Контакт

Македонија

Високиот ранг на Македонија на Дуинг бизнис листата е успех на секој граѓанин

Објавено пред

Цел на македонската Влада е подобрување на стандардот на граѓаните, создавање подобри услови за живот, а тоа што Македонија е рангирана на високото 12-то место на листата на Дуинг бизнис 2016 е успех на секој граѓанин, на секој поединец, порача премиерот Никола Груевски, при презентацијата на Извештајот.

dobivaj vesti na viber

„Ова признание ќе биде поттик и натаму Македонија да работи на подобрување на бизнис климата во земјата. Овој резултат е како со посветена работа и заеднички труд може да се постигне многу. Овој извештај е вреднување на тој труд, а спроведените реформи и конкретни чекори се првенствено спроведени за граѓаните. Нитуе една реформа не се реализира сама за себе, туку со одредена цел и одредена намена“, рече Груевски. Посочи дека од европските земји пред Македонија според Дуинг бизнис 2016, се само четирите скандинавски држави, Данска на 3 место, Шведска на 8, Норвешка на 9-то и Финска на 10-то и Велика Британија на 6-то место, што потврдува дека Македонија, не само што е лидер на земјите од регионот во Југоисточна Европа, туку е и меѓу лидерите во Европа и во светот.„Посветеноста кон работата, чесниот и искрен пристап, преземените реформи, и преземените  чекори, доведоа до нов значаен успех и одлична вест за Македонија. Република Македонија е на извонредното 12 место во светот, според добрата бизнис клима. Согласно Дуинг бизнис 2016 која е најреномиран меѓународен извештај кој ги мери условите за водење бизнис, Македонија е на 12 место, во конкурњнциј на 189 држави. Македонија е на шестото место во Европа за водење бизнис, каде економиите се најразвиени и каде земјите обрнуваат особено внимание на подобрување на бизнис климата“, рече Груевски.Според него, Македонија годинава, на листата на Дуинг бизнис се најде пред многу етаблирани економии и развиени земји како Канада,Австралија, Германија, Австрија, Франција, Холандија, Јапонија….„Македонија е рангирана пред 24 земји, членки на Европската унија. Македонија е далеку пред останатите земји од регионот, како што се Словенија, Романија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Турција, Србија, Грција, Косово, Босна и Херцеговина и Албанија’, рече Груевски.    Премиерот смета дека, иако овој резултат за многумина е изненадување, Владата верува во реформите кои ги спорведува во Македонија, при што се применуваат светските најдобри практики, кои се анализираат и се прилагодуваат на нашите услови.„При изработка на извештајот Меѓународната финансиска корпорација директно соработува и ангажира голем број домашни фирми и домашни  консултанти, кои согласно унифицирана методологија ги мерат состојбите на терен што само ја потврдува веродостоојноста и релевантноста на Извештајот“, рече Груевски.Македонија пред девет години според истиот овој извештај беше рангирана на 94-тото место, но стратешката определба на Владата за унапредување на бизнис климата како најдобар начин за обезбедување на оджлив економски раст, креирање на нови работни места и подобрување на животниот стандард придонесе земјата да направи крупен исчекор од 82 места, смета Груевски.  За да се постигне тоа, земјата работела на изградбата на современи институции, за што е донесена модерна регулатива и законодавство, намалена е бирократијата и поедноставени се административните процедури, а воведени се современи технологии за обезбедување на квалитни јавни услуги. Воспоставени се едношалтерски систем во Централниот регистер, во катастарот, во УЈП, во Царинската управа, преку кои граѓаните и фирмите полесно, побрзо и со многу помали торшоци аплицираат и ги добиваат услугите. „Извештјот е ценет помеѓу инвеститорите и го земаат како релевантен показател при носењето одлука каде да ги инвестираат своите средства. Праксата го потврдува тоа. Како што се подобрубва рангот на македонија на оваа листа се зголемува и бројот на странски инвестициски компании кои доаѓаат во земјава, отвораат фабрики, нови работни места и невработенсота во Македонија се намалува“, рече Груевски./крај/мф/бб

Извор: MIA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Поскап бензин од полноќ

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.

Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.

Прикажи повеќе...

Економија

Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“

Објавено пред

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.

„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“

Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:

„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.

На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија59 минути

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија2 часа

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија2 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија2 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија3 часа

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет4 часа

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет4 часа

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа4 часа

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија4 часа

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...

Македонија5 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено...

Македонија11 часа

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино,...

Македонија15 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија20 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија21 час

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија23 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија23 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ23 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија23 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...