Македонија
Развојот на Евро – Балканските железнички коридори клучен за балканските земји
Развојот на Евро – Балканските железнички коридори е значаен фактор за унапредување на соработката меѓу земјите од Балканот.
Ова беше истакнато од учесниците на првата Регионалната Конференција во железничкиот сектор што се одржува во Охрид под покровителство на ЈП Македонски Железници –Инфраструктура.
Директорите на железничките компании од Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Косово на конференцијата потенцираа дека Коридорите претставуваат крвотокот на железничкиот систем и сообраќај, кои ги спојуваат балканските земји сообраќајно и економски.
Директорот на ЈП Македонски Железници –Инфраструктура Ирфан Асани пред присутните истакна дека целта на овој собир е да размена на мислења за сегашниот и идниот развој на железницата во регионот.
“За да железницата биде конкурентна на транспортниот пазар во однос на другите начини на превоз, потребно е да се обезбедат инвестиции за модернизирање на инфраструктурата и на транспортните средства. Само со модернизирање на железничкиот систем, можно е да се се понудат подобри услови во смисла на поголема брзина, конфор, достапност и сигурност, како би можело да се привлече поголем број на патници, како и поголем обем на транспорт на стока преку железница”, истакна Асани.
Заменик директорот на бугарските железници Златин Крумов истакна дека изградбата на Коридорот 8 е значајна за Бугарија, Македонија и Албанија, бидејќи три држави ќе се поврзат со пристаништата во Варна и Драч.
“Бугарија се залага овој Коридор да се изгради што е можно побрзо бидејќи има економски бенефит за трите држави. Токму поради ова Бугарија како членка на ЕвропскатаУнија во меѓународните институции се залага овој Коридор да биде и нивен главен приоритет”, истакна Крумов додавајќи дека до 2020 година треба да биде завршена изградбата на целиот железнички Коридор 8 кој ќе ги поврзе трите земји.
Заменик министерот за транспорт и врски Ниметула Хаљими рече дека , Владата на Република Македонија им дава големо значање на развојот на железничките Коридори.
“Со право велиме дека Владата на Република Македонија во создавање на нов лик на железничкиот сектор во Република Македонија“, рече Хаљими пред присутните.
Според директорот на железничката компанија од Косово Тrainkos Бетим Ѓоши оваа конференција е добар почеток од која се очекуваат позитивни резултати.
“Сметам дека целта на оваа конференција е добронамерна, односно од неа очекувам да дискутираме и за отворените проблеми кои некогаш знаат да се појават во железничкиот сообраќај”, истакна Ѓоши.
Додека директорот на албанските железници Генци Ализоти истакна дека клучот на железничкото поврзување на балканските земји меѓу себе е Коридорот 8.
“Во насока на овие движења улогата на Коридорот 8 е специфична бидејќи игра една значајна улога во поврзување на земјите од Западен Балкан меѓусебено, истовремено и нивно поврзување со Југоисточна Европа”, истакна Ализоти.
Во своето обраќање пред присутните директорот на МЖ Транспорт Оливер Деркоски меѓу другото рече дека оваа Регионална конференција е знак дека балканските земји имаат волја за соработка и заеднички да изградат една модерна железничка мрежа која ќе овозможи брз сигурен и ефикасен транспорт во патничкиот и товарниот сообраќај.
Меѓународната конференција во железникиот сектор се очекува да биде годишна и традиционална. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

