Македонија
Владината делегација во Токио ги претстави поволностите за инвестирање во земјата
Премиерот Никола Груевски и владината делегација, присуствуваа и се обратија на бизнис форум во Токио, при што ги презентираа поволностите кои нашата земја ги нуди на странските инвеститори за отворање бизнис и нови работни места во Македонија.
Бизнис форумот беше организиран со групацијата Фајненшл Тајмс, и на него присуствуваа менаџери од над 60 компании, претежно од областа на автомобилската индустрија, роботиката, хемиската индустрија, енергетиката, како и претставници на инвестициски фондови.
Премиерот Груевски во своето обраќање истакна дека Македонија е земја која нуди најниски трошоци за правење бизнис во Европа, има најнизок даночен пакет, поволна и образована работна сила, прави голем дел на реформи во намалување на процедурите за бизнисмените и создава добра бизнис клима, и дека тој факт резултира во последно време со одлуки на голем број на компании да отворат капацитети во Македонија или да ги прошират постоечките. Тој ги повика јапонските бизнисмени добро да ги анализираат податоците и поволностите и да ја внесат Македонија во своите планови за ширење на капацитетите во Европа.
„Многу глобални компании дојдоа во Македонија и отворија нов бизнис, изградија капацитети и започнаа производство. Најголем дел дојдоа од САД, Велика Британија и Германија. Знам дека најголем дел од компаниите од Јапонија кои одат во Европа, одат во Германија или Велика Британија. Добра информација за вас е дека многу компании од Германија и Велика Британија доаѓаат во Македонија, па размислете за овој факт и посетете ја Македонија да се уверите во добрите услови за водење бизнис за кои зборувам“, истакна премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните.
Вицепремиерот Ставрески се осврна на поволните макроекономски податоци како параметар за креирање на предвидливо бизнис опкружување. Тој изрази и позитивни очекувања од презентацијата на поволностите.
„Имавме добра посетеност и очигледно од она што го слушнаа сметаат дека може да ја искористат Македонија како порта за европскиот пазар, да го пласираат својот бизнис во Македонија и оттаму да продаваат во Европа на пазар од 660 милиони потрошувачи“, изјави Ставрески.
Јапонските бизнисмени позитивно ја оценија презентацијата на македонскиот владин тим, а некои од нив изјавија дека ќе ја посетат Република Македонија.
Во август ќе предводам делегација од 10 бизнисмени во Македонија, ќе престојуваме една недела, и сакам да иницирам бизнис во Македонија, заинтересирани сме за медицинскиот туризам, изјави Јуро Нагакава, претседател на Јапонската бизнис асоцијација.
Присутните бизнисмени од Јапонија позитивно ги оценија и поволностите кои нашата земја ги овозможува за инвеститорите.
„Задоволен сум од она што го чув на презентацијата и после овој настан можам да кажам дека голем дел од присутните ќе се заинтересираат за Македонија. Данокот на добивка е 10 проценти и е многу компетитивен, а и Владата е фокусирана и поттикнува странски директни инвестиции“, изјави Хидејуки Такемура од јапонската компанија „Фуџикура Ентерпрајз“.
Економскиот дел од владината посета на земјите на азискиот исток продолжува со бизнис форум кој ќе се одржи во Сеул, главниот град на Република Кореа./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

