Македонија
Со финаниска поддршка до нови технологии кај жените претприемачи
Министерот за економија Дритон Кучи, по скорешното доделување на Решенијата за исплата по Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за неколку мерки, меѓу кои и за мерката финансиска поддршка за женско претприемништво, денеска го посети модното ателје на Мила Кадриу – „M-Кутур“, како една од субвенционираните фирми, со цел да се запознае за начинот на искористување на финансиската поддршка од Министерството за економија.
Оваа мерка, со која се субвенционираат претпријатијата во сопственост и управувани од жени, преку кофинансирање на 60% од трошоците за набавка на опрема, уредување на деловен простор и грижа/чување на деца од предшколска возраст, но не повеќе од 120.000 денари по апликант, Министерството за економија ја реализира петта година по ред, а годинава беа предвидени средства во вкупен износ од 2.000.000 денари.
„По објавениот јавен повик пристигнаа 33 барања, кои беа разгледани од страна на Комисијата, според принципот ’прв дојден, прв услужен’, до исцрпување на средствата и притоа одобрени беа 23 барања, 13 беа одбиени поради неисполнување на условите од јавниот повик, а 3 барања не беа разгледани поради исцрпени средства. Значи, сите средства за оваа мерка се искористени“, рече Кучи.
Дизајнерката Мила Кадриу изрази задоволство од добиената субвенција, објаснувајќи дека ваквиот тип на поддршка им помага на жените – претприемачи да воведуваат нови технологии во процесот на своето работење.
„Субвенциите добиени од Министерството за економија во ’М-Кутур’ ќе ги искористиме за замена на старите машини со нови, а тоа значи и развој на нови технологии во процесот на производство. Потребни се повеќе вакви проекти за поддршка за женското претприемништво, бидејќи поддршката од институциите е секогаш добредојдена за да можеме да бидеме конкурентни и надвор од Македонија“, истакна Кадриу.
Министерот Кучи објасни дека за овие пет години со оваа мерка се субвенционирани вкупно 86 претпријатија во сопственост и управувани од жени, за што се потрошени 7 милиони денари, а оваа мерка е предвидена и за идната 2017 година. Тој додаде: „Воедно ќе продолжат и нашите напори за вклучување и на донаторската заедница, со цел јакнење на оваа поддршка како од аспект на видот на подршката, така и од финасиски аспект со цел зголемување на буџетот за оваа намена“.
Според статистичките податоци, во Македонија се активни околу 20 илјади деловни субјекти во сопственост на најмалку една жена, кои вработуваат над 50 илјади лица. Најголемиот дел од овие субјекти се во секторот Трговија на големо и мало (8.139) и преработувачката индустрија (1.835)./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

