Македонија
Со помош на ЕБОР ќе се модернизираат централните и источните делови од патната мрежа во Македонија
Кредит во износ до 160 милиони евра одобри Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), компанија во сопственост на Република Македонија, која е надлежна за управување и одржување на државната и регионалната патна мрежа во државата, објавија во петокот од Банката
Кредит во износ до 160 милиони евра одобри Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), компанија во сопственост на Република Македонија, која е надлежна за управување и одржување на државната и регионалната патна мрежа во државата, објавија во петокот од Банката
„Гледаме потреба од развој на инфраструктурата во земјата, како еден од клучните приоритети на ЕБОР во Македонија. Големите инвестиции во транспортната инфраструктура се од големо значење за регионалната интеграција на земјата, кои се основа за промовирање на растот и просперитетот. Ни претставува задоволство да помогнеме да се прошири и подобри македонската патна инфраструктура, и со тоа да се зголеми стандардот во рамка со најдобрите практики“, рече Су Барет, директор на транспорт во ЕБОР.Кредитот ќе биде обезбеден со државна гаранција и ќе биде пласиран во две транши. Со тоа ЕБОР ја подобрува регионалната поврзаност на Западен Балкан, преку финансирање на изградбата и реконструкцијата на два дела од државните патишта во Македонија. Првата транша во износ од 74 милиони евра, ќе биде искористена за реконструкција на патниот правец меѓу Штип и Кочани, како и изградба на патниот дел меѓу селата во централниот дел од земјата, Раец и Дреново. Од 2001 година, ова претставува четврта инвестиција на ЕБОР во македонскиот патен сектор.„Ни претставува задоволство да развиваме силно долгорочно партнерство со ЕБОР. Приоритетно е да ги поврземе македонските региони преку националните и меѓународните конекции. Овој проект е од корист за жителите на Македонија и им помага да ја поттикнат трговијата и да создадат нови работни места,” рече Љупчо Георгиевски, генерален директор на Јавното претпријатие за државни патиштаКлучен елемент на инвестицијата е подобрување на безбедноста на патиштата. Покрај обезбедувањето подобри патишта, ќе се надгради и капацитетот и ќе бидат направени и ревизии на безбедноста на патната инфраструктура. Дополнителни финансирања се обезбедени и од Централната европска иницијатива.„Добро развиената и современа инфраструктура е критична во постигнувањето на одржливиот економски развој. Ова е витално за регионот на Западен Балкан, каде се во изградба новите патни врски, кои ги поврзуваат не само земјите во регионот, туку и останатиот дел од Европа, со тоа остварувајќи ги аспирациите да станат интегрален дел од Европа. Македонските државни патишта се главната конекција на регионалните економски центри и стратешките меѓународни гранични премини со Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија”, истакна Анка Јоана Јонеску, шеф на канцеларијата на ЕБОР во Скопје.ЕБОР започна со инвестирање во македонската економија во 1993 година. До денес во земјата, има потпишано над 90 проекти, со нето кумулативен бизнис волумен од над 1,2 милијарди евра./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

