Македонија
Со европски пари ќе се зајакнува капацитетот на Агенцијата за вработување
Со буџет од 1,2 милиони евра Европската унија во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 ќе го финансира проектот „ Поддршка на Агенцијата за вработување во реализирање на мерки и услуги активни на пазарот на труд“ чиј почеток во средата го најави министерот за Труд и социјална политика, Диме Спасов заедно со амбасадорот на Германија Кристин Алтхаузер и Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.
Предвидено е овој проект да се спроведува во наредните две години, а основната негова цел е да се подобри квалитетот, ефикасноста и ефектите од услугите обезбедени од страна на Агенцијата за вработување, со цел намалување на стапката на невработеност и спречување на ризикот од невработеност.
„Сакам да ја истакнам досегашната поддршка преку ИПА за имплементација на одредени активни мерки за вработување како практикантство, обука за општи вештини и обука за дефицитарни занимања. Овие активни мерки за вработување се имплементираа во рамки на првиот директен грант на АВРМ во текот на 2010-2012 година, а со нив беа опфатени 10.743 невработени лица, од кои 5.300 лица се вклучија на пазарот на труд”, рече министерот Спасов.
Тој додаде дека и покрај постојните мерки за вработување, како што се поддршката на долгорочно невработени лица, ранливи групи и млади, Програмата за самовработување, практиканството и субвенционирано вработување, се јавува потребата и од поддршка и имплементација на нови активни мерки за вработување.
“Во таа насока поддршката преку ИПА проектите на политики за вработување, меѓу кои е и овој твининг проект, е од големо значење не само за имплементација на програмите и активните мерки за вработување, туку и да се подобрат механизмите за следење на ефектите од постојните мерки за вработување, како и дефинирање на нови мерки согласно со реалните потреби на локално и национално ниво”, нагласи Спасов.
Во рамки на активностите на овој твининг проект, предвидени се обуки за вработените од Агенцијата за вработување и социјалните партнери и размена на практики и искуства од Европската Унија во насока на подобрување на постојните мерки, но и креирање на нови, иновативни активни мерки за вработување.
“Во рамките на овој проект, ќе се направи истражување за досегашната имплементација на одредени активни мерки за вработување, односно за нивната целисходност и ефективност, што понатаму ќе ни послужи како основа за воведување на нови мерки за вработување, односно за продолжување на мерките кои досега дале најголем ефект“, истакна министерот за Труд и социјална политика кој додаде дека пред нас е и предизвикот за зајакнување на капацитетите на Агенцијата за вработување, капацитетите на националните и локалните актери вклучени во креирањето, имплементацијата и следењето на активните мерки за вработување./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

