Македонија
Потпишан македонско-бугарски меморандум за повисоки стандарди во ревизијата
Меморандумот за соработка со Комисијата за јавен надзор над овластените ревизори на Бугарија во средата во Софија потпиша Совет за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија (СУНРРМ) во согласност со своите утврдени цели и активности за унапредување и поставување повисоки стандарди на ревизијата како и повисок квалитет на ревизорските услуги, а во согласност со утврденото унапредување на меѓународната активност.
„Квалитетната ревизија е важен сегмент за донесување на инвестициска одлука. Инвеститорите бараат јасна слика за состојбата на компаните во нашата држава. Целта на Советот е преку стручни анализи и препораки, советувања и вршење независен јавен надзор на ревизијата, да работи во насока на нејзино унапредување, да го потикнува придржувањето кон високите професионални стандарди во ревизиската професија, како и да ја зајакне довербата на инвеститорите во податоците кои се објавени во годишните и консолидираните сметки на големите и средни трговци во Македонија“ рече Соња Ѓелова – Стојанова, претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, по потпишувањето на Меморандумот.
Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија (СУНРРМ) е самостојно и независно регулаторно тело, со јавни овластувања утврдени во Законот за ревизија и истиот константно работи во насока на нејзино унапредување.
Советот е основан во втората половина на 2012 година согласно 8-та директива на Европска унија, со што истиот започна со својата работа како независно професионално регулаторно тело над вршењето на ревизорските услуги во Македонија. Кон крајот на 2013 година.
Од почетокот на 2013 година, во Македонија започна процесот на лиценцирање на друштвата за ревизија, овластените ревизори – трговци поединци и овластените ревизори. При тоа паралелно се потпишуваа меморандуми за соработка до домашни институции, пред се со големите регулатори заради размена на искуства во проблематиката околу процесот на лиценцирање и регулирање на професијата.
Во втората половина на 2014 година, овој процес на лиценцирање е заокружен со што се утврдија минималните услови кои треба да ги исполнуваат друштвата за ревизија, овластените ревизори – трговци поединци и овластените ревизори заради вршење на професионалните ревизорски услуги.
Во текот на 2014 година, СУНРРМ активно соработува и со Институтот на овластени ревизори на Република Македонија , заради остварување на своите надлежности утврдени во Законот за ревизија.
СУНРРМ врз основа на потпишаните меморандуми за соработка со домашните институции, ја унапредува ревизорската професија и со тоа придонесува кон подобрување на квалитетот на ревизорските услуги.
Од своето основање до денес советот настојува да ги детерминира позитивните и негативните трендови во ревизорската професија на Република Македонија со цел да донесе соодветни одлуки и да пропише повисоки стандарди за искоренување на негативните трендови и за јакнење на позитивните трендови и унапредување на ревизијата и подобрување на квалитетот на ревизорските услуги.
Се нагласува дека во делот на меѓународните активности, СУНРРМ до сега има потпишано неколку Меморандуми за соработка со земјите од регионот и пошироко и тоа: Меморандум за соработка со Министерство за финансии на Република Српска,Босна и Херцеговина, Меморандум за соработка со Агенција (POB) во Албанија, Меморандум за соработка Агенција со Словенија, а претставниците на Советот зедоа активно учество и на меѓународни и домашни конференции, форуми и презентации./крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

