Македонија
СДСМ обвинува за нереален ребаланс, според власта, виновна е политичката криза
За опозициската СДСМ неприфатливо и неразбирливо е со ребалансот на Буџетот да се зголемува дефицитот за нови 36 милиони евра и истиот за 2016 година да изнесува неверојатни 344 милиони евра, а во исто време да кратат на развојната компонента на буџетот односно капиталните расходи и истите да ги намалат за 45 милиони евра.
„Сакаме јавно да прашаме за што го зголемувате буџетскиот дефицит? Ако не е за капитални расходи, за развој, за отварање на работни места дали овие нови дополнителни 36 милиони евра ви се потребни за мебел, сопствена комоција, дневници, барокни фасади, фонтани, панорамски тркала, предизборно купување на гласови?“, рече Марјанчо Николов од СДСМ.Од Министерството за финансии појаснуваат дека ребаланс на буџетот се прави во текот на годината за да се усогласат приходната и расходната страна со проекциите за раст на економијата. „Буџетскиот дефицит, пак, е разлика помеѓу приходите и расходите. Со оглед на тоа дека политичката криза продолжи годинава и почна да дава резултати, истата влијаеше на намалување на приватната потрошувачка, а фирмите и банките станаа попрудентни во однос на финансирање на нови инвестиции. Тоа се одрази на приходната страна“, се вели во соопштението од ресорното министерство. Според Николов, доказ дека оваа Влада не умее да управува и да реализира капитални проекти е фактот што Европската комисија и го одзеде правото на Владата да управува со средствата од ИПА фондовите со образложение дека нема политички капацитет правилно да ги искористи средствата од ИПА фондовите.„Одзмените првично 27 милиони евра, а потоа и новите 69 милиони евра од ИПА фондовите ќе значат намалување на можностите за работа на македонските компании, отварање на нови работни места и најважната работа доколку Владата ќе сака да ги реализира овие проекти за кој што беа наменети средствата од ИПА фондовите ќе мора да зема нови кредити и со тоа понатаму да го зголемува јавниот долг“, додаде Николов.„Во однос на ИПА средствата истакнуваме дека сите проекти кои се реализираат со ИПА и кои се во тек, како Демир Капија Смоквица, Пречистителна Прилеп или Битола-Кременица, продолжуваат со иста динамика“, додаваат од финансии./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

