Македонија
Потписниците на Синдикалната повелба бараат одложување на законот за придонеси за хонорарците
Владата да ја одложи примената на измените на законите со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите, со цел да се отвори простор јавноста да се произнесе за реперкусиите од нивното воведување и да се изнајде најповолно законско решение.
Владата да ја одложи примената на измените на законите со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите, со цел да се отвори простор јавноста да се произнесе за реперкусиите од нивното воведување и да се изнајде најповолно законско решение.
Вакво барање во четврток упатија Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права (Синдикатот на УПОЗ, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „Ленка“).
Тие сметаат дека законските измени што ќе стапат на сила од 1 јануари 2015 година ќе ја отворат Пандорината кутија, зашто ќе ги поттикнат работодавачите наместо договори за вработување да склучуваат договори за дело со нововработените лица, па дури и со веќе вработените работници.
Освен одложување на примената, тие бараат преку засилени инспекции на Инспекторатот за труд да бидат отстранети случаите на прикриен работен однос, односно на наметнато вршење работа без договор или врз основа на договор за дело, при што за работниците не се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување.
„Ние, потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права, во принцип не сме против тоа да се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување за лицата кои се доведени до ситуација со години да не можат да остварат права од пензиско и здравствено осигурување, иако вршат работа. Напротив, ние целосно сфаќаме колку е важно плаќањето на придонесите за пензиското и здравственото осигурување како за самите работници така и за функционирањето на фондовите за пензиско и здравствено осигурување“, се вели во соопштението.
Сепак, продолжува соопштението, ние не сме убедени дека законските измени што ќе стапат на сила од 1ви јануари 2015 година ќе го решат проблемот со правата од пензиското и здравственото осигурување на лицата со прикриен работен однос, кои вршат работа без договор или врз основа на договор за дело.
Потписниците сметаат дека овие законски измени ќе ја создаваат можност за дополнително намалување на правата на работниците.
„Законските измени што ќе стапат на сила од 1 јануари 2015 година ќе ја отворат Пандорината кутија, зашто ќе ги поттикнат работодавачите наместо договори за вработување да склучуваат договори за дело со нововработените лица, па дури и со веќе вработените работници. На тој начин, тие ќе си ги исполнат финансиските обврски кон државата (плаќање придонеси од плата и персонален данок), но ќе заштедат на грбот на работниците врз основа на неисплата на надоместоци за годишен одмор, надоместоци за боледување, задолжителни систематски прегледи, отпремнини за вработените кои ги отпуштаат и друго. Исто така, нема да бидат законски обврзани да ги почитуваат работничките права кои ги имаат работниците согласно Законот за работните односи и другите закони кои регулираат права од работен однос. Посебно сакаме да нагласиме дека овие законски измени нема да имаат реперкусии по џебот и правата само на оние лица кои во моментот вршат работа за хонорар наместо за плата, туку и по оние вработени кои во моментот се вработени согласно одредбите на Законот за работни односи. Тоа е дополнителна причина за нашата загриженост, како и повод вработените кои во моментот се вработени согласно одредбите на Законот за работни односи да се солидаризираат со своите колеги кои ќе бидат директно изложени на последиците од законските измени по 1 јануари 2015 година“, пишува во соопштението.
Потписниците на Синдикалната повелба се против изземањето од плаќањето придонеси за хонорарите на избраните и именуваните лица.
„Избраните и именуваните лица во секоја демократија треба да бидат во служба на граѓаните, а не да бидат носители на дополнителни привилегии во однос на граѓаните. Според Уставот на Република Македонија, сите, вклучително и избраните и именуваните лица, се еднакви пред Уставот и законите. И од ништо што има ефект врз материјалната состојба и правата на граѓаните не смеат да бидат изземени“, се вели во соопштението.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

