Македонија
Работниците ќе избираат дали да одат подоцна во пензија
Работниците во Македонија ќе имаат можност да заминат во пензија три години подоцна од досега законски предвидената старосна граница за пензија.
Ова се превидува со новите измени во Законот за работни односи, што се усвоени на владина седница во вторникот.
Со измените, кои ги претставија вицепремиерот и минситер за финансии Зоран Ставреси и министерто за труд и социјална политика Диме Спасов, на работниците им се дава право на избор при старосната граница за пензија, односно им се дава можност на мажите да го продолжат работниот однос до 67 годишна возраст, а на жените до 65.
Согласно Законот за работни односи и досега постоеше таква можност, работниците да продолжат со работа уште една година, но со дозвола од работодавачот. Сега наместо да се пензионираат на 62 односно 64 години, мажите ќе имаат можност да работат до 67, а жените до 65 години без согласност од нивниот работодавач, односно ако самите изразат желба, изјави Ставрески.
Тој додаде дека речиси сите европски држави ја зголемиле старосната граница за пензионирање и тоа задолжително, додека во Македонија им се овозможува на работниците сами да одберат уште колку години ќе работат.
Покра ова донесена и уште една законска измена, со која се предвидува работниците кои работат со договор на дело или авторски договор да добиваат здравствено и пензиско осигурување.
Досега работодавачите на овие категории на работници им плаќаа само персонален данок без здравствено и пензиско осигурување. Отсега па натаму, по усвојување на Законот во Собранието, работодавачите ќе имаат обврска да им плаќаат здравствено и пензиско осигурување или истите да ги пријават, рече Ставрески.
Тој информираше дека законските измени се однесуваат само за оние работници кои преку договор на дело или авторски договор земале плата над минималната.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека на овој начин работникот ќе биде дополнително заштитен и значително ќе се влијае на намалувањето на сивата економија во Македонија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

