овој Предлог – буџет за 2026 година ќе има засилена фискална дисциплина, поголема ефикасност во капиталните инвестиции, централизирана контрола и транспарентност, јасна процедура за субвенции и трансфери, подобра контрола врз општините, транспарентност во повратот на приходи, редовно известување и отчетност, правна сигурност и предвидливост и поголема одговорност на институциите“, рече Ангелова.

