Македонија
Потпишана Спогодбата за намалување на цените на услугите во роамингот

Спогодбата за намалување на цените на услугите во роамингот во јавните мобилни комуникациски мрежи, помеѓу Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, потпишана е во понеделникот во Будва.
Спогодбата за намалување на цените на услугите во роамингот во јавните мобилни комуникациски мрежи, помеѓу Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, потпишана е во понеделникот во Будва.
Спогодбата е отворена, што значи дека во иднина, секоја заинтересирана земја, која не е опфатена со неа, може да се приклучи кон иницијативата.
Реализација на спогодбата ќе ја координира тело основано од претставници на регулаторите на државите потписнички.
Спогодбата ја потпишаа претставници на ресорните министерства за работите од областа на електронските комуникации.Во име на Република Македонија таа беше потпишана од страна на заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.
„Цените во роаминг за говорни услуги во мобилната телефонија, за смс пораки и интернет сообраќај, ќе бидат намалени, односно нивелирани на нивото на земјите од ЕУ. Услугите ќе бидат за петпати пониски од досегашните, што ќе овозможи граѓаните полесно и почесто да патуваат во земјите од регионот, заради туризам или креирање бизнис. Нашите мобилни оператори ја разбираат потребата за овој чин, ќе ги вклучиме во координативното тело и со тоа ќе имаат влијание во неговата работа. Врз основа на разговорите со нив ќе ја направиме динамиката и начинот на кој ќе се намалат цените. Очекуваме овој потег да влијае и на подобрување на стандардот на граѓаните.„- рече по потпишувањето на спогодбата заменик министерот Арсовска Томовска.
Идејата за потпишување на спогодбата потекнува од состанокот на претставниците на регулаторните тела за електронски комуникации од регионот, на тема “Регионална роаминг иницијатива“, што се одржа во Агенцијата за електронски комуникации во август оваа година во Скопје. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Годишен раст од 11 отсто на вкупните депозити и од 11,3 на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити остварија раст од 11,0 отсто, во поголем дел поради растот на депозитите на „домаќинствата“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 11,3 проценти како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на ЛИНКОТ.
Економија
Дурмиши во Катар: Потребен е билатерален договор за посредување, со кој ќе се регулира регрутирањето на работниците

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, престојува во работна посета на државата Катар, каде оствари средба со шеикот Али бин Саид бин Сумаик Ал-Мари, министер за труд и други претставници на оваа земја.
Дурмиши на средбата истакна дека двете земји имаат голем потенцијал за унапредување на билатералната соработка во сите нивоа, како и за продлабочување на соработката во сите полиња, конкретно во полето на инвестициите, бидејќи Северна Македонија има клима и доволен капацитет за да ги пречека странските инвеститори.
Дурмиши информираше дека Северна Македонија и Државата Катар имаат договор за регулирање на вработувањето на работниците кој е во сила од март 2012 година, со кој се дефинираат односите меѓу двете земји за вработување на работници, постигнувајќи голем напредок меѓу Северна Македонија и Катар во областа на работните односи.
Со измените на законот за регулирање на организацијата на органите на државната управа, Министерството за економија и труд, од јуни ќе ги преземе работните односи, вработувањето, животниот стандард и заштитата на работниците и тоа дополнително ќе го олесни процесот не само на инвестиции, туку и на економска размена меѓу двете земји. Во наш интерес е да се воспостави меморандум за соработка кој ќе ги регулира областите на соработка меѓу двете земји, истакна Дурмиши.
За време на престојот во Катар, министерот Дурмиши го потенцираше и фактот дека нашата земја ја следи состојбата со нашите работници кои работат во Катар во одредени сектори, на пр. во угостителството, градежништвото, здравството итн. Во таа насока, потребно е да се склучи билатерален договор за посредување, со кој ќе се регулира регрутирањето на работниците, издавањето на работни визи и престојот во поедноставена постапка, времетраењето на работниот ангажман на работниците, нивните права и обврски, обврските на работодавачите, обврските на националните агенции за вработување на двете земји итн.
„За нас како Mинистерство за економија и труд, под чии надлежности се условите за работа на странските инвеститори, од големо значење е да работиме на подобрување на бизнис климата, се со цел да имаме повеќе инвестиции кои ќе значат поголема вработеност и поголем економски раст. Се надевам дека после оваа наша прва средба ќе работиме заеднички во иднина уште повеќе да ги подобриме односите помеѓу нашите две пријателски земји. Работиме со висок интензитет за да донесеме што повеќе инвеститори од Катар, што значително би ја подобрило економијата и животниот стандард на граѓаните“ изјави министерот Дурмиши.
Економија
(Видео) Илиевски: Заканите од трговците за отпуштања се последица на слабото лидерство на Мицкоски

Заканите од трговците за отпуштање на 5000 работници се директна последица на неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да води економска политика која ќе ги заштити граѓаните, но и ќе обезбеди стабилност за работниците и компаниите. Така е кога Мицкоски наместо да биде лидер, глуми набљудувач во државата која ја води, изјави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски.
„СДСМ, додека беше на власт, успеваше да донесе мерки кои ја контролираа ценовната криза без да дозволи отпуштања. Зошто? Затоа што се боревме за интересите на граѓаните, но и за стабилноста на пазарот“, рече Илиевски.
Тој апелираше до власта да ги прифати пакет мерките кои ги презентираа. Мерките се однесуваат на намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто; намалување на ДДВ за основни прехранбени производи; замрзнување на цените на основните производи; фиксирање на маржите за основните производи; итна примена на Законот за нефер трговски практики; намалување на цената на „зелениот картон“ за автомобили и зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите.