Македонија
Социјалното претприемаштво кај младите може да се развива преку занаетите
Поголема афирмација и популаризација на занаетите и креирање на модели за нивна оддржливост е главната тема на денешната Конференција за поддршка на традиционалните занаети и социо-економските потенцијали во општините Чаир и Гнилане, што се одржува во Скопје.
Главен фокус на конференцијата се занаетите и нивното значење во современото општество и нивниот потенцијал во насока на развој на социјално претприемништво. Во рамките на конференцијата беше потенцирано значењето на Старата скопска чаршија како јадро на занаетчиската традиција, а истовремено беше ставен и акцент на важноста од креирање на модели кои ќе овозможат поголема популаризација на занаетите и современо брендирање на содржините што ги нуди Чаршијата. На конференцијата беа презентирани потенцијалите и тековните проекти за развој на традиционалните занаети во Старата Чаршија, како и искуствата од неколку успешни приказни од чаршијата. Во овој дел од конференцијата учествуваа претставник на златарницата „Џељо“, Пане Темов, сопственик на неколку локали меѓу кои и познатата пивница „Стар град“, претставник на „Пела Антик“, занаетчиски дуќан кој изработува сувенири за туристите и модниот креатор со интернационално искуство, Изет Цури. Конференцијата е во рамки на проектот за валоризација на традиционалните занаети и социјално економските потенцијали на општините Чаир и Гнилане, како дел од Програмата на Европската Унија за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Косово. „Старата скопска чаршија е срцето на општината Чаир и нејзиниот највитален дел и од економски и од духовен аспект. Тука се создаваат најважните економски активности во општината и што е уште поважно се пренесува на идните генерации една вековна традиција. Затоа поддршката на занаетите и поттикнувањето на младите да се занимаваат со одредени занаети останува наш приоритет“, истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Во рамките на овој проект општината Чаир подели 20 грантови по 2.000 евра поединечно, неповратни средства, за реновирање на фасадите и излозите. Поддршка на занаетите како традиционален симбол на претприемачкиот дух на овие простори е и еден од приоритетите на Министерството за економија на Р. Македонија. „Развојот на претприемачкиот дух особено кај младите е исклучително важен двигател во развојот на националната економија. Токму кај занаетчиите овој претприемачки дух е жив и ние преку разни програми даваме конкретна поддршка за нивен натамошен развој. Ги повикувам младите што повеќе да размислуваат за потенцијалот на занаетите и да се охрабрат и да почнат свој бизнис“, истакна Беким Незири, министер за економија на Р. Македонија. Проектот за поддршка на занаетите е поддржан од Европската унија во насока на поголема меѓугранична соработка. На конференцијата присуствуваше и претставник на делегацијата на Европската унија од Скопје, Јаромир Левицек и заменик – градоначалникот на Гнилане, Реџеп Кадриу. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

