Македонија
Поевтинуваат горивата за еден денар
Малопродажната цена на нафтените деривати ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар за литар, одлучи во понеделникот, Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 77 денари, литар еуросупер БС-98 ќе се продава по 78,5 денари, а цената на еуродизелот изнесува 65,5 денариз а литар.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ -1) се намалува за 0,5 денари, со што новата цена изнесува 54,5 денари за литар.
Мазутот М-1 НС поевтинува за 0,317 денари и од ноќеска на полноќ ќе се продава по 38,843 ден/кг.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 97,096 $/барел и е за 3,71 % понискаод просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период изнесуваше 47,5706 ден /$ и е за 2,14% повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски на економски и политички средби во Вашингтон: „Се лобира за интересите и напредок на државата“, велат од Владата
Во текот на вчерашниот ден, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, присуствуваше на дел од инаугурациските активности на новиот претседател на САД, кои се оддржаа во Вашингтон.
Тој оствари средба и со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли, со кого го проследи поздравниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп.
Меѓу другото, престојот во Вашингтон беше искористен и за многубројни средби на кои се лобира за македонските интереси, соопштија од владината прес-служба.
Премиерот Мицкоски на свеченоста „Гласови на слободата“, организирана од компаниите „Трамп медија“ и „Рамбл“, која се одржа по инаугурацијата, оствари средба со Ден Бонџино, еден од најблиските соработници на претседателот Трамп и најпознат политички десничарски коментатор.
„Разговор во кој зборувавме за Македонија, нашите предизвици, но и можности. Нашите аргументи и позиции се јасни и нашето стратешко партнерство со САД и со администрацијата на претседателот Трамп се силни. Се бориме дома за повисоки плати, пензии, нова инфраструктура, подобро здравство, поконкуретно образование, брзорастечка економија итн., но се бориме и во Брисел, Берлин, Париз, Лондон, Вашингтон итн., нашиот глас е сè посилен“, истакна за средбата премиерот на македонската влада, Мицкоски.
Истовремено, македонскиот премиер оствари разговор со Ендру Пејкоф, канадски бизнисмен со македонско потекло, основач и претседател на „Нијагара ботлинг“, компанија што има годишен приход од речиси 4 милијарди американски долари и приближно 5.000 вработени. Компанијата е основана 1963 година и денес е најголема компанија на американскиот пазар од оваа област.
„Инвестициите на ‘Нијагара ботлинг’ во Македонија се добредојдени. Македонската дијаспора е клучен елемент во системот, нашиот глас и аргументите да бидат појасни и посилни во светот. Обновуваме, но и создаваме нови можности и партнерства со секој што може да ѝ помогне на државата“, истакна Мицкоски за средбата.
Претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски. се сретна и со Џеси Спиро, главен директор во „Тетер“ и одговорен за стратешките односи со владите во светот. „Тетер“ е најголемата компанија во светот, која управува со дигитален капитал, криптовалути. Профитот на компанијата во 2023 година е 6,2 милијарди американски долари, а само во првата половина од 2024 година профитот на компанијата е 5,2 милијарди американски долари.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за криптопазарот, иднината на криптовалутите и блокчејн-технологијата. Секоја инвестијата на ‘Тетер’ и споделено искуство од најголемите во својата област е добредојдено. Мора да чекориме со големи чекори напред. Предизвиците на иднината не смееме да ги игнорираме“.
Економија
УЈП со потсетување до даночните обврзници: рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите е до 27 јануари
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, кои имаат обврска да поднесат ДДВ-04 пријави, дека рокот за поднесување е до 27 јануари 2025 година.
До денес, од вкупно 41.531 очекувани ДДВ-04 пријави, поднесени се 6.253 пријави, што претставува само 15,1 % од вкупниот број. Остануваат уште 35.278 ДДВ-04 пријави, кои треба да се поднесат во преостанатите денови, соопштија од УЈП.
Апелираат граѓани да бидат одговорни даночни обврзници и да ги достават сите потребни документи до сметководителите со цел навремено и точно да се обработат нивните ДДВ-04 пријави за овој даночен период.
Економија
Нови 200 милиони евра задолжувања – власта товари нови долгови врз грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни“, соопшти СДСМ.
„Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци. Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници.
Претходно кон крајот на октомври 2024 година кај домашните кредитори власта се задолжи со уште едно големо задолжување од 73,7 милиони евра.
Тоа се 700 милиони евра нови долгови создадени од ВМРО-ДППМНЕ за само 6 месеци. Власта енеромно го зголемува јавниот долг и ја турка државата во должничко ропство.
Во исто време додека се трупаат огромни долгови платите стагнираат , трошоците за живот ратст а граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови. Економската политика на ДПМНЕ е катастрофлано лоша и долгорочна опасна за финансиската стабилност и одржливост“, се наведува во соопштението на СДСМ.