Македонија
Руски „Стројтрансгас“ започнува со изградбата на гасоводот Неготино-Клечовце
Руската компанија „Стројтрансгас“ соопшти во четврток дека ќе започне со изградба на гасовод во Македонија, што евентуално би можел да се користи како дел од рутата преку која Европа би можела да се снабдува со руски гас од гасниот јазол на турско-грчката граница, јавува Reuters.
Првиот човек на „Стројтрансгас“ Генадиј Тимченко се најде меѓу првите на американската листа на лица под санкции по руската анексија на Крим, но тоа не би требало да претставува проблем неговата компанија да го започне проектот во Македонија, која не е член на Европската унија, забележува Reuters.
Гасоводот долг 96,6 километри од Неготино до Клечовце, на југ ќе влезе во Македонија од Грција и ќе заврши на границата со Србија на север. „Стројтрансгас“ ќе изгради 61 километар до јуни 2016 година.
Москва планира да го изгради гасоводот „Турски тек“, како замена на „Јужен тек“, а главниот јазол ќе биде на турско-грчката граница, од каде би требало да се разгранува кон европските држави.
Изградбата на гасоводот во Македонија е дел од Клириншкиот долг меѓу поранешниот Советски сојуз и поранешна Југославија, чиј дел беше и Македонија.
Вредноста на целиот проект изнесува 75,7 милиони долари.
Руската компанија „Стројтрансгас“ на Генадиј Тимченко, започна во четвртокот со изградба на делот од магистралниот гасовод Клечовце – Неготино во должина од 61 километар со дијаметар од 508 мм, пишува московскиот весник Комерсант повикувајќи се на извори од компанијата и истакнува дека станува збор за првата фаза од споменатиот гасовод со кој ќе може да се доведе гас и до Штип. Периодот на изградбата се предвидува да трае нешто повеќе од една година, а потоа се планира да се продолжи гасоводот до ТЕЦ Неготино, со што таа ќе премине од користење на мазут на гас, а потоа ќе се изградат уште 60 километри од цевководот за поврзување на системот за пренос на гасот во Грција.
Руските медиуми напомнуваат дека претходниот „балкански обид“ на „Стројтрансгас“ се покажа неуспешен, бидејќи оваа компанија требаше да го изгради бугарскиот дел од гасоводот „Јужен тек“, но Русија се откажа од него поради спорот со Европската унија.
Се истакнува и дека и македонскиот проект требаше да стане дел од „Јужен тек“, но оти по напуштањето на овој проект сега може да го поврзе гасоводот со Грција, што пак ќе им овозможи на Македонија, Србија, Унгарија и Австрија да добиваат гас од ткн „Турски тек“ кој го замени проектот „Јужен тек“./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

