Македонија
Повластена стапка на ДДВ за изградба на станови и во следните три години
Да се пролонгира до крајот на 2018 година повластената стапка на ДДВ за изградбата и првиот промет на станови се предлага во новиот Закон за ДДВ; што ќе придонесеза поддршка за градежниот сектор и ќе создаде услови за натамошна експанзија на станбената изградба, оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Предлог измените на Законот за ДДВ, што се во собраниска процедура, Ставрески очекува да бидат изгласани до крајот на месецов, а се на барање на градешниот сектор. „Владата имаше слух за тоа барање и дадовме предлог за три години, значи до крајот на 2018 година, изградбата на становите и првиот промет на становите да биде со повластена даночна стапка од 5 проценти што ќе овозможи понатаму градежна експанзија во делот на станбената изградба и ќе ја одржи цената на становите која што со поддршка на оваа мерка на Владата ќе може да биде пониска отколку што би била ако имаме данок од 18 проценти“, изјави Ставрески. Владината мерка која е воведена од крајот на 2009 година резултира со значително зголемување на изградбата на станови во Македонија. „Ако пред донесувањето на оваа мерка имавме околу 600 до 700 стана годишно што се градеа во државата сега меѓу 1.700 и 1.800 станбени единици се градат годишно. Вториот бенефит од оваа мерка што исто така во меѓувреме влијаеше се разбира и со други мерки што се преземаа за поддршка на градежните компании за намалување на просечната цена на становите. Ако пред неколку години таа во Скопје изнесуваше 950 евра по метар квадратен денеска е 850 евра по метар квадратен, а во внатрешноста на Македонија, во помалите градови, за 100 евра се пониски овие цени“, рече Ставрески. Според Роберт Хот, претседател на Градежната комора при ССК, градежните компании сметаат дека владината мерка ќе придонесе за стабилен раст и продолжување на нивната работа. „Новите проекти за изградба на делници од брзи патишта заедно со планот и натаму да се градат локални патишта очекуваме да придонесуваат за натамошен раст. Капиталните проекти се повеќегодишни и за нив е обезбедена финансиска конструкција што ни дава за право да се надеваме дека градежниот сектор и натаму ќе биде двигател на вкупниот економски раст. Лидерската позиција на градежниот сектор се одрадзува директно и индиректно и во други економски сектори, односно повлекува раст на повеќе од 26 други гранки од економијата поврзани со него. Инвестициите во инфраструктурни проекти значат основа и неопходност за раст на секоја економија“, изјави Хот.Советот на претседатели на стопанските комори како резултат на активностите, заложбите и иницијативите на Градежната комора во одредени законски измени кои треба да придонесат стабилност на градежниот сектор и позитивно да се одрзат и во други економски гранки ја прогласи Градежната комора за комора за 2015 година. „Како претседавач на Советот на претседатели на стопанските комори, врз основа на успесите постигнати во изминатата година и иницијативите за 2015 година, чест ми е да Ве информирам дека Градежната комора на Македонија, советот ја прогласи за комора на 2015 година. Веруваме дека и следната година градежништвото ќе придонесува во голем дел за севкупен економски раст“, изјави Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

