Контакт

Македонија

СДСМ: Регулаторна реално може да ја намали цената на струјата до 30 проценти

Објавено пред

СДСМ побара од Регулаторната комисија за енергетика да излезе со реално намалување на цената на струјата до 30 проценти.

dobivaj vesti na viber

„Од лани е намалена цената на електричната енергија на регионалните берзи. Граѓаните веќе со месеци натплаќаат струја бидејќи не е направено усогласување. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика мора да заборави дека е претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и да се посети дека Комисијата има обврска да ги штити интересите на граѓаните, а не на фамилијата на власт, која се богати преку ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО“, се вели во соопштението на СДСМ. Според СДСМ, Регулаторната комисија за енергетика е должна да пресече дека „апсурдни 14 милионски рајски градини, мајмуни и желки, милионски ски центри, барокни фасади, скапо братучедско СГС обезбедување… не смее и нема да ја формираат цената на струјата!“.„Од 2006 година до денес цената на струјата поскапе за речиси 100 проценти! Ланското замижување на Регулаторната комисија за енергетика за мегаломанските трошоци на енергетските компании придонесе граѓаните и натаму да плаќаат високи сметки за струја, додека  МЕПСО оствари профит од 11.5 милиона евра, а ЕЛЕМ стана државна компанија со најголем приход. Доколку Регулаторната комисија за енергетика продолжи да слугува на власта на Никола Груевски, добро е да бидат свесни дека заедно со неа ќе ја понесат одговорноста за злоупотребите врз граѓаните“, порачуваат од СДСМ. /крај/со/ст

Извор: СДСМ

Економија

Групата за соработка со пратеници од разни партии, но со ист став за зајакнато пријателство со Кина

Објавено пред

Пратеничката група на Собранието за соработка со парламентот на Народна Република Кина се сретна со Чен Џоу, заменик-министер на Меѓународниот оддел на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина.

dobivaj vesti na viber

Претседателката на групата, Олга Лозановска, во воведното обраќање истакна дека иако сме географски оддалечени, односите меѓу двете држави се пријателски и се развиваат во духот на меѓусебното разбирање и заемното почитување. Нашата земја го афирмира ставот за постоење на една Кина, владата на НР Кина е единствената легитимна влада на кинескиот народ, а Тајван е неделив дел од кинеската територија, рече Лозановска.

Традиционалното формирање на оваа група за соработка е само показател на интересот за воспоставување, негување и продлабочување потесни меѓупарламентарни врски, кои ќе влијаат врз унапредување на севкупните политички, економски и културни односи меѓу двете држави.

Од своја страна, Чен Џоу ја сподели импресионираноста од првата посета на земјата. Кина го почитува развојниот пат на нашата земја и ги разбира и поддржува нашите напори за интегрирање во ЕУ. Заложбите на земјите за една Кина се темелни во градењето на сите односи со Кина, потенцира Чен.

Соработката со законодавниот дом и со партиите играат важна улога во градењето на билатералните односи и во таа насока радува фактот што во групата за соработка членуваат пратеници од разни партии, но со ист став за зајакнато пријателство со Кина. Во овој контекст се напорите за идно проширување на пријателските размени на Комунистичката партија на Кина со политичките партии во земјата почитувајќи ги меѓусебните разлики. Преку тие партиски канали и размена на искуства на сите нивоа ќе се придонесе кон зајакнување на севкупните билатерални односи.

Членовите на пратеничката група, Садик Сулејмани и Димитар Апасиев, исто така имаа можност да изразат чест од одржувањето на средбата. Сулејмани ги нагласи бизнис-односите и можноста за нивно олеснување, а Апасиев имаше пофални зборови за моделот на социјализмот со кинески карактеристики.

Присутните беа согласни за продлабочување на меѓусебната соработка на повеќе полиња, како економија, трговија, енергетика, бизнис, инфраструктура…, но и засилени односи во образованието, размената на млади, туризмот. Двете земји покажуваат интерес за културата, а тоа се покажува и преку постоењето и популарноста на катедрите за македонски јазик на неколку кинески универзитети.

Од двете страни беше изразена благодарност и до Амбасадата на Кина за континуираните заложби за унапредување на односите меѓу двете држави и традиционалното пријателство.

Прикажи повеќе...

Економија

Доживејте ја Будимпешта во полна брзина со картичките Visa на Халкбанк

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје, во соработка со Visa, ја започнува наградната игра „Доживејте ја Будимпешта во полна брзина со картичките Visa на Халкбанк“ – ексклузивна можност за еден добитник да отпатува во Будимпешта и да биде дел од уникатно искуство со Visa Cash App Formula 1 Racing Bulls тимот.

dobivaj vesti na viber

Наградната игра ќе се реализира во периодот од 20 мај до 20 јуни 2025 година, а право на учество имаат сите физички лица кои во тој период ќе направат минимум пет трансакции со Visa дебитна или кредитна картичка издадена од Халкбанк, во вкупен износ од најмалку 10.000 денари. За учеството да биде валидно, потребно е и да се пополни електронската пријава за согласност, достапна на официјалната веб-страница на Банката.

