Македонија
Подобрување на протокот на граничните премини
Надградба на објектите на граничните премини Табановце и Ќафасан со цел подобрување на протокот најави во понедленикот Царинската управа.
Во таа насока, избрана е консултантска фирма која до крајот на годината ќе ја подготви градежно техничката документација за надградба на објектите на овие гранични.
Конкретно станува збор за проширување на постојниот терминал за увоз и извоз на стока на граничниот премин Табановце за дополнителни 4.000 м2 и изградба на нови придружни објекти, како и изградба нов увозно извозен царински терминал од 9.500 м2 на граничниот премин Ќафасан со пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти. За таа цел, обезбедени се средства од ИПА фондовите во износ од 1,9 милиони евра за граничниот премин Табановце и 1,5 милиони евра за граничниот премин Ќафасан.
Со овие проекти ќе се забрза и олесни стоковата размена, особено на фреквентните гранични премини, а воедно ќе се олесни и забрза транспортот долж пан-европските коридори 8 и 10.
Исто така, Царинска управа интензивно работи на утврдување на можноста за воведување на концептот на заеднички контроли со соседните земји на повеќе гранични премини. Со воведување на заеднички контроли значително ќе се намали времето и трошоците за спроведување на граничните формалности со што ќе се забрза и поедностави протокот на патници, стока и превозни средства. Имајќи ја предвид околноста дека веќе неколку години на граничниот премин Прешево српската Царина нема терминал и работи на отворено, Царинската управа иницираше склучување на спогодба со Србија за воведување на заеднички царински контроли на граничниот премин Табановце – Прешево што ќе придонесе во процесот на постојани реформи на царинското работење и значително ќе влијае на осовременување на работењето, притоа обезбедувајќи нови поволности за економските оператори кои се корисници на услугите на Царинската управа.
Царинската управа на Република Македонија во пресрет на летната сезона ги потсетува превозниците дека со цел да се избегнат подолги задржувања на граничните премини и да се обезбеди брз и безбеден проток на жива стока, стока во свежа состојба, ADR (опасни материи) и празни камиони на најфрекфентните гранични премини Tабановце и Богородица, Царинска управа и Бирото за јавна безбедност при МВР потпишаа Протокол со кој се уредува постапката за побрз проток на наведените стоки и празните возила.
Согласно Протоколот, при излез од Република Македонија, се определи слободен коридор за приоритетно движење на жива стока, стока во свежа состојба, ADR (опасни материи) и празни камиони на граничните премини Табановце и Богородица. На барање на деловната заедница слободниот коридор е терминиран во периодот од 21:00 до 01:00 часот секој ден.
При влез во Република Македонија обезбедените услови за приоритетно движење од граничната линија до царинскиот терминал и приоритетно спроведување на царинската постапка на возилата со жива стока, стока во свежа состојба, ADR (опасни материи), како и на празните возила досега дадоа одлични резултати. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

