Македонија
Ставрески: Новите и подобрени патишта ќе придонесат за економски развој на југоисточна Македонија
Европската банка за обнова и развој(ЕБОР) одобри кредит во висина од 64 милиони евра за модернизација на македонската национална патна мрежа.
„Со финансирањето на реконструкцијата на една од клучните национални патни рути А4, Банката ја подобрува оваа витална трговска конекција со соседна Бугарија, а со тоа и со Европската унија(ЕУ)“, соопштуваат од ЕБОР.
Кредитот е земен со суверена гаранција од државата и се реализира преку македонското Јавно претпријатие за државни патишта.
Како дел од патот А4, подобрениот патен правец ќе ги поврзе и новиот автопат Миладиновци-Штип.
„Горди сме што ја поддржуваме реформата во македонскиот патен сектор. Ова е наш шести проект што се темели на успехот на нашата претходна соработка со владата и ЈПДП. Веруваме дека ова инвестиција ќе одигра витална улога во подобрување на важните конекции со Македонија и со ЕУ“, изјави Сју Барет, директор за транспорт во ЕБОР.
„Оваа трансакција е значајна за регионот на Западен Балкан, бидејќи ги подобрува конекциите за транспорт и трговија со ЕУ, им помага на економиите да растат и ја подобрува меѓуграничната трговија. Веруваме дека постоечките бизниси, како и инвеститорите, ќе имаат корист од овој проект, бидејќи и со него значајно се зголемува активноста на регионите“, истакна Холгер Муент, директор за Западен Балкан на ЕБОР.
„Овој проект на Банката претставува континуиран придонес за подобрување на транспортната инфраструктура и ја истакнува нејзината посветеност за разрешување на клучните предизвици од транзицијата со кои се соочува земјата“, нагласи Анка Јонески, претставник на ЕБОР за Македонија.
„Со изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш, како и на другите проекти од патната инфраструктура кои ги реализираме во овој регион, ќе се овозможи од jуго-источна Македонија, до главниот град да се пристига за само еден час. Имаме доста амбициозна агенда за југо-источниот дел од Македонија, коja ќе придоне за негов економски развој”, истакна Зоран Ставрески, заменик претседател на македонската влада и министер за финансии. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

