Македонија
Шест нови сертифицирани компании со ХАЛАЛ сертификат
На шесте компании, „Анета компани“, „6 браќа“, „ХИТ 73“, „Витаминка“, „Алкалоид“ и „Виапром“, кои во текот на првиот квартал од 2016 година воведоа ХАЛАЛ стандард, во вторник, на свечена церемонија им беа доделени сертификатите од страна на Агенцијата за ХАЛАЛ стандард во Македонија, која работи во рамки на Исламската верска заедница (ИВЗ).
Сертификатите ги додели носителот на јурисдикцијата на шејхул ислам, Реисул Улема Хаџи Сулејман еф Реџепи. Министерот за економија Дритон Кучи, на средбата по повод доделувањето на сертификатите, ги покани компаниите да аплицираат за мерката воведување на ХАЛАЛ-систем, која е дел од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016 година на Министерството за економија и за која годинава се обезбедени речиси два милиона денари.„Препознавајќи го значењето од воведување на стандардите за квалитет за деловните субјекти, а со цел да обезбеди континуирана поддршка на економијата и компаниите, Министерството за економија веќе четврта година по ред ја реализира мерката – финансиска поддршка за ХАЛАЛ систем, со која покриваме 70 отсто од направените трошоци. До сега се субвенционирани 19 компании, а годинешниот јавен повик трае до крајот на месец мај“, истакна Кучи. Воведувањето на овој стандард покрај тоа што ја подобрува конкурентноста на претпријатијата и го олеснува настапот на нови пазари, туку и ги приближува производите до синонимот “здрава храна“ т.е. храна со минимално количество на адитиви, за кои расте интересот на потрошувачите независно на верската припадност, дава дополнителна вредност на производите и услугите, го зголемува нивото на свесност за безбедност на храната и го зголемува нивото на интеркултурните комуникации помеѓу земјите и прифаќањето на различностите во светот. „Да не заборавиме дека светскиот ХАЛАЛ пазар се проценува на 650 милијарди долари, а европскиот на околу 66 милијарди долари годишно, што значи дека ХАЛАЛ пазарот е најбрзо растечки пазар“, рече Кучи.Претседателот на Агенцијата за ХАЛАЛ стандард Мухамер Весели информираше дека од 2009 година до денес ХАЛАЛ стандард имаат воведено 27 компании, главно од прехрамбената индустрија, фарми и кланици, а со оглед на вниманието што во последниве неколку години го привлекува ХАЛАЛ туризмот, кој годишно забележува пораст од дури 20 отсто, ги повика и туристичките работници своите перспективи да ги гледаат во воведување на овој стандард. „Овие шест компании воведоа ХАЛАЛ стандард во првиот квартал од оваа година, а во периодот на вториот квартал очекуваме бројот да се зголеми на 14 компании, што значи дека уште осум компании се во фаза на имплементирање на стандардот“, истакна Весели.На церемонијата учествуваше и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа./крај/со/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

