Македонија
Преку Регионалниот фонд за иновации пристап до 40 млн. евра
Официјално започнуваат активностите на Регионалниот фонд за иновации кој на бизнис заедница во Македонија и од земјите од регионот на Западен Балкан им овозможува пристап до финансиски средства во износ од 40 милиони евра.
„Владата на Република Македонија го препозна значењето на основањето на Регионалниот фонд за иновации како комплементарно со мерките од програмата на Владата за унапредување на иновациите (Фондот за иновации на РМ), за подобрување на конкурентноста на економијата и за подобрување на деловната клима, и веднаш се приклучи во иницијативата на основање на фондот“, рече Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.Македонија е прва потписничка на договорот за основање на Регионалниот фонд за иновации меѓу земјите од регионот и една од трите земји каде овој фонд има отворено локални канцеларии (Скопје, Белград и Загреб).„Веруваме дека со започнувањето на работа на локална канцеларија на Фондот во Скопје, на компаниите од Македонија финансиски средства ќе им бидат многу подостапни и ќе се олеснат административните процедури. Преку овој фонд малите и средните компании ќе имаат можност да добијат директни финансиски средства кои би ги инвестирале во развој на технологии, подигнување на квалитетот на производите и услугите, со што ќе се подобри и нивната конкурентност на локално, регионално и европско ниво“, рече Пешевски.Регионалниот фонд за иновации ќе партиципира во компаниите со финансиски средства во висина од 25 -49 отсто од сопственоста на компаниите, при што ќе бидат инвестирани од 500 илјади до 2 милиони евра по компанија.Фондот е резултат на заложбите и активностите на Европската Комисија и Европскиот Инвестиционен Фонд за обезбедување на нови финансиски инструменти за малите и средни компании за поддршка на нивната иновативност и раст. Фондот, исто така, е дел од пошироката „Платформа за развој на компании и иновации на Западен Балкан“ на Европска комисија со која на компаниите во Република Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и Хрватска на располагање им се ставаат вкупно 140 милиони евра./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

