Македонија
Промовиран проектот за спроведување на детален гравиметриски премер
Проектот за спроведување на детален гравиметриски премер на целата територија на Р. Македонија, беше промовиран во петок во Агенцијата за катастар на недвижности.
„Се работи за проект кој што е од доменот на основните геодетски работи и е практично продолжение на гравиметриските работи кои што АКН ги отпочна во 2013 година со воспоставувањето на Основната гравиметриска мрежа на територијата на Р. Македонија која што понатаму служеше како основа за спроведување на деталниот гравиметриски премер“, информираат од Катастарот.
За реализација на овој проект беа потрошени околу 250.000 евра кои што Агенцијата ги обезбеди од буџетот на проектот “Катастар на недвижности и регистрација”, финансиран од Светска Банка.
Деталниот гравиметриски премер го спроведе конзорциумот формиран од фирмите Геофото Зенит Инженеринг од Скопје и Geotech Ingeneering од Софија, избран како најквалитетен и најсоодветен во спроведената тендерска постапка, а во тимовите за мерење и надзор учествуваа и стручни лица од Словенија и Србија.
„Резултатите од гравиметриските мерења, посебно податоците за распоредот и густината на масите во внатрешноста на земјата се исклучително важни при спроведувањето на разни научно-истражувачки и стручни работи, посебно кога се комбинираат со податоци од другите струки од областа на геонауките“, велат од Катастарот.
Македонија практично е прва земја од регионот која што успеа да спроведе комплетно нов гравиметриски премер на својата територија, при тоа користејќи најсовремени инструменти и методи на мерење, согласно со европските стандарди. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

