Македонија
Туризмот ја зголемува и реалната потрошувачка
Претставниците на туристичките здруженија предложија да се направи покомплексна анализа на придобивките од растот на бројот на странски туристи, бидејќи ефектите од туризмот треба да се гледаат и од аспект на реалната потрошувачка на туристите кои доаѓаат во земјава, односно не само уплатените аранжмани или средствата за сместување, туку финансискиот ефект за останатите дејности, кој е барем три пати поголем од она што го покажуваа бројките.
Ова, беше порачано на средбата на министерот за економија Беким Незири со првите луѓе на здруженијата од туристичкото стопанство во Македонија и со директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Кристијан Џамбазовски.„Последните податоци говорат дека во првите шест месеци од 2015 година бележиме зголемување на бројот на туристи за 6,5 отсто, при што особено позитивно е што бројот на странски туристи е зголемен за 11,6 отсто. Тоа секако говори за пораст на посетеноста на Македонија од туристи од странство во текот на целата година, независно од сезоната, што не е случај со домашните туристи, кај кои имаме намалување од 2,9 отсто“, рече министерот Незири. Сепак, податоците за јуни се далеку под очекувањата, што претставува последица од политичките турбуленции што се случија.„Затоа ќе треба малку повеќе да се потрудиме за го достигнеме проектираниот раст од 10 отсто во текот на оваа година. Вкупниот туристички раст во јуни е само 1 отсто, а загрижува и податокот што бројот на странски туристи е намален за 2,5 отсто. За среќа, зголемување имаме кај домашните туристи, и тоа за 10,3 отсто, кога обично ги користиме предсезонските одмори. Добрата работа е што овојпат домашните туристи во поголем број се задржаа во нашите летувалишта, наместо да ги изберат странските дестинации“, рече министерот Незири.Девизниот нето прилив во првиот квартал годинава бележи намалување за разлика од истиот период лани и изнесува 12,83 милиони долари, наспрема 20,33 милиони долари.Директорот на АППТРМ, Џамбазовски, информираше дека преземените мерки за промоција, веднаш по новонастанатата ситуција, беа насочени токму во земјите од регионот, преку нашите дипломатски претставништва, и благодарение на нив продажбата на аранжманите, и на Македонија како дестинација, остана стабилна, односно падот беше амортизиран.Учесниците на овој работен состанок упатија и конкретни предлози во делот на дополнување и менување на законската регулатива, од типот на потреба за категоризирање на автобусите за превоз на патници, како и воведување на построги страндарди за хотелите и останатите сместувачки капацитети, вклучувајќи ги и угостителските објекти, а согласно тоа и построги услови за лиценцирањето на туристичките агенции, независно од сезоната. На средбата беше договорено сите туристички и угостителски здруженија да номинираат свои претставници за учество во една поширока работна група, со цел овие предлози да се канализираат во конкретни предлози за измени на законската регулатива, со што стопанствениците би имале подобра клима за работа и здрава конкурентска деловна средина, а туристичкиот раст би забележувал повисоки резултати и како бројка, но и како финансиски ефект врз економијата. „Посебно сум задоволен што сите сме свесни дека Македонија има поголем капацитет за развој на туризмот, наспрема тоа што го покажуваат резултатите и што имаме и волја и желба да стигнеме до нашата индикативна цел – до 2020 година учеството на туризмот да достигне 5 проценти во македонскиот БДП, кој во 2013 и 2014 година изнесуваше 2,3 проценти. Тоа е предвизвик за чие остварување имаме потенцијал“, истакна Незири по средбата со туристичките работници./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

