Македонија
ВИП постапка за регистрација на имот во Република Македонија
Агенцијата за катастар на недвижности од петок овозможи ВИП постапката за пренесување на една недвижност од едно на друго лице да се врши по електронски пат.
Постапката започнува од нотарот кој ќе им укаже на странките за можноста за ВИП постапката и доколку истите ја прифатат ќе ги упати на овластен проценител кој во рок од 3 дена ќе изготви процена на предметната недвижност потоа сите документи вклучувајќи ја и аконтативната даночна пријава по електронски пат проценителот ќе го достави до нотарот кој ја води постапката. Нотарот во рок од 2 дека ќе го солемизира договорот, ќе го плати данокот на промет на сметка на општината,ќдстави клаузула за платен аконтативен данок на промет и по електронски пат ќе ги достави сите документи во Агенцијата за катастар на недвижности која во рок од 1 ден ќеизврши регистрацијата на недвижноста и издаде имотен лист. Со ова постапката за регистрација на имот завршува а катастарот по електронски пат целокупната документација ќе ја проследи до надлежната општина која ќе ја провери процената и ќе донесе даночно решение. Ваквата постапка се одвива во 3 чекори и ќе трае вкупно 6 работни дена од започнувањето на процесот. „Вака поставената ВИП постапка очекуваме да има и големо влијание на новиот извештај на Светска банка Doing Business 2017 каде според анализите кои ги направи Агенцијата за катастар на недвижности би требало да имаме подобрување на рангирањето за најмалку 10 места, односно од сегашното 50 место кај индикаторот за регистрирање на имот Република Македонија би требало да се најде на најмалку на 40 место во светот во овој индикатор, а доколку оваа постапка стане доминантна при регистрирањето на имот во Република Македонија тогаш кај индикаторот регистрирање на имот ќе може да бидеме меѓу првите 10 земји во светот“, велат од Катастарот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

