Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Капиталните инвестиции во 2014 г на рекордно ниво
СДСМ разбирливо и очекувано прозива за реализацијата на Буџетот 2014 година, по пофалбите на Светска банка и Европската банка за обнова и развој дека Македонија е економски лидер во регионот на Југоисточна Европа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, како Македонија го доби овој примат? За тоа заслужни се исправните економски политки кои се водат и кои се спроведуваат токму преку реализацијата на Буџетот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека капиталните инвестиции во 2014 година се на историски највисоко ниво досега и изнесуваат 28,2 милијарди денари.
Минатата година ќе остане историска за Република Македонија од аспект на инвестициите во инфраструктурата: 2014 година е посветена на крупни проекти како во патната така и во железничката инфраструктура. Во делот на патната инфраструктура, после неколку децении започнавме со изградба на 104 километри нова автопатска мрежа.
Започнавме со изградба на два нови модерни автопати. Едниот Гоце Делчев, автопат кој води од Скопје до Штип со должина од 47 километри и инвестиција од 206 милиони евра. Другиот автопат Мајка Тереза кој води од Кичево до Охрид претставува најголема инвестиција во последните 50 години. Изградбата на овој автопат е во висина од 374 милиони евра, а автопатот е долг 57 километри. Во 2014 се продолжи со изградба на новата автопатска делница Демир Капија –Смоквица со должина од 28 километри. Изградбата на oвие 3 автопатишта преставува изградба на 132 км. автопатска мрежа или 50% од постојната, стои во соопштението.
Во реакцијата се наведува дека минатата година се работело на изградбата и на пет регионални патни правци и еден експресен пат (Велес – Кадрифаково) со вкупна должина од 83,4 километри, а изградени се и 70 локални патни правци со вкупна должина од 125 километри.
„Во делот на железничката инфраструктура, започнавме со најкрупните проекти до сега кои значат комплетно поврзување кон Албанија и Бугарија. Започна изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце, првата од трите делници за железничкото поврзување кон Бугарија. За втората делница од Бељаковце до Крива Паланка лани обезбедивме заем од ЕБОР од 145 милиони евра. После 33 години се започна со реконструкција на Железничката станица во Скопје“, стои во рекацијата.
Во соопштението се нагласува дека имало и други инфраструктурните проекти кои се реализираа минатата година –на училишта, на градинки, културни домови, библиотеки, водоводи, канализациони мрежи, пречистителни станици и други капитални проекти.
Претходно СДСМ преку соопшение наведе дека Македонија во минатата година сотварила рекорден буџески дефицит./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

