Македонија
Првиот StartQube ветува возбудлив настан
Со официјалното обраќање на организаторите, во вторникот вечерта започна StartQube, првиот летен камп за млади претприемачи и стартапи, кој се одржува во Велестово крај Охрид и ќе трае до 6-ти септември.
Млади и ентузијастички настроени претприемачи од повеќе држави се дел од StartQube, каде имаат уникатна можност да ги развиваат нивните идеи и да добијат корисни совети и коментари од искусните ментори. На настанот се среќаваат личности од Македонија, Словенија, Албанија, Бугарија, Италија, Хрватска, Холандија, Велика Британија, Азербејџан, Гана и САД.
На отворањето, организаторите изразија задоволство од интересот за настанот и порачаа дека искуствата стекнати во една ваква средина се незаменливи и дека целта им е да останат во близок контакт со сите присутни на StartQube со цел сите меѓусебно да се помагаат и поддржуваат и после настанот.
Учесниците веќе имаа можност да ги добијат и првите „лекции“ за формирање на функционални тимови, градење доверба, лидерство и валидација на нивните идеи. На настанот веќе се развија и првите реални прототип продукти на дел од стартапите.
„Одлично е тоа што со ваков настан се прави нешто од ништо, сé почнува од некоја нула, со оглед на тоа што македонската стартап заедница скоро и да не постои како таква, и е супер што се потрудивте и нас да не донесете тука. Екосистемот не расте преку ноќ. Би било одлично да се да искористи предноста на универзитетите кои продуцираат одлични студенти, а потоа тие студенти да се поврзат и вклучат во постоечки стартпи и да работат на нивните проекти со цел да го научат процесот, нешто како хакирање на постојните стартапи со цел системот да се развива побрзо“, рече Матвж Петек, основач на Повио, словенечки стартап со излез и инвестиции од САД./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

