Контакт

Македонија

СKМ ќе претседава со здружението на балканските комори

Објавено пред

Стопанската комора на Македонија следната година ќе претседава со Асоцијацијата на балканските комори (АБК), чие наредно  генерално собрание ќе се одржи во февруари 2015 година во Скопје.

dobivaj vesti na viber

 

 

Последното Генерално собрание на АБК се одржа во саботата во Атина каде што Унијата на трговско-индустриските комори на  Грција и` го предаде претседателството на Стопанската комора на Македонија  .

 

На Генералното собрание на АБК во Атина, на коешто учествуваа сите претседатели од коморите-членки на АБК, се разговараше за повеќе теми, меѓу кои за можностите за развојот на Балканот каде се потенцираше дека тоа е можно и преку користење на ЕУ-структурните фондови, чии средства треба да бидат наменети за компаниите од баланските земји кои меѓусебно треба да се поврзуваат и заеднички да настапуваат.

 

Претседателите на коморите-членки на АБК на Генералното собрание разговараа за можноста за олеснување на протокот на стоки и услуги долж коридорите 8 и 10 и во таа насока беа усвоени и повеќе заклучоци и мерки.

 

На генералното собрание бил усвоен заклучој да се формира конзорциум со седиште во Стопанската комора на Македонија кој ќе делува како меѓународно тело, составено од претставници на министерствата за транспорт, царински управи и стопански комори.

 

На Генералното собрание на АБК му претходеше еднодневен собир на коморите и други институции од земјите-членки на ЦЕФТА и земјите-членки на  Медитеранската транснационална програма  МЕД, на којшто  се говореше за можноста за заедничко учество на земјите од Западен Балкан во ЕУ-проектите, се вели во соопштението на СКМ, објавено во понеделникот./крај/

Економија

Димитриеска-Кочоска на министерскиот состанок во Подгорица посветен на мерки за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи во Западен Балкан

Објавено пред

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок во организација на Светската здравствена организација, посветен на елиминирање на штетните влијанија од употребата на тутун.

dobivaj vesti na viber

На состанокот на високо ниво учествуваат министри и заменици министри за финансии на земјите од регионот, претставници на Свеската здравствена организација и Eвропската комисија, Обединетото Кралство, Словенија, Светската банка, Светската царинска организација, Организацијата за економска соработка и развој, како и претставници на академската заедница.

Целта е да се подигне свеста за проблемот со нелегалната трговија со тутун и за нејзиното влијание врз даночната администрација, здравјето и одржливиот развој, за потенцијалот на земјите во справувањето со нелегалната трговија со тутунски производи, а воедно и да се споделат искуства во справувањето со овој проблем.

Прикажи повеќе...

Економија

Реализирана исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и од Програмата за директни плаќања

Објавено пред

Денеска се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година за:

dobivaj vesti na viber

– мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, 5.001.667,00 денари се исплатени за набавка на комбајни за жито и 369.990,00 денари за набавка на механизација-деловен план.

– мерка 2 – Субвенционирање на каматна стапка и за истата се исплатени вкупно 1.402.023,00 денари.

Од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година се изврши исплата за:

– мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства за набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и назимки) од увоз или од признати организации согласно Законот за зоотехника, набавени во период од 01.10.2023 до 30.09.2024 година, денес се исплатени вкупно 2.615.584,00 денари.

Воедно се исплатија и 44.559.948,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Димитриеска-Кочоска: Економијата повеќе не е во стагнација, резултатите од нашата работа стануваат видливи

Објавено пред

Економијата повеќе не е во стагнација. Државниот завод за статистика објави податоци за неколку сегменти од економското дејствување во Македонија преку кои веќе почнуваат да се гледаат видливи резултати од нашата работа, ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

Таа посочи на податоците објавени од Државниот завод за статистика кои евидентираа намалвуање на стапката на невработеност на историски најниско ниво од 11,9%, зголемување на вработеноста на 46,2%, раст на индустриското производство од 1,4% во јануари 2025 година, раст на извозот за 5%.

„Тоа значи дека 13.067 илјади нови вработувања се реализирани на годишно ниво односно споредено со истиот квартал претходната година, што е економска поткрепа за нововработените лица и еден показател дека во компаниите се создал раст кој поттикнал отворање нови работни места, а тоа во 4 – от квартал од 2024 година се регистрираше и преку остварениот раст на БДП од 3,2%“, рече минисерката.

Според министерката клучно е дека за овој процес да се покрене, а имајќи ги предвид достигнувањата на економијата во првите два квартала од 2024 година, е создавањето предуслови за сигурно бизнис опкружување кое влијае на реализација на инвестиции, отворање нови работни места и повисок стандард. Дополнително ова е клучно и за привлекување и реализација на странски директни инвестиции за кои минатата недела објавивме дека во 2024 година е реализиран историски највисок износ од над 1 милијарда евра.

