Македонија
Ставрески: Развоен Буџет за 2016 година со раст на БДП од 4 отсто

Зголемување на парите наменети за капитални инвестиции, но и за зголемување на пензиите и социјалната помош, предвидува Владата со новиот Буџет за 2016 година, кој е проектиран на ниво од 2.875.000.000 евра.
Зголемување на парите наменети за капитални инвестиции, но и за зголемување на пензиите и социјалната помош, предвидува Владата со новиот Буџет за 2016 година, кој е проектиран на ниво од 2.875.000.000 евра.
„Нашите проекции се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 отсто оваа година на 3,2 проценти за следната година и второ, зголемување на средствата за капитални инвестиции, односно покачување на пензии и социјална помош за 5 отсто и значително зголемување на капиталните инвестиции со цел да се поттикне развојната компонента на Буџетот“, рече министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески, при претставувањето на Буџетот за 2016 година, кој Владата го донела на синоќешната седница.Според него, макроекономскиот амбиент којшто е проектиран за следната година вклучува пораст на бруто домашниот производ од вкупно 4 проценти и одржување на умерено ниво на инфлација од 2 проценти.„Македонската економија е жилава, а тоа покажува дека основните политики се добро поставени и дека може да се справи со одредени ризици и може добро да одговориме на тие ризици. Оттаму нема ни една причина да не веруваме дека растот од 4 проценти за следната година е реален, посебно имајќи предвид дека ќе продолжи политиката на поддршка на тој раст преку капителаните инвестиции и од аспект на приходната и расходната страна ќе обезбедиме доволно средства за ангажман на домашните фирми што се во градежништвото, но и 25 други гранки што работат со нив. Градежништвото заедно со индустријата и нето извозот ќе бидат носители на растот во 2016 година“, рече Ставрески.Вкупните приходи за следната година се планирани на ниво од 176.804.000.000 денари или речиси 2.875.000.000 евра , што е за 6 проценти повисоко отколку 2015 година или во пари 9.962.000.000 денари. Расходите се позиционирани на ниво од 195.788.000.000 или нешто повеќе од три милијарди евра, што е зголемување за 4,7 проценти во однос на 2015 година. „Ваквиот соодност, односно поголемиот раст на приходите, во однос на расходите ќе допринесе за намалување на буџетскиот дефицит до ниво од 3,2 проценти или во пари 18.984.000.000 денари“, рече Ставрески. Даночните приходи во Буџетот за 2016 година се планирани со раст од 6,5 отсто или да достигнат 101.531.000.000 денари, неданочните и капиталните приходи се предвидува дека ќе остварат 9.633.000.000 вкупен износ. Придонесите е планирано да се зголемат за 4,2 проценти и да достигнат ниво од 49.187.000.000 денари. На сопствените сметки буџетските корисници ќе остварат 15.553.000.000 денари. „На расходната страна се две значајни политики тоа е зголемување на пензиите за 5 отсто, коешто ќе се реализира од септемвриската пензија што ќе се исплати во октомври 2016 година. Тоа подразбира дополнителни средства за тие три месеци од 611 милиони денари, но тој ефект ќе се пренесе и врз буџетот за 2017 година. Социјалната помош ќе се зголеми за 5 проценти почнувајќи од јуни 2016 година, за што се потребни дополнителни 218 милиони денари“, рече Ставрески.За платите се предвидени 25.906 милиони денари, што е за 3,3 проценти повеќе од 2015 година. Кај стоките и услугите планирано е да изнесуваат нешто повеќе од 19 милијарди денари, при што се обезбедени и средства за изборите во април 2016 година. Трансферите се планирани на ниво од 119 милијарди денари, тука влегува зголемувањето на пензиите и социјалната помош, има значајно зголемување на парите за здравствена заштита, со цел да се подобрат здравствените услуги, 1.334.000.000 денари е зголемувањето. Зголемени се и трансферите за локалната самоуправа со цел да се поддржи рамномерниот регионален развој. Субвенциите за земјоделството ќе изнесуваат 141 милион евра. Кај капиталните расходи, нивото за 2016 година е планирано на 25.092.000.000 денари, што претставува зголемување од 12,9 отсто во однос на 2015 година, или речиси три милијарди повеќе за реализација на инфраструктурни проекти. Некои од најзначајните се Коридорот 10 кој треба да се заврши накрајот на 2016 година, за кој се наменети повеќе од 3,5 милијарди денари. За инвестиции во железничката инфраструктура наменети се над две милијарди денари. За гасификацијата се предвидени 408 милиони денари, за социјални станови наменети се 304 милиони денари, има зголемување кај парите за медицинска опрема или 197 милиони денари, за реконструкција и доградба на здравствени установи како клиниката во Штип и во Скопје, над милијарда денари. За клиничка болница Тетово и општата болница во Кичево и Чаир 126 милиони денари, инвестиции во основни и средни училишта, студенстски домови 839 милиони денари, инвестиции во универзитетите 903 милиони денари, за спортски објекти 409 милиони денари, речиси две милијарди денари за рурален развој, за реконструкција на затворите 265 милиони денари и друго./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Дурмиши: Преку мерката за зелени инвестиции отворени се речиси 400 работни места во приватниот сектор

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Сељатин Бељули, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, денеска го посети ресторанот „Ксантика“, кој е еден од успешните примери на зелени инвестиции и создавање нови работни места.
За време на посетата министерот истакна дека преку Мерката 8 – „Создавање нови работни места преку зелени инвестиции“, досега се отворени речиси 400 нови работни места во приватниот сектор.
„Досега 228 компании инвестираа во зелени решенија – фотонапонски панели, енергетска ефикасност и модерна опрема. Компаниите вложија над 200 милиони денари сопствени средства, што е повеќе од државната поддршка. Тоа покажува дека политиката на Владата не е само субвенција, туку катализатор за приватен капитал и за зелена економија,“ рече министерот Дурмиши.
Економија
УЈП: Инкасирани 2,3 милијарди денари или 37,4 милиони евра повеќе во буџетот споредбено со јули лани

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.
Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега.
По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.
„Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата“, велат од УЈП.
Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.
Економија
Потпишани договори за 828 проекти со 225 милиони евра преку капитални инвестиции

Со склучувањето на договорите за вториот повик од инструментот за капитални инвестиции, денес започнува нова фаза на големи вложувања во општините ширум Македонија, соопшти премиерот, Христијан Мицкоски.
Вкупната вредност на проектите изнесува 13,8 милијарди денари, односно околу 225 милиони евра, а се опфатени 828 проекти во различни области. Најголем дел од средствата, над 8 милијарди денари, ќе бидат инвестирани во инфраструктурата – патишта, мостови и локални врски.
Покрај тоа, во областа на животната средина ќе се реализираат 143 проекти со вкупна вредност од над 2,4 милијарди денари, кои се однесуваат на чиста вода, канализациски системи, управување со отпад и создавање нови паркови.
Во секторот образование, преку 48 проекти, ќе се инвестираат 1,6 милијарди денари за изградба и обнова на училишта и градинки, додека има и проекти поврзани со култура, спорт и социјална политика.
„Ова е најголемата инвестициска офанзива некогаш направена за општините, без партиски филтри и фаворизирања. Секоја општина што има проект добива поддршка,“ истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека со овие инвестиции се гради еднаквост и пристап до квалитетен живот за сите граѓани, без разлика на нивната локација, и најави дека нема да се дозволи запоставување на ниту еден регион.
Со склучените договори и веќе започнатите проекти, Мицкоски ја опиша оваа иницијатива како конкретен чекор кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во Македонија, која според него од хартија преминува во реалност.