Контакт

Македонија

Во Македонија просечната нето плата е 22.460 денари

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Просечната месечна нето плата во октомври 2016-та година во Македонија изнесувала 22.460 денари или 365 евра, и е за 1,1 отсто поголема во споредба со истиот месец минатата година, според податоците на Државниот завод за статистика.

 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (6,5 отсто), административни и помошни услужни дејности (5,8 проценти) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5,7отсто).

 

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: административни и помошни услужни дејности (4,5 отсто), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,2 проценти) и рударство и вадење на камен (3,6 отсто). Во октомври плата во Македонија не примиле 1,1 отсто од вработените./крај/мф/дѓс

 

Економија

Ангеловска-Бежоска – Ли: Народната банка спроведе успешни политики за справување со инфлацијата

Објавено пред

Народната банка успешно се справи со шоковите во изминатите години, намалувајќи ја инфлацијата, додека силната регулативна рамка и кредибилноста на централната банка придонесоа за задржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата на заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со македонската делегација во чиј состав се гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Емилија Нацевска.

dobivaj vesti na viber

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека мерките што ги презеде Народната банка, заедно со намалувањето на цените на примарните производи на светските берзи, придонесоа за намалување на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,6 отсто во септември. Се очекува дека просечната стапка на инфлација во 2024 година ќе биде блиску до проекциите на Народната банка од 3,5%. Ова е слична слика со последните прогнози на ММФ, коишто покажуваат просечна инфлација во 2024 година од 3,3%.

„Со помош на обемниот сет на мерки што ги презема централната банка преку интервенции на девизниот пазар, каматните стапки и задолжителната резерва, како и со макропрудентните мерки, успеавме да се справиме со инфлацијата и да ја зајакнеме стабилноста на банкарскиот систем. Од една страна, се спречи прекумерното задолжување на граѓаните и компаниите, а од друга се зајакна довербата во домашната валута. Овие мерки придонесоа и за зацврстување на билансите на банките, што е основа за задржување на стабилноста и создавање простор за справување со можните неповолни промени“, истакна Ангеловска-Бежоска.

На средбата со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, беше истакната улогата на одржувањето на високото ниво на кредибилитет во работењето и независноста на Народната банка, како едни од најважните фактори коишто придонесоа за успешно остварување на целите и макроекономската стабилност во изминатите години во текот на неколку последователни кризи. Според анализата во ММФ, Народната банка е меѓу највисоко рангираните во регионот и цела Европа според новоизработениот индекс на независноста на централните банки. Независноста на Народната банка, придружена од транспарентноста и отчетноста, ѝ овозможува на централната банка високо ниво на доверба од страна на јавноста. За јакнење на своите практики во поглед на транспарентноста во работењето, Народната банка зеде учество во пилот-проектот за оцена на усогласеноста со новиот Кодекс на ММФ за транспарентноста на централните банки на ММФ, како прва централна банка во регионот.

Прикажи повеќе...

Економија

УЈП: Размената на податоци со Централниот регистар е клучна за бизнис опкружувањето

Објавено пред

Долги години наназад постапката за регистрација на даночен обврзник и доделување на даночен идентификационен број е дел од постапката за регистрација на трговско друштво во Трговскиот регистар – едношалтерски систем, што овозможи скратување на времето за регистрација и отпочнување на бизнис, велат од Управата за јавни приходи.

dobivaj vesti na viber

На неодамнешниот, работен состанок помеѓу директорките на УЈП Елена Петрова и Анита Стамнова и претставници од двете институции се разледаа и разговараа можностите за понатамошно поедноставување на постапките и унапредување на сервисите за размена на податоци и документи, особено: во рамки на новиот Регистар на иматели на сметки кој ќе го води Централниот регистар, за запишување на странци како основачи и управители на компании во Централниот регистар, доставување по службена должност на уверенија за платени даноци од УЈП во постапка за пренос на удел во Централен регистар, бришење на неактивни субјекти по службена должност во Централен регистар по претходна проверка во Управата за јавни приходи.

Од УЈП велат дека двете институции се посветени на унапредување на процесите и системите со цел поефикасно извршување на своите надлежности и подобра клима за работа на компаниите.