“Иако станува збор за краток период од имплементација на нашите политики, сепак податоците се охрабрувачки за нас да продолжиме со спроведување на поставениот план. Владата става фокус особено на економијата и инвестициите и на нив го темели вистинскиот напредок. Економијата и компаниите, како и вработените секогаш ќе имаат партнер во Владата. Обезбедивме и веќе почна исплатата на средствата од унгарскиот заем наменет за домашните компании, тоа ќе покрене инвестиции од околу 300 милиони евра кои ќе отворат нови дополнителни работни места наменети за нашите граѓани, за нашата млади кои ќе можат да ја бараат иднината тука во својата земја“, рече минитерката.

Таа на прес-конференцијата посочи дека поволности за компаниите и граѓаните се обезбедени и со приклучувањето на Македонија кон Единствената област за плаќања во евра СЕПА, а за што Владата создаде предуслови преку усогласување со ЕУ регулативите извршените измени на повеќе закони, односно Законот за платежни услуги и платни системи и Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам коишто беа услов за нашето приклучување во СЕПА.

„Нашите граѓани кои работат во странство во некоја од СЕПА земјите и кои праќаат пари во Македонија, провизиите при праќањето двојно ќе се намалат од околу 7% на околу 3%. Тоа претставува сериозна заштеда ако се има предвид дека стотици милиони евра се праќаат секоја година. Заштедите на компаниите би биле и поголеми, не само во износи туку и во време. Така, плаќањата помеѓу компанија од Македонија и компанија од земја од СЕПА би биле за само еден ден, а во одредени случаи и за само неколку минути. Со ова ќе се олесни водењето на бизнис и конкурентноста на македонските компании“, потенцира министерката за финансии.

Таа изрази очекувања дека ваквите тенденции ќе продолжат и во наредниот период и дека ќе се оствари стапката на раст за оваа година која е проектирана на 3,7, изјаќи ги предвид и сите ризици кои се присутни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Палевски првин ја прашал Вања кои и’ се родители за да им испрати слики, потоа ја застрелал преку перниче, сведочеше Манев

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше за грабнувањто на Вања во судот, тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал слики од возрасна жена...

Македонија49 минути

Манев за грабнувањето на Вања: Палевски ни рече дека ќе грабнеме возрасна жена, а не дете

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на...

Македонија2 часа

Манев сведочеше во судот: Палчо го застрела Панче Жежовски, кога се спротивставив, ми рече: „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“

Едниот од обвинетите за  убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Велибор Манев, во судница даде исказ за двократното убиство...

Свет2 часа

Лавров: „Фирерот“ Урсула ја вооружува Европа за војна против Русија

Москва во никој случај нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировни сили, изјави рускиот министер...

Европа3 часа

(Видео) Објавени нови мапи, Русите силно напредуваат во Курск

Анализата на „Скај њуз“, врз основа на картографски податоци и геолокацирани снимки, покажува дека руската армија ги потиснала украинските сили...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи...

Свет4 часа

Како би можела да заврши војната во Украина, на маса се повеќе опции

Ограничен прекин на огнот, меѓународни мировни сили или откажување од територија? Постојат повеќе сценарија за можен крај на борбите во...

Македонија4 часа

Антикорупционерите ќе утврдуваат дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството...

Европа5 часа

Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој...

Свет6 часа

Австралија: Царините на САД се неоправдани, но ние нема да возвратиме

Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави во понеделникот дека американските царини за австралискиот челик и алуминиум се неоправдани, но неговата влада...

Европа6 часа

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи...

Свет7 часа

(Видео) Трамп им вети пекол на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател...

Свет7 часа

Стапуваат во сила царините на Трамп за челик и алуминиум

Во сила стапија царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум. Оваа мерка ја зголемува...

Македонија15 часа

Триесет дена притвор за Капушевски, Муча и Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ оди во куќен притвор

Судот определи 30 дневен притвор за бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ,...

Топ15 часа

Се судрија камион и цистерна на патот Градско-Прилеп, сообраќајот е во целосен прекин

Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат, Градско-Прилеп, кај селото Раец поради судир на цистерна и камион. Од АМСМ известија...

Свет16 часа

Трамп се надева дека прекинот на огнот во Украина ќе стапи во сила во следните денови

Претседателот на САД, Доналд Трамп зборуваше со новинарите пред Белата куќа, потврдувајќи дека очекува да разговара со Владимир Путин оваа...

Свет18 часа

Америка ја враќа воената помош во Украина, Киев: Подготвени сме на примирје од 30 дена

Соединетите држави и Украина издадоа заедничка изјава по состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, потврдувајќи дека САД веднаш ќе ја укинат...

Македонија18 часа

Единаесет лица се приведени за злоупотреба на тендер за набавка на мазут

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една...

Македонија19 часа

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа....

Топ21 час

Велешанец удрил во полициско возило: бегал од лица што му го попречиле патот и започнале да го следат

Синоќа во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот...