Македонија
Владина делегација во економска посета на Њујорк
Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски од понеделник е во економска посета на Њујорк и повеќе други градови во САД.
Посетата започнува со бизнис форум во Њујорк кој ќе биде отворен од страна на премиерот Никола Груевски. Бизнис форумот ќе се реализира во соработка со групацијата „Фајненшл тајмс“ при што пред повеќе претставници на бизнис секторот од Њујорк и САД ќе бидат преставени инвестициските можности и потенцијали кои стојат на располагање за инвестирање во Македонија.
Њујорк е еден од најзначајните економски центри во светот и е глобално јадро на меѓународнииот бизнис и трговија. Њујорк е еден трите „командни центри“ во светската економија. Градот е центар на компании за финансии, осигурување, недвижен имот, прехранбена ндустрија.
Од друга страна, растот на индустриското производство во Македонија, поволностите кои се нудат во зоните, даночните олеснување и најниските даночни стапки во Европа, реформите во катастарот и постапката за брзо формирање на фирма, како и инвестициите на владата во капитални проекти како што се изградбата на три нови автопати, изградба и реконструкција на железницата, стимулирање на развојот на градежништвото се само еден мал дел од работите кои од владината делегација детално се очекува да бидат претставени на потенцијалните инвеститори. Тие ќе се запознаат и со напредните искуства на странските компании кои веќе инвестирале во државата како најдобра потврда за посветеноста во реализација на странски инвестиции и тенденцијата и заложбата на владата за отворање на нови работни места, соопшти владината прес-служба.
Се очекува премиерот Груевски пред и по бизнис форумот да има повеќе одделни работни средби со претставници на компании и странски инвеститори кои се заинтересирани за пренесување на својот капитал и негово инвестирање во Македонија. САД е една од водечките економии во светот и оттука е атрактивна за воспоставување на значајна економска соработка.
Владината делегација, во чиј состав се и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министрите без ресор задолжени за привлекување на странски инвестиции Веле Самак, Бил Павлевски и Џери Наумоф, како и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо, во наредните неколку денови освен Њујорк ќе посети и повеќе американски градови каде што на бизнис форуми ќе бидат преставени можностите за инвестирање и ќе бидат остварени контакти со инвеститори и претставници на компании од САД./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Забрзување на енергетската транзиција: Јасен план и координиран пристап – одржан состанок на JETIP Инвестициската платформа
Денеска се одржа четвртиот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP – Just Energy Transition Investment Platform), на кој клучните актери разговараа за напредокот во политиките, планирањето и регулаторните реформи што ја поддржуваат праведната енергетска транзиција на Северна Македонија.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, истакна дека во изминатиот период Министерството е фокусирано на зајакнување на политичките и планските основи неопходни за ефективна имплементација на Инвестициската платформа.
Во таа насока, подготвени се два Годишни планови за развој на енергетскиот сектор за 2025 и 2026 година, усогласени со приоритетите на праведната транзиција, кои обезбедуваат јасна краткорочна рамка за реализација на проектите и подготвеност за инвестиции.
Паралелно, Националниот план за енергија и клима ја заврши фазата на јавни консултации и влезе во завршна фаза на финализација. НЕПК ги обединува целите за декарбонизација, развојот на обновливите извори на енергија и потребите за флексибилност на енергетскиот систем, со посебен фокус на регионите погодени од транзицијата од јаглен. По неговото усвојување, Планот ќе претставува стабилна основа за јавните и приватните инвестициски одлуки.
На регулаторен план, во завршна фаза е и подготовката на Законот за обновливи извори на енергија, со чијштоo усвојување ќе се создадат услови за значително забрзување на инвестициите и исполнување на целите за декарбонизација.
Овие активности не претставуваат изолирани реформи, туку овозможувачки чекори за реализација на проектната рамка на Инвестициската платформа.
Владата уште еднаш ја потврди својата силна посветеност на праведната енергетска транзиција, поддржувајќи ја Инвестициската платформа како клучен механизам за координација, инвестиции и забрзана имплементација на реформите.

