Македонија
Со поквалитетно образование до поконкурентна работна сила
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја претстави „Еразмус плус“ програмата беше претставена во четвртокот пред бизнис заедницата во Битола. Компаниите членки на Стопанската комора на Македонија одржаа работилница на која имаа можност да се запознаат со потенцијалите на „Ерзмус плус“ програмата во насока на подобрување на квалитетот на работната сила и нејзината структура, што ќе придонесе за поголема конкурентност на македонските компании и поттикнување на економски раст.
Еден од врвните приоритети на „Еразмус плус“ програмата е создавање висококвалификувани кадри кои ќе одговорат на современите предизвици на економијата, особено во услови на глобализација. Поведени од позитивното искуство и досега постигнатите резултати, како и со цел да се зголеми вклученоста на бизнис заедницата во програмата Еразмус плус во текот на 2016 година, се организраат информативни работилници во Скопје и Битола, во соработка со стопанските комори во земјата.
„Ова е втора година во која Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организира работилници заедно со компаниите, а со цел вклучување на деловната заедница во програмата Еразмус плус. Она што е особено важно е да се нагласи дека во текот на 2015 година по организирањето на претходните работилници веќе имаме корисници компании од Р. Македонија во програмата ’Еразмус плус’. Компаниите членови на стопанските комори, ќе се запознаат со можностите кои ги нуди програмата ’Еразмус плус’, а се со цел збогатување и надоградба на вештините и компетенциите на кадарот, што е предуслов за поголема конкурентност на пазарот на труд”, истакна директорот на Националната агенција за европско образование и мобилност, Дарко Димитров.
Конкурсот за апцилирање за програмите што ги нуди „Еразмус плус“ за чија реализација Европската комисија стави на располагање 4,7 милиони евра е веќе во тек. Конкурсот е објавен на интернет страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Програмата „Еразмус плус“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања, обука и развивање професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот.
Програмата претставува комбинација од седум европски образовни програми, програми за обука и млади, и за прв пат во својата структура го додава спортот. Целта на „Еразмус плус 2014-2020“ програмата е зајакнување на вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието, обуката и младинската работа, како и обезбедување на можности за над 4 милиони Европјани да учат, да стекнат работно искуство и да волонтираат во странство./крај/мф/аш
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

