Македонија
Сѐ повеќе турски фирми најавуваат инвестиции во Македонија
Министерот за економија Беким Незири оствари средба со неговиот турски колега Нихат Зејбекчи, во рамки на работната посета на премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, на Македонија, при што економските и трговските односи меѓу двете земји беа главни теми на разговорите меѓу двајцата министри.
Министерот Незири ги истакна традиционално пријателските односи меѓу Македонија и Турција, и од политички и од економски аспект, што е причина повеќе за продлабочување на деловната соработка, продолжување на циклусот на инвестиции од Турција и проширување на трговската соработка меѓу двете земји.
„Резултат од досегашната соработка се двата потпишани договори, и тоа Спогодбата за трговска и економска соработка меѓу Република Македонија и Република Турција и Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција, кои претставуваат и правна рамка за трговската соработка меѓу двете земи. Посебно задоволство претставува фактот што се зголемува и инвестиционата активност на турски бизнисмени во Македонија, па во последните две години туриските инветции надминаа 44 милиони евра, а за скоро време го очекуваме и стартот на инвестицијата на Веибо во зоната Ранковце, во вредност од 400 милиони долари, кој треба да донесе 5.600 нови вработувања“, посочи Незири.
Министерот Незири на средбата го изрази и своето очекување што поскоро да се добие од турската страна усогласен текст на Одлука и Анекс – кој се однесува на измена на текстот на Протоколот за потекло на стоката од Регионалната Конвенција за Пан-евро- медитерански преференцијални правила за потекло на стоки – ПЕМ, од Договорот за слободна трговија, со што ќе се овозможи проширување на можностите за дијагонална кумулација на потекло на стоки со ЕФТА земјите и медитеранските земји.
Турскиот министер за економија Нихат Зејбекчи изрази задоволство што во Македонија се чувствува како дома, благодарение на историските врски кои се негуваат од страна на двете земји, кои овозможуваат продлабочување и на економските аспекти, изразени и низ плановите на сѐ поголем број турски бизнисмени, да инвестираат во Македонија, во што се охрабрени и од страна на турската влада.
Од аспект на Договорот за слободна трговија потпишан во 1999 година, министерот Зејбекчи предложи тој да се прошири до степен што Турција го нема со ниедна друга држава, што ќе придонесе за бесцаринска трговија не само за индустриски, туку и за земјоделско-прехрамбени производи.
„Со ЕУ нашата земја има царинска унија, но без либерализација во земјоделскиот сектор. Затоа, ние сме подготвени за комплетна либерализација само со Македонија, кој ќе ги вклучува и земјоделско-прехрамбените производи“, рече Зејбекчи.
Двајцата министри си земаа обврска за овој предлог да ги информираат своите премиери за понатамошните активности врзани за ова прашање.
По директните средба со својот турски колега, министерот Незири учествуваше и на Пленарната средба на делегациите на Македонија и на Турција, која ја водеа премиерите Никола Груевски и Ахмет Давутоглу./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