Во извлекувањето што ќе се одржи на 25 јуни 2025 година ќе влезат сите пријавени учесници кои ги исполнуваат горенаведените услови и имаат активна Visa картичка на денот на извлекувањето. Само трансакциите направени во рамки на наградниот период и само пријавените корисници ќе бидат земени предвид при изборот на добитникот.

Со оваа иницијатива, Халкбанк и Visa нудат повеќе од награда – нудат вистинско доживување. Без дополнителен напор, без сложени процедури – само со секојдневно користење на Visa картичката, добивате шанса за незаборавно патување исполнето со адреналин, енергија и нови спомени, во еден од највозбудливите европски градови. Деталите се на официјалната веб страница на банката, а ако ги исполнувате условите, вие сте веќе на половина пат до Будимпешта.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС

Објавено пред

Државниот завод за статистика изминативе денови излезе со податоци, со споредба на првиот квартал од 2024 година и со првиот квартал од 2025 година.

dobivaj vesti na viber

„Бројките говорат дека имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Босилово.

„Во градинарскиот сектор зголемувањето е до 50% во споредба со првиот квартал од 2024 година. Тоа значи дека навистина како Влада, како Министерство се движиме во вистинска насока, да го зголемуваме производството и девизниот прилив во државата“, појасни министерот.

Министерот посочи дека и во другите сектори има зголемување во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи.

„Тоа е еден добар параметар, добар показател дека навистина она што го работиме изминативе 10-11 месеци како Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски дава позитивни резултати“, истакна министерот Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Данела му одговори на Мицкоски: „Благодарам на можноста господине Мицкоски да делувам едукативно на вас“

Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира...

Македонија6 часа

Уапсени полицајци – дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во земјава

По неколкумесечна предистражна постапка, денеска полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал...

Македонија7 часа

Славески ќе си замине од функцијата претседавач во Советот на Град Скопје доколку биде избран за гувернер

Професорот и претседавач на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, доколку биде избран за гувернер на Народната банка на Република...

Македонија8 часа

(Видео) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер

Наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер, изјави пратеникот Оливер Спасовски. Според него, изборот...

Македонија8 часа

Поднесени две обвиненија за „Онкологија“: 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 непотребна терапија

Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“, со кој се опфатени шест лица, и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор...

Македонија10 часа

(Видео) Самохрана мајка од Кочани дала отказ за да се грижи за повредениот син: „Ни треба помош од државата“

Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, зборуваше за состојбата во која се наоѓа семејството по пожарот во „Пулс“ и...

Македонија10 часа

Мицкоски ја повика Арсовска да постапи за дивоградбата во Чаир: Таа има ингеренции, од филозофирање и гола реторика народот нема фајде

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека...

Македонија11 часа

Лековите за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција, покажа ревизорскиот извештај за Хематологија

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеноста на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника...

Топ11 часа

24-годишник од Струшко со „мерцедес“ излетал од пат: двајца тешко повредени

Вчера околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во...

Македонија11 часа

Во Лондон денеска ќе биде потпишан договорот меѓу владите на Македонија и на Велика Британија

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Македонија и на Велика Британија ќе биде потпишан денеска во Лондон. Вицепремиерот и...

Регион11 часа

(Видео) Први снимки од силниот земјотрес на Крит: автомобилите се тресат, сè паѓа на подот во маркетите, оштетени згради

Жителите на Крит се загрижени откога силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди островот рано...

Свет13 часа

(Видео) Снимката од апсењето на убиецот на израелска двојка стана вирална на социјалните мрежи

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека го прикажува моментот кога Елијас Родригез, осомничениот за смртоносната...

Свет13 часа

(Видео) Првпат по 81 ден: 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа

Вкупно 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа, за прв пат по 81 ден целосна блокада наметната од...

Европа13 часа

(Видео) Рускиот министер за надворешни работи: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Русија нема да се согласи на безусловно примирје со Украина...

Свет14 часа

(Видео) Севернокорејците неуспешно лансираа разорувач, Ким Џонг-ун ја осуди несреќата: „Небрежност што го наруши достоинството на земјата“

За време на спуштањето во вода на нов севернокорејски воен брод, на кој присуствуваше и лидерот Ким Џонг Ун, се...

Свет15 часа

(Видео) Двајца израелски дипломати убиени во Вашингтон

Двајца вработени во израелската амбасада се убиени во пукотница за време на настан во Музејот на еврејско наследство во Вашингтон....

Свет15 часа

(Видео) Трамп го нападна новинарот кој праша за луксузниот авион: Ти си срам!

Американскиот претседател Доналд Трамп бурно реагираше на прашањата од новинарот на „Ен-би-си Њуз“, Питер Александар, за луксузниот авион што катарската...

Македонија1 ден

Tрајко Славески е предлогот на Сиљановска-Давкова за гувернер на Народна банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за гувернер на Народната банка. Од нејзиниот кабинет велат дека при носењето на...

Македонија1 ден

Со шесте милијарди евра за Македонија ќе се градат брза пруга, болници, студентски дом – Николоски од Лондон со детали за договорот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој ја предводи официјалната делегација на Македонија во Обединетото Кралство, оствари средба со...

Топ1 ден

Уапсени четири лица во Скопје, ликвидирале луѓе по нарачка

Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“ во...