Прикажи повеќе...

Економија

Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година над 3,5 отсто, се темели на инвестиции

Објавено пред

Растот на македонската економија според проекциите на Министерството за финансии за оваа година е 2,1%, а за наредната и повеќе од 3,5 %, додека буџетскиот дефицит 4%. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Гласот на Америка во Вашингтон, каде учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

dobivaj vesti na viber

„Го менуваме комплетно економскиот концепт во насока на тоа дека ќе поддржуваме инвестиции, а не потрошувачка. Во тек е оној голем проект којшто го најавивме за општините. Повикот е во тек така што тука ќе има голема реализација. Исто така, 250 милиони евра поддршка за приватниот сектор. Значи очекуваме дека дефинитивно ќе ги оствариме оние стапки на раст коишто ние како Министерство за финансии ги проектираме, а тоа е 2,1% до крајот на годината и за следната година ќе видиме ама ќе биде повеќе од 3,5 проценти„, рече министерката осврнувајќи се на проекциите на Светска банка, кои како што вели се логични ако се земат предвид претпоставките што ги користи СБ, а тоа е она што остана до претходната Влада, слаби резултати и низок раст на БДП.

Во однос на буџетскиот дефицит, во интервјуто наведува дека преку ноќ не може да се постигнат фискалните правила за буџетскиот дефицит до 3% од БДП и јавен долг до 60% и дека е потребно време за да се консолидира.

„Следната година е планиран буџетскиот дефицит на 4%, потоа следната на 3,5% и да стигнеме до 3%, односно до комплетна консолидација. Она што е најважно барем во овој момент по мене, а тоа е корупцијата и мислам дека тука барем како министер за финансии, којшто е одговорен за дел од институции коишто треба, исто така, да внимаваат многу, барем во делот на сивата економија, би рекла дека тука веќе немаме компромис и силно се бориме против корупцијата и криминалот и во тој дел очекувам позитивни резултати во периодот којшто следи“, рече министерката за финансии.

Во интервјуто се осврна и на заемот од унгарската Експорт импорт банка, за што истакна дека станува збор за заем планиран од претходната Влада којшто се реализираше со кредит под поволни услови наместо со еврообврзница.

„Секое ново задолжување нормално дека дава негативни ефекти. Меѓутоа, ние зборуваме за кредит којшто беше планиран од претходната Влада, само не земавме еврообврзница, тука напротив, би кажала како министер за финансии и како Влада, може да бидеме горди што успеавме да обезбедиме кредит под многу поволни услови, со многу ниска провизија во однос да речеме, да носевме одлука за издавање еврообврзница, а при тоа парите се од европска држава. Јас навистина не гледам ништо спорно, напротив успехот од тоа што постигнавме со 3,25% каматна стапка, мислам дека некој се труди да го преврти во друга насока и да каже дека еве сега да не дефокусираат тоа што е најважното, а тоа дека ги заштедивме граѓаните на државата, а што направивме позајмивме нешто што и претходно беше планирано само многу поскапо“, посочи министерката за финансии и додаде дека неоправдано ќе беше да се задолжуваме со каматна стапка од над 6%.

Таа наведе дека парите се наменети за инвестиции во приватниот сектор и поддршка на општините за инфраструктурни проекти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 часа

Три години по пописот, Реџепи побара Уставен да ја укине поделбата на резиденти и нерезиденти: сега се чувствува штетата од таквата одлука

Укинување на поделбата на резидентно и нерезидентно население направена со пописот од 2021 година побара денес пратеникот на коалицијата „Европски...

Македонија18 часа

Царинската управа: Запленети 109 кг режен тутун, цигари, облека од познати модни брендови

Режен тутун во вкупна количина од 109,5 килограми е запленет од страна на мобилен тим во координација со СВР Битола...

Македонија18 часа

(Видео) Бочварски: Ниту бил непотребен ниту криминален, ДПМНЕ неосновано ја обвинуваше СДСМ за изградба на коридорите

После само четири месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ станува јасно дека се она што говореше во опозиција биле празни флоскули,...

