Македонија
Светска банка: Македонија ќе го повтори економскиот раст
Економскиот раст во Македонија во 2016 година ќе достигне 3,7 отсто, проценува Светската банка што е иста стапка на раст остварена и лани.
Земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ6) во 2015 во просек е предвидено дека имале раст од 2,1 отсто. Овој раст е значително повисок од 0,3 проценти растот во 2014 година, кога регионот беше сериозно погоден од рекордните поплави, пишува во најновото соопштение на Светската банка. Сите шест земји од регионот сега е предвидено дека имаат позитивен раст на БДП, со предвиден раст во Косово и во Македонија од 3,6 и 3,7 отсто. За Србија, земјата која во 2014 година беше најмногу погодена од поплавите, растот изнесува 0,8 отсто, кој е повисок од првично предвидениот.Повисокиот раст во 2015 година создаде нови работни места во приватниот сектор, што е добредојдено, сметаат од Светската банка. „Новите работни места и пониската инфлација ги зголемија приходите на домаќинствата и ја намалија сиромаштијата. Во Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија, просечната стапка на сиромаштија се намали за 2 отсто меѓу 2013 и 2015 година, што значи дека околу 140,000 лица во овие четири земји излегле од сиромаштијата. И покрај зголемената економска активност и новите вработувања, кои конечно соодветствуваат со економскиот раст, просечната невработеност во регионот останува висока, со просек од 21,5 отсто“, пишува Светска банка.Според извештајот, забележителното заживување на инвестициите го поддржа економскиот раст, особено приватните инвестиции – и домашни и странски. Извозот, исто така помага во поттикнување на овој раст. Домашната потрошувачка, иако се’ уште важен економски двигател во регионот, беше надмината од овие два извори на раст во повеќето земји. Оваа промена од потрошувачка поттикната од дознаките, кон приватни инвестиции и извоз, покажува почетен напредок кон постепен, но потребен ребаланс на изворите на раст.„Охрабрувачки е да се видат првите знаци на промена кон инвестиции и раст предводен од извоз во земјите од ЈИЕ6. Овој ребаланс мора да биде одржлив на долг период преку продлабочување на економските реформи и враќање од падот на продуктивноста поради глобалната криза“, вели Елен Голдстин, регионален директор во Светска банка. Подобрување на продуктивноста останува клучна за поттикнување на растот во регионот, оценува Светската банка. Според извештајот, одржлив раст може да биде постигнат преку фокусирање на долгорочна агенда поставена на пет столба. Поточно, елиминирање на дестимулативните мерки и бариери за формално вработување, подобрување на бизнис климата и управувањето, намалување на големината на владата, истовремено подобрувајќи го квалитетот на услугите за граѓаните, продлабочување на трговијата и финансиската интеграција, и обезбедување на одржливо искористување на природните ресурси.Иако знаците од обновените инвестиции и раст се поволни, сепак остануваат значителни ризици што ги посочува Светската банка. Слабото закрепнување во Европа и во светот, поголемата надворешна нестабилност на финансиските пазари, и промените во цените на нафтата носат ризици за изгледите на регионот. Големиот дел на нефункционални кредити може исто така да го намали идниот кредитен раст. Одржлива имплементација на економски реформи ќе помогне во ублажување на овие ризици за закрепнувањето, пишува во Ивештајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

