Македонија
Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија нуди 2,3 млд. евра
Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија – КОСМЕ 2014-2020 има вкупен буџет од 2,3 милијарди евра, за период од 2014 до 2020 година, и содржи четири компоненти: пристап до финансии, пристап до нови пазари, подобрување на рамковни услови и промовирање на претприемништвото, а со потпишувањето на Договорот за учество на Македонија во оваа ЕУ програма минатата година, се исполнети условите за нејзино користење.
Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија – КОСМЕ 2014-2020 има вкупен буџет од 2,3 милијарди евра, за период од 2014 до 2020 година, и содржи четири компоненти: пристап до финансии, пристап до нови пазари, подобрување на рамковни услови и промовирање на претприемништвото, а со потпишувањето на Договорот за учество на Македонија во оваа ЕУ програма минатата година, се исполнети условите за нејзино користење.
„Министерството за економија, како Национален партнер – институција за КОСМЕ, ја фаворизира токму Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија на Европската Унија, бидејќи таа нуди можности за: зајакнување на конкурентноста и одржливоста на претпријатијата, како и поттикнување на претприемачка култура и развојот на мали и средни претпријатија. Поттикнувањето на конкурентноста на компаниите се врши преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис услуги за поддршка и промовирање на претприемништвото за мали и средни претпријатија, постоечки и потенцијални претприемачи и бизнис организации за поддршка за развојот на бизниси“, истакна министерот Незири на промоцијата на Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија – КОСМЕ 2014-2020. Програмата има вкупен буџет од 2,3 милијарди евра, за период од 2014 до 2020 година, и содржи 4 компоненти: пристап до финансии, пристап до нови пазари, подобрување на рамковни услови и промовирање на претприемништвото, а со потпишувањето на Договорот за учество на РМ во оваа ЕУ програма инатата година, се исполнети условите за нејзино користење. Министерот Незири изрази задоволство што Македонија веќе има добиено проект од КОСМЕ програмата, и тоа Enterprise Europe Network, кој ќе се имплементира од страна на Конзорциумот: Универзитет Св. Кирил и Методиј како координатор, со партнерите – Фондација за менаџмент и индустриско истражување и Стопанска комора на Македонија и ги покани малите и средни претпријатија, претприемачите, бизнис организациите за поддршка, регионалните и националните администрации да земат активно учество во неа и во што поголем обем да се искористат овие средства. Во име на ЕУ, на работилницата свое излагање имаше и – раководителот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Мартин Клауке, кој се осврна на еден од аспектите на програмата КОСМЕ, а тоа е пристап до финансии, што подразбира разгледување на можноста за вклучување на финансиските институции во користење на финансиските инструменти, кои што Европскиот Инвестициски Фонд ги нуди за малите и средните претпријатија.„Оваа компонента на програмата КОСМЕ опфаќа 60 отсто од целокупниот износ на програмата и е од особено значење, бидејќи една од главните пречки на малите и средните претпријатија за водење бизнис е пристапот до финансии. Меѓу факторите за проблемот со пристапот до финансии се релативно високите барања од банките за колатерал-обезбедување, или околу 150 насто, што е карактеристично за многу од земјите во регионот, потоа барањето на банките за обезбедување на кредитите со недвижност и, секако, кредитната историја на претпријатието при донесување на одлуката за давање заем од страна на банката“, објасни Клауке.Тој ги охрабри финансиските институции да пристапат кон аплицирање за посредништво во делот на финансиите, помеѓу програмата КОСМЕ и малите и средните претпријатија, и тоа преку следните финансиски инструменти: Платформа за ризичен капитал, преку која се обезбедува пристап до финансирање на ризичен капитал во развојна фаза на претпријатието, и Платформа за кредитни гаранции, преку која се покриваат кредити, банкарски гаранции и лизинг за мали и средни претпријатија до 150.000 евра./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