Македонија19 часа

Речиси 60 компании под истрага: злоупотребиле пари за фантомски проекти, 3,2 милиони евра не се вратени во државниот буџет, објави директорот на Фондот за иновации

Во изминатиот период се откриени сериозни неправилности во работата на Фондот за иновации и технолошки развој. Речиси 60 компании не...

Топ19 часа

Загина возач на трактор во Струмичко, се судрил со „сеат“

Вчера во 09.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-с.Баница-с.Вељуса, поточно во село Баница, струмичко...

Македонија20 часа

(Видео) Еден ден сите ќе заминеме од овој свет и нема да има зголемување на платите на функционерите, тоа е сигурно, рече Мицкоски

Едно е сигурно, покрај една друга работа што во животот треба да се случи, а тоа е дека нема да...

Македонија20 часа

Трајановски да не штити никого, скандалите во ЈПДП треба да ги истражи Јавното обвинителството, бара СДСМ

„Откако СДСМ го објави скандалот во ЈПДП во којшто на незаконски начин е дозволено поминување на 40 возила Коце Трајановски...

Регион22 часа

Извештај на Европската комисија: Во прашање е стратегиската насока на Србија

Србија не воведе санкции против Русија, одржуваше односи на високо ниво со таа земја и ги интензивираше односите со Кина,...

Македонија23 часа

ДОМ: Владата да не го одолжува чистењето на линданот

ДОМ – Демократска обнова на Македонија изразува загриженост за пролонгирањето на расчистувањето на малата депонија со НСН изомери во поранешната...

Свет23 часа

Една недела до изборите, мртва трка меѓу Харис и Трамп: „Ова е како фрлање паричка“

Камала Харис и Доналд Трамп влегуваат во последната недела од најдраматичната и најполаризирачка трка за Белата куќа во модерната историја....

Македонија23 часа

„Сè што кажа – Мицкски излажа, и договорот со „Бехтел и Енка“ му стана историски најдобар“, велат од СДСМ

„Сè што кажа Христијан Мицкоски, секое негово ветување додека беше во опозиција се покажа како голема лага и измама. Граѓаните...

Свет1 ден

„Фајненшл тајмс“: Ова е планот на Трамп да стави крај на војната во Украина

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп планира да стави крај на војната во Украина со „замрзнување“ на конфликтот доколку победи на...

Свет1 ден

(Видео) Заменик на шерифот во Калифорнија спасил дете од автомобил секунди пред да удри возот

Заменик на шерифот Мајкл Кастанеда во округот Сан Бернардино, Калифорнија, неодамна доби награда за храброст за спасување на дете од...

Свет1 ден

Гутереш: Нема алтернатива за агенцијата што им помага на палестинските бегалци

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека спроведувањето на законот со кој ќе се забрани на агенцијата на...

Свет1 ден

Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка го осудија израелскиот закон против ОН

Владите на Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка ја осудија одлуката на Израел да ја забрани работата на агенцијата на ОН...

Свет1 ден

Зеленски: Украина ќе биде принудена да се бори против Северна Кореја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде принудена да се бори против севернокорејските војници доколку влезат во конфликтот....

Македонија2 дена

Пожарот во хотелот во Берово зафати 200 квадрати – летната тераса пеплосана, најверојатно огнот се раширил од скарата

Скарата на ќумур, најверојатно, го предизвикала пожарот што синоќа го зафати хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Kомандирот на противпожарната бригада,...

Македонија2 дена

Тензијата на Ахмети со писмата е политички популизам, „Европскиот фронт“ се раслојува, вели Минчев

Не постои опасност за нарушување на безбедноста на државата на која укажува ДУИ по укинувањето на балансерот за вработување во...

Македонија2 дена

Мицкоски: Како Влада продолжуваме посветено да работиме на реализација на коридорите 8 и 10

„Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска...

Топ2 дена

Две деца од Кочани и Куманово тешко се повредиле кога, возејќи мопеди, се судриле со автомобили

МВР соопшти за две одделни сообраќајни незгоди што се случиле вчера, а во кои учесници биле деца на мопеди. До...