Македонија
Рекорден број патници превезени на македонските аеродроми
Рекордни 808.888 патници се превезени на двата македонски аеродрома во првите шест месеци од 2016 година, што претставува зголемување за истиот период од минатата 2015 година за околу 27 отсто, кога во првтоо полугодие беа превезени тогаш рекордни 637.683 патници, изјави во саботата владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев истакнувајќи дека овиуе податотци покажуваа оти владините проекти и мерки даваат резултати.
На скопскиот аеродромот „Александар Велики“ во периодот од јануари до јуни 2016 година регистрирани се вкупно 759.244 патници, што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 610 511 патници, се забележува зголемување од над 24 отсто, додека, пак, на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ во првите шест месеци годинава, превезени се 49.644 патници, со што во споредба со истиот период од 2015 година кога биле превезени 27.172 патници, се бележи зголемување од над 82 проценти.
Позитивниот тренд на континуирано зголемување на бројот на патниците на македонските аеродроми и постојаното воспоставување на нови рекорди во овој сегмент во авио сообраќајот, според портпаролот на Владата, се должи на целокупен сет на проекти и мерки кои се превземаа изминатиов период од институциите и кои секоја година резултираат со нови позитивни резултати.
„Зголемениот број патници е добар момент од општествен и од економски аспекти. Тоа е резултат на добро осмислена и реализирана владина стратегија која првенствено се огледа преку изградбата на аеродромската инфраструктура, концесионирањето на македонските аеродроми и стопанисувањето со истите од страна на квалитетен субјект кој има длабок бекграунд во областа во која работи. Секако и на субвенциите кои ги даваме за реализација на евтините авиолетови дп 23 европски дестинации кои обезбедуваат мобилност за македонските граѓани и прилив на гости од страна во Македонија. Тука е и субвенционирање за привлекување на странски туристи во Македонија кои имаат значителен дел во бројот на овие патници кои циркулираат. Зголемиот број патници директно поддржува развој на поголем број сектори како транспортот, угостителството, туризмот и останатите гранки кои имаат корелација со нив. Имајќи предвид дека ние имаме петгодишен договор кој трае до 2018 година со компанијата ‘Виз-ер’ за реализација на евтините авиолинии, како и тоа дека паралелно работиме на воспоставување други комерцијални летови, очекуваме дека овој позитивен тренд ќе продолжи и во иднина“, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Позитивниот тренд на раст на бројот превезени патници на скопскиот и охридскиот аеродром изминатите години е многу голем. Во првите шест месеци во 2009 година, пред да се изградат новите аеродроми, бројот на превезени патници изнесувал 270.249, во 2011 – 337.888, во 2012 – 400.188, во 2013 – 469.006, за да во 2015 на двата аеродроми во првите шест месеци бидат превезени 637.683 патници.
Од Владата истакнуваат дека дополнителна важност за туризмот е и фактот што само во јуни годинава вкупниот број патници е зголемен за 22 отсто за разлика од јуни во 2015 година како и тоа што овие шест месеци за околу 20 илјади е зголемен бројот на патници на аеродромот во Охрид споредено со лани.
Паралелно со зголемувањето на бројот на превезените патници континуирано се зголемува и бројот на прелетите. На двата аеродроми во првите шест месеци годинава се реализирани 7.758 прелети што претставува значително зголемување со оглед на фактот што во истиот период лани беа реализирани 6.739 прелети.
Најзастапени дестинации според бројот на патници за првите шест месеци годинава се: Истанбул 12,8 отсто, Цирих – 10,4, Виена – 5,7, Малме – 5,1, Базел – 5,1 и Лондон 4,6 отсто./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

